Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг
1Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг
Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
МакедонијаПендаровски нема да потпише указ за 60-часовна работна неделаАко пратениците изгласаат закон со кој работната недела ќе се зголеми на 60 часа, претседателот Пендаровски нема да го потпише указот.Иако вели дека ќе ги чека сите финални решенија од Собранието поврзани со автопатите, за него се неприфатливи измените на законот кои сега ги предлагаат пратениците од власта, а предвидуваат прекувремена работа повеќе од осум часа дневно. Причина за ваквиот став, Пендаровски вели дека е одлуката на уставните судии кои претходно се изјаснија против 60 работни часа. Претседателот кажа дека не го видел договорот со Бехтел и Енка, но е направена делумна декласификација за пратениците кои имаат безбедносни сертификати и сакаат да го разгледаат. Но, се додека нема детална анализа на сите тајни документи, од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да закажуваат комисиски седници. По барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ прво да го добијат договорот, па по неколку дена да расправаат на затворена седница, од владејачката СДСМ одговорија дека законот тоа го забранува. Велат дека има само една опција – договорот да го разгледаат на самата седница, без можност да си го земат со себе. За обвинувањата дека пратеници од ДУИ без безбедносни серфитикати веќе го добиле договорот со Бехтел и Енка, вицепремиерот Артан Груби за Канал 5 одговори дека тоа е тотална лага и тврди дека ниту еден пратеник, ниту собранискиот спикер, досега немал увид во договорот. ВМРО-ДПМНЕ со сосема спротивно тврдење- дека вкупно 22ца од мнозинството го добиле на рака договорот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
СветТрамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен ХуангАмериканскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, и наводна кинеска шпионка.Трамп откри дека лично разговарал со Хуанг, кој му рекол дека немал сознанија оти жената била шпионка. Американскиот претседател изјави дека му верува.според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки служби веруваат дека Алис Хуанг, позната и како Хуанг Ле, работела за Пекинг. Весникот објави дека државниот секретар Марко Рубио уште минатата пролет испратил предупредување до високи американски функционери за наводните блиски врски меѓу жената и Хуанг. Алис Хуанг била директорка на сингапурската компанија „Мегаспид“, која имала деловни зделки со „Нвидиа“.Компанијата веќе нарачала независна истрага и тврди дека нема индикации дека се компромитирани нејзините деловни тајни или националната безбедност на САД. Пекинг ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како неосновани и шпекулативни.аферата се одрази и врз берзата. Акциите на „Нвидиа“ паднаа за повеќе од четири проценти, а пазарната вредност на компанијата се намали за околу 250 милијарди долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАГолден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87„Вориорс“ победија со 51 поен разлика! Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 . Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава. Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма. Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата. Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени. Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции. Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени. Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“. Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.Тагови: НБА Стеф Кари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија отвора нова амбасада во ЛитванијаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во работна посета на Литванија, каде што свечено ќе ја отвори новата амбасада на Македонија во главниот град Вилнус.Отворањето на амбасадата е чекор кон зајакнување на дипломатското присуство на Македонија во Балтичкиот регион и продлабочување на билатералната соработка со Литванија. Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари средба со литванскиот министер за надворешни работи Кештудис Будрис. На средбата ќе се разговара за политичките односи, економската соработка, евроинтеграциите и актуелните безбедносни предизвици.Посетата се реализира во пресрет на литванското преземање на претседавањето со Советот на Европската унија во првата половина на 2027 година, период кој се очекува да биде значаен и за политиката на проширување на унијата.Тагови: Литванија МНР Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook