Пеливанов: Обвинетите во „Меѓународен сојуз" да се прогласат за виновни

Хуманоста на невладината „Меѓународен сојуз" остана само на хартија, а во реалност се случи измама, со овие зборови обвинителот Трајче Пеливанов ги почна завршните зборови во случајот „Меѓународен сојуз",каде првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13

Според обвинителот Пеливанов, во тек на ова постапка било докажано дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кој се обвинети, односно дека материјалните докази биле поткрепени со изјави на сведоците.

– Обвинетите сериозно работеле да оставаат силен впечаток во јавноста. Неспорно е дека оваа дело обвинетиот Бојан Јовановски, не можел да го реализира сам, туку со влијание на останатите обвинети. Неспорна е и улогата на обвинетата Ременски, таа знаела дека извршната власт не стоела зад договорите. Оштетените кажаа дека доколку не била обвинетата Ременски, немале да ги склучат договорите, рече Пеливанов, наведувајќи дека што се однесуваа на обвинетата Јасна Мандиќ, таа ги контактирала странките и знаела се што се случува во невладината „Меѓународен сојуз".

Според Пеливанов, обвинетата Јасна Мандиќ свесно и по сопствена волја му помогнала на обвинетиот Бојан Јовановски во извршувањето на кривичното дело „измама".

Застапникот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од Судот да ги прогласи обвинетите за виновни, имајќи ја предвид тежината на кривичното дело.

Воедно, полномошниците на оштетените Силјан Мицевски и Адријан Амзовски најавија отштетно побарување.

Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски – Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари"’. Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, татко на првообвинетиот Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама", Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари", а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари" и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје". Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз".

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер