Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
2Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
МакедонијаПендаровски: Ковачевски е непознаница во политиката, треба да му се даде шансаПретседателот на државата Стево Пендаровски очекува предавањето на мандатот на новиот мандатар да се случи следниот вторник или среда. Тој вечерва во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека до него е стигнат дописот од Собранието за оставката на Заев, но рече дека му е потребен уште еден допис од партијата која има мнозинство за да може да го даде мандатот. – Денеска попладне до мојот Кабинет стигна допис од спикерот Талат Џафери дека Заев поднел оставка и цела влада е во оставка. Откако јас го добивам известувањето почнуваат да течат тие десет дена во кои сум должен да го дадам мандатот. Од денес попладне почна да тече тој рок. Ми треба уште еден допис, кому да го дадам мандат. Не можам да нагаѓам, морам да добијам допис од партија или партии кои треба да кажат ние имаме мнозинство и тој и тој е мандатар. Јас не можам да го дадам мандатот на СДСМ, морам да знам кому го давам како личност, конкретно на некој човек, истакна Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5. На новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, за кого се пишува дека ќе биде новиот мандатар, според Пендаровски, треба да му се даде шанса. Ковачевски, рече Пендаровски, е голема непознаница во политиката затоа што не бил на позиција претходно, но треба да му се даде шанса. – Треба да му се даде шанса. Факт е дека има богато академско искуство, има години и години партиски стаж во СДСМ, таму го познаваат. Мислам дека има конекции со разноразни групации кои постојат. Мислам дека има добра стартна основа, рече Пендаровски. Според контактите кои се во тек, шефот на државата додаде дека предавањето на мандатот би требало да се случи наредната недела. -Според контактите на двата кабинети, мислам дека тоа ќе се случува во текот на следната недела, не само затоа што роковите течат, туку мислам дека некои нивни партиски процедури се најавуваат за понеделник навечер, на кои тоа ќе биде дефинирано и можеби следната среда или вторник, ќе можеме да влеземе и во таква процедура – предавање на мандатот на мандатарот, додаде Пендаровски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка муЗапечатена капија, непријатна тишина и љубопитни погледи – нова семејна трагедија ја потресе јавноста, син синоќа си го уби татка си во скопски Чаир, откако убиениот во алкохолизирана состојба физички ја нападнал својата сопруга и мајка на убиЗа семејната драма со смртни последици, остана да сведочи крвта која се уште е свежа на плочникот во тесниот двор. Членовите на семејството што ги затекнавме на местото, не сакаа да говорат пред камера за семејната драма со смртни последици се случила околу 23 часот, но во разговор ни посочија дека 31 годишниот Бесар, прво му задал еден удар со нож на 52 годишниот татко Авни, кој успеал да стане за да побара помош, по што неговиот син се вратил и му нанел уште неколку смртоносни убоди. Ножот, со кој го извршил убиството во обид да го прикрие го фрлил во оваа шахта тука, излегол на одредено време, а кога се вратил дома, полицијата набргу го пронашла, а по кратко време било пронајдено и оружјето. Според нашите инфомрации, настанот во МВР го пријавил таткото на убиениот и дедо на убиецот околу полноќ, повикал и итна медицинска помош, но веќе било предоцна. -Полициски службеници од секторот за внатрешни работи Скопје, го лишија од слобода 31 годишниот Б.Џ од Скопје, затоа што според пријавеното со нож му нанел убодни рани на својот татко. Таа по настанот била пренесена во Градската болница, Св. Наум Охридски во Скопје каде и била укажана помош,- -Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Дел од соседите велат дека во овој дом имало историја на насилство и викотници, на што се жалела 54 годишната сопруга на убиениот, за кој велела дека често бил во под дејство на алкохол.. Дали досега имало официјални пријави за семејно насилство до МВР се уште одговор нема, а од ОЈО Скопје велат дека издадени се насоки за случајот и дека постапката е во тек, а телото на 52 годишникот, по нивна наредба, е дадено на обдукција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
ЕвропаВидео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил самУнгарскиот премиер Петер Маѓар кој по самитот на НАТО во Турција останал на краток одмор во Анталија со своите синови, објави видео на социјалните мрежи на кое вози скутер на вода, се спушта по воден тобоган и шета по плажа.Откако снимката предизвика критики во Унгарија, премиерот нагласи дека станува збор за приватно патување. „Мало посебно издание за пропагандистите. Продолжениот викенд го поминав во турција со моите деца, а сите трошоци ги платив од свој џеб“, напиша Маѓар. Тој претходно најавил дека по самитот ќе помине четири дена на турскиот брег со своите деца и дека сите трошоци ќе ги покрие приватно. Маѓар додаде дека не користел буџетски средства ниту воен авион, туку патувал со редовна комерцијална авионска линија.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаЈанчев: Реконструиран главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – КрњевоГрадоначалникот на Кавадарци, Митко јанчев преку социјалните мрежи информира дека завршила реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км[📌] Заврши реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км, со дуктилни цевки, а во рамки на истиот се изгради и нова хлорна станица. Ова е прва реконструкција на овој дел од системот. [✔️] Проектот е финансиран од Министерството за транспорт во финансиска вредност од 20 милиони денари, стои во објавата на Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter