Пендаровски: Да уживаме во уметноста, во благородното и во убавото - Канал 5

Пендаровски: Да уживаме во уметноста, во благородното и во убавото

Да уживаме во уметноста, во благородното и во убавото, порача претседателот на државата Стево Пендаровски на отворањето на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Пендаровски: Да уживаме во уметноста, во благородното и во убавото

Пандемијата, нагласи тој, две години оневозможи вистинска фестивалска атмосфера и влијаеше врз фестивалската програма, но „Охридско лето“ на достоинствен начин се враќа со квалитетна понуда на музички и сценски настани како што му прилега.

– Благодарение на најреномираната културна манифестација кај нас – фестивалот „Охридско лето“, повеќе од шест децении сме сведоци на извонредни изведби на меѓународно признати и познати уметници. Од особено значење е што на програмата на „Охридско лето“ се присутни и врвните македонски музички и театарски уметници, чиишто креации ѝ се добро познати и на домашната и на светската публика, истакна претседателот.

Во епоха на информациско-технолошки и научен развој, забележа дека без преседан, наместо луѓето да бидат посигурни и посреќни, живеењето на многу места во светот се претвора во борба за власт, доминација над другите и во опседнатост со материјалното.

– Сведоци сме на воени конфликти, глобални здравствени закани, непочитување на човековите права и слободи, понижување на достоинството, тектонско изместување на вредностите и губење на моралниот компас. Најтрагично е што стануваме имуни на туѓото страдање и на туѓата болка, а сочувството и солидарноста исчезнуваат од нашите животи како реликти на некое минато време. Од уметност на живеење денес дојдовме до уметност на преживување, нагласи Пендаровски.

Според него, прашање е како воопшто човековата цивилизација се најде во ваква безизлезност и покрај сите мрачни историски лекции и преживеани катастрофи.

– Меѓутоа, далеку поважно е прашањето и одговорот на него: Што е она што повторно може да го хармонизира и облагороди животот, да го врати значењето на етиката, да ја актуализира хуманоста? Одговорот го знаат сите оние коишто барем еднаш биле дел од оваа манифестација, од оваа или од другата страна на сцената. Кој друг ако не уметниците и што друго ако не креативното, духовното и убавото. Или, како што вели Андре Бретон, „поетската или уметничката прегратка, како и телесната, додека трае, попречува секаков поглед врз бедата на светот“, нагласи претседателот Пендаровски.

Затоа, како што рече, да бидеме постојано со уметноста, се разбира, не како бегство од животот, туку, напротив, како моќна алатка којашто ќе нѝ ја овозможи уметноста на живеењето.

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска во своето обраќање посочи дека со години „Охридските лета“ се отвораа или се затвораа со фанфари и со мелодијата по Прличевите болни и тешки зборови од „Илјада и седимстотин шесдесет и второ лето“. Но, и покрај „словото горко, словото жалосно“ од Цариград, како што посочи таа, ние имавме вера, имавме црква – ниту со декрет нè укинаа, ниту со декрет можеа да ни земат.

-Ја зачувавме својата црква, ја возобновивме Охридската архиепископија во ликот на Македонската православна црква, генерации и генерации со исконска љубов го чуваа и го зачувавме идентитетот македонски, истакна Костадиновска – Стојчевска.

И „Охридско лето“ , како што посочи министерката, е потврда за нашиот идентитет и потврда дека сме дел од европската култура.

– Другото е лага. Нашиот поглед кон минатото не е за да ѝ го завртиме грбот на иднината. Не. Во нашето минато нема ништо од што би се срамеле за да мораме да го вртиме погледот од него. И нашиот јазик, и нашата музика, и нашите слики, и нашите книги, и нашите ора, и нашите куќи, и нашата кујна – сè е идентитет. И тоа што сме Македонци е идентитет, идентитет што го наследуваме, а од нас зависи дали ќе го надоградиме, ќе го носиме во срцето или само ќе го вртиме по потреба низ уста. Идентитет е и домашното воспитание. Идентитет е и љубовта кон сопствената култура и уметност…, рече меѓу министерката Костадиновска – Стојчевска.

Во уметничката порака што вечерва на отворањето ја пренесе композиторот и оперски пејач Горан Начевски истакна дека фестивалот Охридско лето е дел од душата на секој македонски уметник. Привилегија е, додаде тој, да се настапува на истата сцена на која настапиле многу врвни светски имиња.

-Искрено за мене како композитор и оперски пејач би било полесно да ја испратам уметничката порака во форма на соната, симфонија, опера или преку настап на концерт. Но вечерва таа нека ги содржи зборовите кои се синоним за уметниците, љубов, радост, спокој, разбирање, копнеж, пожртвуваност, решителност, упорност, поддршка, инспирација среќа, пријателства, насмевки, и конечно мир во светот без кој човештвото нема иднина, како и достоинствен живот на сите овде, истакна Начевски.

Шеесет и второто фестивалско издание беше отворено со грандиозен концерт на четворицата италијански тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, под диригентската палка на Маестро Лоренцо Бицари од Италија, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет.

Љубителите на уметноста во наредните 40 дена ќе имаат можност да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и шест настани во дополнителната програма. Предвидено е да настапат над 1.000 уметници од 25 земји. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Придвижија воз, долг 7,6 километри со 696 вагони- веруваат дека соборија светски рекорд (ВИДЕО)

Јужна Африка успешно лансираше товарен воз со необични димензии, долг 7,6 километри, со вкупно 696 вагони!

Придвижија воз, долг 7,6 километри со 696 вагони- веруваат дека соборија светски рекорд (ВИДЕО)

Овој огромен воз успешно го заврши пробното возење, а државната компанија Транснет верува дека ова постави нов светски рекорд за товарни возови.

Сериозен инженерски предизвик

Зафатот беше извршен на 18 октомври 2026 година на железничката пруга што го поврзува заливот Салдана, на западниот брег на земјата, со рударскиот регион на Северниот ’Рт. Во текот на два дена, возот помина приближно 860 километри и успешно ја заврши предвидената рута.

Зад овој проект стои сериозен инженерски предизвик. Преместувањето на речиси 700 меѓусебно поврзани вагони бара прецизна координација на моќноста на локомотивите и контрола на огромните сили што се јавуваат при забрзување, сопирање и минување низ одредени делови од железницата.

За да се постигне ова, Транснет користеше електрични и дизел-електрични локомотиви распоредени по целиот воз.

Сите локомотиви работеа синхронизирано, користејќи радио-базиран систем за дистрибуирана влечна сила познат како Радио Дистрибуирана Моќ. Оваа технологија овозможува влечење и сопирање да се распределат на различни точки по должината на возот, што го олеснува управувањето со екстремно долгиот воз.

YouTube video

Сите вагони беа празни

Интересен детаљ е што сите 696 вагони беа празни за време на пробното возење. Ова не беше нормална комерцијална операција, туку технички тест насочен кон испитување на однесувањето на воз од оваа големина и подобрување на идните операции за тежок транспорт.

Доколку резултатот биде независно потврден, тоа ќе значи дека јужноафриканскиот воз го надмина рекордот што го држи Австралија од 2001 година. Во тоа време, рударската компанија BHP користеше товарен воз од 7,353 километри со 682 вагони, објавува Diario UNO.

Транснет ќе ги анализира податоците собрани за време на пробното возење, а потоа ќе ги спореди со симулациите направени пред тестот.

Добиените податоци треба да помогнат во подобрувањето на распоредот на локомотивите, системите за сопирање и стратегиите за управување со екстремно долги товарни возови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апел од родителите на повредената Сара - „Не сакаме протести, туку правда“

Семејството на Сара во разговор за порталот OHRID1 кажало дека не поддржува протести за случајот...

Апел од родителите на повредената Сара - „Не сакаме протести, туку правда“

Тие се заблагодаруваат за огромната поддршка од јавноста, но по последниот развој на настаните во Обвинителството и повторното определување притвор за осомничениот, велат дека во овој момент единствено им се потребни мир и закрепнување на нивната ќерка.

Родителите нагласуваат дека нивната борба нема никаква политичка заднина, ниту пак сакаат трагедијата на нивната ќерка да биде искористена за политички цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неизвесна е судбината на 12 членови на екипажот во потонатиот брод во близина на брегот на Бугарија

Бугарија добила повик за помош од товарен брод што потонува во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море.

Неизвесна е судбината на 12 членови на екипажот во потонатиот брод во близина на брегот на Бугарија

Бугарија добила повик за помош од товарен брод што потонува во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, а судбината на 12-те членови на екипажот сè уште е непозната, соопшти денеска Министерството за транспорт на земјата.

Бродот што пловел под сомалиско знаме превезувал три тони пченица на големо од Романија до Египет, се вели во соопштението. Два бугарски, еден романски и еден турски бродови се испратени на местото на настанот.

Причината за инцидентот сè уште не е позната, а се случил во време на серија напади со беспилотни летала врз бродови покрај бреговите на Бугарија и Романија, за кои експертите велат дека се дел од војната на Русија против Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер