Пендаровски: Нема најава дека Бугарија ќе не блокира за преговори со ЕУ

Нема никаква најава ниту од релевантен фактор од соседна Бугарија, дали е тоа претседател, дали е Владата, надлежните министри.

Нема најави од бугарскиот државен врв дека ќе го блокираат доделувањето датум за отпочнување преговори со ЕУ, изјави претседателот Стево Пендаровски, одговорајќи на новинарско прашање на денешната зедничка прес-конференција со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вила „Водно".

Според него, бугарскиот државен врв на одржаниот состанок во понеделникот најави поставување барања кои би биле врамени како нивни бенчмаркови во понатамошниот тек на преговорите.

– Нема никаква најава ниту од релевантен фактор од соседна Бугарија, дали е тоа претседател, дали е Владата, надлежните министри, дека Бугарија сега ќе не блокира во средината на овој месец кога чекаме да добиеме датум за преговори, кога ја очекуваме европската одлука на 15 или на 17 октомври. Како понатаму, не само Бугарија, туку можеби и Грција низ понатамошната имплементација на Преспанскиот договор, ќе се однесува во текот на преговорите кои траат со години, во тој долг процес, ќе видиме. Допрва ќе прочитаме и чуеме тоа што го најавуваат како преговарачка рамка за ова прашање, но повторувам тоа е за понатамошниот период кога ќе почнеме да преговараме, се надеваме од почетокот на 2020 година, рече претседателот Пендаровски.

Тој додаде дека во оној момент кога ќе ја видиме преговарачката позиција ќе може да кажеме како ние ќе одговориме на тоа.

– Ние не можеме на хипотетска преговарачка рамка да антиципираме што може тие да бараат од нас. Таа е реалноста во ЕУ, тие што се внатре бараат или поставуваат услови за оние што се надвор. Тоа може да дојде и низ заедничката европска позиција. Секоја од земјите членки дава импут, тоа што мисли дека е нејзин национален интерес и тоа на крај нам ни се претставува како кандидат како позиција на ЕУ, рече Пендаровски.

САД ја прекина пратката од 3.500 бомби за Израел пред офанзивата во Рафа

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја суспендираше испораката на околу 3.500 бомби за Израел минатата недела поради загриженост за потенцијална копнена офанзива на Рафа.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја суспендираше испораката на околу 3.500 бомби за Израел минатата недела поради загриженост за потенцијална копнена офанзива на Рафа, јавува денеска Асошиејтед прес, цитирајќи неименуван претставник од администрацијата.

Овој функционер појасни дека не е донесена конечна одлука за испораката на бомбите и дека во суспендираната пратка имало 1.800 бомби со тежина од по 900 килограми и 1.700 бомби со тежина од 226 килограми.

„Бидејќи се чинеше дека израелските лидери се блиску до одлука минатиот месец за таква операција, почнавме внимателно да ги разгледуваме предложените трансфери на одредено оружје во Израел што би можело да се користи во Рафа“, рече официјалниот претставник.

Израелскиот воен кабинет во понеделникот одлучи да ја спроведе планираната операција во Рафа за „да изврши воен притисок врз Хамас“, и покрај претходното соопштение на Хамас дека палестинската милитантна група се согласила со египетско-катарски предлог за прекин на огнот.

Израелскиот кабинет објави дека целта на „операцијата“ во Рафа е да се постигне напредок во ослободувањето на заложниците, како и други воени цели.

ДИК: На претседателските избори излезноста до 15 часот е 33,73%, а на парламентарните 37,44%

До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од  2271 избирачки места. 

ДИК: На претседателските избори излезноста до 15 часот е 33,73%

До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки места. Од вкупно запишани 1.172.912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 односно 33.73 %.

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Новаци, со 52.32 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3.60 %.

Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.39% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.84%.

До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2136 избирачки места. Од вкупно запишани 1.113.441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416.915 односно 37.44%.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Крива Паланка, со 58.18 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Центар Жупа, со 13.74 %.

Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 5.66 % на овие избори.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:

Изборна единица 1 42.31 %

Изборна единица 2 36.69 %

Изборна единица 3 41.02 %

Изборна единица 4 36.88 %

Изборна единица 5 35.95 %

Изборна Единица 6 29.14 %

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 405 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 176 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 18 приговори се отфрлени како неуредни, а 58 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

Овој изборен ден го набљудуваат 1303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.

Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.

Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

Државна Изборна Комисија

Оклопни возила на улиците на Малме за пробата на израелската претставничка на Евровизија

Денеска учесниците на Изборот за песна на Евровизија 2024 имаат генерална проба за настапот на втората полуфинална вечер утре, 9 мај.

Меѓу нив е и Еден Голан, претставничката на Израел, поради што безбедносните мерки околу арената во Малме каде се одржува пробата се такви што не е пријатно да се биде во нивна близина.

Има оклопни возила, полициски возила, полицајци во полна опрема, како и полиција во цивилна облека.

Интересот на медиумите е огромен, па денеска ги има многу повеќе отколку на пробата на учесниците кои настапија во текот на првата полуфинална вечер.

притисни ентер