Четири дена без храна и вода- мачорот Исак е пронајден жив по уривањето на зградата во Њујорк (ВИДЕО)
2Четири дена без храна и вода- мачорот Исак е пронајден жив по уривањето на зградата во Њујорк (ВИДЕО)
МакедонијаПендаровски на форумот „Сиромаштијата на децата во Македонија-примањата не се единствен фактор“Претседателот Стево Пендаровски се обрати на форумот за политики „Сиромаштијата на децата во Македонија - примањата не се единствен фактор".Форумот се одржа вечерва во организација на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Република Македонија и Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк". Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски: „Почитувана г-ѓа Ди Џовани, Почитувани присутни, Дами и господа, Денеска сме собрани за да отвориме една многу важна и, за жал, актуелна тема. Детската сиромаштија е дел од она што американскиот филозоф, Волтерсторф симболично го нарекува квартет на ранливите, а во кој ги вбројува самохраните мајки, децата без родители, мигрантите и сиромашните. Овие категории диспропорционално го чувствуваат ударот на секоја криза, вклучително и комбинираните ефекти на тековната здравствена, економска и енергетска криза. Универзалната декларација за човековите права, како и Декларацијата и Конвенцијата за правата на детето недвосмислено ни укажуваат дека најранливи членови на секое општество се токму децата кои, поради нивната возраст, имаат потреба од посебна грижа и помош. Децата се особено изложени на ризикот од сиромаштија. Иако нашата држава успеа во изминативе години да ја намали екстремната сиромаштија, сепак, сеуште сме далеку од целта. Во 2019 година, пред почетокот на пандемијата, детската сиромаштија претставувала речиси 28% од вкупната сиромаштија во државата. Повеќе од 8% деца до 5 години и речиси 12% деца меѓу 5 и 17 години се соочуваат со сиромаштија. Податокот дека речиси секое трето сиромашно дете до петгодишна возраст е од ромската заедница зборува дека една од причините за сиромаштијата е и дискриминацијата. Понекогаш, оваа загрижувачка статистика, наместо да шокира може да ги деперсонализира децата и да ги сведе на бројка. Затоа, кога ги гледаме овие статистики не смееме да изгубиме од предвид дека зад секоја бројка стои конкретно дете коешто живее меѓу нас. Ќе наведам само неколку примери: со екстремна форма на исклученост се соочуваат децата кои своевремено не биле впишани во матичната книга на родени поради што се практично невидливи за институциите на државата и се лишени дури и од основната социјална заштита. Или, можеме да зборуваме за децата кои во услови на пандемија не беа во можност да следат онлајн настава поради тоа што немаат компјутер или пристап до интернет. Да не заборавиме за децата без родители кои честопати се оставени на милост и немилост на општеството или децата кои питачат по улиците за да преживеат. Како најдлабока форма на социјална неправда, детската сиромаштија е скандал за секое демократско општество. Почитувани присутни, Сиромаштијата за која денеска зборуваме не е само материјална, туку е и повеќедимензионална. Таа опфаќа недостаток на сигурност, грижа и љубов, топол дом со пристап до вода и санитетски услови, здравствена заштита, особено во раниот детски развој. Сиромашните не се лишени само од финансиски средства, туку и од можноста да живеат достоинствен живот, без да зависат од помошта на другите, вклучително и од помошта од државата. А, тоа честопати ја поткопува нивната самопочит. Детската сиромаштија е и трансгенерациски феномен, нееднаквоста најчесто се зголемува со секоја наредна генерација. Децата од раѓање се заробени во циклус на сиромаштија и, доколку се оставени сами на себе, без помош од државата, граѓанските организации или совесни поединци, голема е веројатноста дека ќе останат сиромашни. Притоа, клучна улога има образованието на нивните родители или старатели. Колку се пообразувани, толку е поголема веројатноста дека децата ќе бидат заштитени од сиромаштијата, и обратно. Во дигиталнава ера имаме и нови, дигитални форми на нееднаквост што дополнително ги спречуваат децата да се вклучат во процесите на образовна и професионална изградба. Оваа социјална неправда е важна и поради еден друг аспект. Според психолозите, токму во детството, се формираат основите на човековата личност, карактерот, навиките, светогледот. Многу од одлуките што децата ги носат, суштински влијаат врз нивниот животен тек. Можеме само да замислиме какви одлуки секојдневно носат децата кои гладуваат, кои живеат во нестабилни семејства, со ограничен пристап до образованието, изложени на прикриена или отворена дискриминација и експлоатација. Ценети присутни, Не можеме да кажеме дека живееме во слободно и праведно општество се додека има деца кои живеат во сиромаштија. Оттука прашањето на детската сиромаштија е пред се морално и етичко прашање. Нам не ни треба некаква апстрактна етика втемелена врз нејасни концепти, туку конкретна етика што подразбира практични чекори и политики кои водат кон системски и структурни промени што ќе создадат услови за издигнување на децата од зоната на сиромаштија и нивно рамноправно вклучување во општеството. Солидарноста кон ранливите е многу повеќе од чин на великодушност. Солидарноста подразбира борба против структурните причини за сиромаштијата и нееднаквоста. Благодарни сме на Обединетите нации и на канцеларијата на УНИЦЕФ што ни помагаат на тој пат. По едно вакво темелно истражување спроведено во партнерство со Finance Think, а земајќи ги предвид и насоките од Оксфордската иницијатива за сиромаштија и човеков развој, ние политичарите немаме апсолутно никаков изговор за игнорирање на ова сериозно прашање. При разгледувањето на секоја економска, социјална, но, и образовна политика, почнувајќи од даноците па се до социјалната помош, мора да водиме сметка како таа ќе влијае врз најранливите. Притоа, мора да бидеме свесни дека искоренувањето на детската сиромаштија е постојана борба што треба секојдневно да ја водиме. Драги пријатели, Нема порелевантно мерило за карактерот на едно општество од односот кон неговите најранливи членови. Ако тука не забележиме прогрес, ќе бидеме не само одговорни туку, би рекол, и виновни, за цели генерации со изневерени очекувања. Денешните деца се утрешните наши родители и роднини, работодавачи и работници, граѓански активисти, уметници, спортисти, учители. Борејќи се за нивното среќно детство, всушност, ние се бориме за наша, заедничка, поубава иднина. Ви благодарам. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноКрилесто чудовиште се појави на небото над Мексико- луѓе веруваат дека е праисториски предатор (ВИДЕО)Невообичаен летачки објект кој личи на „медуза“ и суштество „слично на птеродактил“ – летачки влекачи од ерата на диносаурусите – го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи во последниве денови.На интернет се појавуваат сè повеќе снимки за кои некои веруваат дека прикажуваат „непознати суштества“ или „летачки објекти“ на небото над различни делови од светот. Сепак, нивната автентичност не е потврдена и досега нема сигурни докази дека е снимено нешто „непознато“. Alleged pterodactyl filmed in Mexico A large dark-winged creature flapping across the daytime sky over Mexico recently went viral on TikTok Many now claim it's a flying dinosaur, though local officials dismissed the claims, saying it's likely a large bird https://t.co/xYVNOvFPZw — RT (@RT_com) November 16, 2026 Откако Сара Џејн Осборн снимала НЛО на небото над Алјаска кое изгледа како „медуза“, сега има вирално видео од Мексико кое прикажува суштество кое изгледа како „праисториски птеродактил“. „Заборавете го НЛО слично на медуза, птеродактил се појави во Мексико“, напиша еден корисник на платформата X, заедно со видео од наводното „суштество“. Снимката покажува „голема, темна силуета со раширени крилја“, наводно снимена во близина на далноводи, дрвја, градски светла и планина што доминира во позадината. Сепак, врз основа на вакви слики, тешко е да се утврди за каков феномен всушност станува збор, објавува WIO News. ¿Acaso criatura recientemente grabada en el Valle de Juárez, es evidencia de que ahí se encuentra un portal dimensional? https://t.co/8nXKKkannU — Jaime Maussan (@jaimemaussan1) November 11, 2026 Објавата на истражувачкиот новинар Хаиме Масан привлече посебно внимание, кој сподели видео од наводното суштество и праша дали тоа може да биде „доказ за постоење на димензионален портал во долината Хуарез“ на далечниот север од Мексико. Сепак, ваквите претпоставки не се поткрепени со научни докази. Експертите ја отфрлија можноста за сигурна идентификација врз основа на кратки клипови. Aqui está uma compilação com três mais novos vídeos de alegados pterodáctilos no México. https://t.co/1aSlLHh4NV — Ovniologia 🛸 (@Ovniologia01) November 16, 2026 Не треба да се исклучува можноста снимката на крилест предатор да е создадена со употреба на вештачка интелигенција (ВИ). Со оглед на тоа што дигитално обработените и генерираните видеа сè повеќе се појавуваат на социјалните мрежи, што може да изгледа многу убедливо, не е исклучено дека ваквите сцени се и резултат на напредна технологија. Без независна анализа и верификација на потеклото, невозможно е со сигурност да се утврди дали станува збор за реални феномени, оптички илузии, монтажи или содржина создадена со употреба на ВИ.Тагови: Мексико предатор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГерманските шпиони добиваат многу поголеми надлежности: Вакво нешто не е видено 100 години!Германскиот парламент усвои пакет законски мерки со кои се прошируваат овластувањата на разузнавачките служби, во време кога Русија води хибридна војна насочена, меѓу другото, и кон Германија.Законот што го усвои Бундестагот во петокот им дава зелено светло и на домашните и на странските разузнавачки служби да вршат надзор со значително помалку ограничувања, како и, за прв пат во повоената историја, да преземаат операции насочени кон спречување, заведување и манипулирање на противниците, пишува „Фајненшл тајмс“. „Германија е секојдневно нападната: зборуваме за сајбер напади, саботажи, шпионажа и беспилотни летала што летаат над нашите воени објекти и аеродроми“, рече Марк Хајнрихман, претседател на парламентарниот комитет одговорен за надзор на разузнавачките служби. „Досега, разузнавачките служби можеа да ги детектираат и следат овие закани. Сега тие ќе можат и да интервенираат.“ На конечното гласање во петок, 13 ноември, 309 пратеници гласаа за законот, 190 против, а 71 воздржани. Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (AfD), која веќе е под надзор на разузнавачките агенции, и крајнолевичарската партија Ди Линке гласаа против неа. Иако германската служба за надворешно разузнавање е најголема во Европа, нејзините операции честопати беа ограничени со рестриктивно законодавство поради историјата на Германија. Правните предизвици и реформите усвоени во текот на изминатата деценија, по откритијата што ги разоткрија врските на Германската федерална разузнавачка служба (BND) со американските разузнавачки агенции, доведоа до сè посложена бирократија која стана сè потешка за управување. Како резултат на тоа, германските разузнавачки служби заостануваат зад оние на другите европски земји. Затоа, законот за проширување на овластувањата на разузнавачките служби беше неопходен во време кога Кремљ ја засили својата агресивна кампања на хибридно војување и шпионажа. Во текот на 2025 година, беа регистрирани 474 случаи на политичка и технолошка шпионажа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКајли Џенер си разменува нежности со Шаламе- на истиот настан е и таткото на нејзините деца (ФОТО)Кајли Џенер (29) се појави со момчето Тимоти Шаламе (30) на овогодинешните доделувања на наградите „Гувернерс“ во Холивуд. Ријалити ѕвездата привлече внимание со елегантен винтиџ фустан, но интересно е што нејзиниот поранешен партнер, раперот Тревис Скот (35), со кого има две деца, исто така беше на истиот настан, пишува „Дејли меил“. Кајли и Тимоти се држеа за раце Кајли го прескокна црвениот тепих, но на Инстаграм покажа што носеше за вечерта. Таа избра винтиџ златен фустан од Роберто Кавали од 2006 година, кој ја следеше линијата на телото и имаше долга перка. Шаламе прошета сам по црвениот тепих, облечен во црно одело со вратоврска. Подоцна двојката беше фотографирана заедно во внатрешноста на местото каде што се одржуваа доделувањата. Пред да пристигнат на настанот, двајцата објавија фотографии на социјалните мрежи. Кајли го покажа фустанот и чевлите, додека Шаламе сподели фотографија од автомобилот со натпис „Ноќно излегување!“. Иако пристигнаа заедно на доделувањето на наградите, тие не објавија заедничка фотографија. Тревис Скот исто така беше на настанот Раперот Тревис Скот, поранешен партнер на Кајли и татко на нејзините деца, осумгодишната Сторми и четиригодишната Ејр, исто така се појави на истото доделување на наградите. Сè уште не е познато дали Кајли и Тревис се запознале во текот на вечерта. Кајли и Тревис беа во повремена врска од 2017 до 2022 година. Неколку месеци по нивното конечно раскинување, Кајли започна врска со Шаламе, а тие се заедно од април 2023 година. Тие јавно ја потврдија својата врска кон крајот на 2023 година, додека првпат се појавија заедно на црвениот тепих во мај 2025 година на доделувањето на италијанските филмски награди „Давид ди Донатело“. Шаламе јавно ја искажа својата љубов кон неа Во последните месеци, двојката сè почесто оди заедно на јавни настани. Во јануари оваа година, Шаламе јавно ѝ се заблагодари на Кајли на доделувањето на наградите „Критичарс Чојз“, за време на неговиот говор по освојувањето на наградата за најдобар актер за филмот „Марти Суприм“. „Сакам да му се заблагодарам на мојот партнер, со кого сум три години. Ви благодарам за сè што изградивме заедно. Ве сакам. Не можев да го постигнам ова без вас. Ви благодарам од дното на моето срце“, рече актерот, а Кајли му испрати бакнеж од публиката. Доделувањето на наградите „Гувернерс“ се одржа на 15 ноември во Холивуд. Меѓу почесните добитници на Оскар оваа година беа актерката Глен Клоуз, режисерот Ридли Скот и аниматорот Флојд Норман.Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00