Пелегрини сака да остане на клупата на Бетис - Канал 5

Пелегрини сака да остане на клупата на Бетис

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, сака да остане во шпанскиот прволигаш и да го продолжи договорот, објави денеска весникот „Естадио Депортиво“.

Пелегрини сака да остане на клупата на Бетис

Според истиот извор, 72-годишниот чилеански стратег чека информации од раководството на клубот околу евентуално продолжување на соработката.

Пелегрини е на клупата на Бетис од 2020 година, а неговиот договор е со важност до 30 јуни 2026 година.

На 263 натпревари под негово водство, Бетис има 123 победи, 68 нерешени и 72 порази.

Претходно оваа недела, Бетис одигра нерешено 2-2 со Нотингем Форест во воведното коло од Лига Европа

Минатата сезона, тимот на Севиља загуби во финалето на Конференциската лига од Челзи 4-1. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Добитник на Нобеловата награда за физика е Френсис Халзен од Универзитетот во Висконсин. 

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Наградата му е доделена „за неговиот клучен придонес кон Опсерваторијата за неутрина ’Ајс-кјуб‘ (IceCube) и откривањето на неутрина со висока енергија од астрофизичко потекло“, соопшти организацијата што ја доделува наградата, пренесува „Гардијан“.

Опсерваторијата за неутрина „Ајс-кјуб“ се наоѓа во станицата „Амундсен-Скот“ на Јужниот пол на Антарктикот и располага со мрежа од сензори поставени под антарктичкиот мраз.

Нобеловата награда за медицина вчера им беше доделена на Карл Дајсерот (54), Петер Хегеман (71) и Георг Нагел (73) за истражување на мозочната активност, кое опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика.

Нобеловата награда за хемија ќе биде доделена утре, онаа за литература – ​​задутре, а Нобеловата награда за мир – во петок.

Наградата на Шведската банка за економски науки во спомен на Алфред Нобел ќе биде доделена на 12 октомври. Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони американски долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Инспекцијата на терен

Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, согласно утврдениот план за работа на инспекциските служби. 

О. Карпош: Инспекцијата на терен

Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината.

Покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Општина Карпош апелира до граѓаните совесно и соодветно да го одлагаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот - сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

Денеска ќе повториме што кажа претседателката Фон дер Лајен при посетата во Скопје, за да може да објасниме она што деновиве го гледаме како специјална стратегија на премиерот Мицкоски.

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот - сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

Денеска ќе повториме што кажа претседателката Фон дер Лајен при посетата во Скопје, за да може да објасниме она што деновиве го гледаме како специјална стратегија на премиерот Мицкоски, која, за жал, нема цел нас да нè одведе во Европската Унија, туку, напротив, има цел да нè врати назад и Македонија да не биде дел од оваа група којашто се спрема од Брисел за влез во Европската Унија.

Претседателката на Европската комисија, многу директно, на премиерот Мицкоски му ја кажа вистината во очи.

Со таа вистина ја победи лагата којашто ние со години ја слушаме, не само кога беше во опозиција, туку и како премиер, дека претходната влада ги има загрозено, цитирам, идентитетот и јазикот на нашата држава.

Напротив, Урсула Фон дер Лајен потврди, многу отворено, дека се зачувани, забетонирани, обезбедени и македонскиот јазик, и македонската култура, и македонскиот идентитет.

И со тоа потона лагата на Мицкоски, со којашто, попрецизно кажано, дојде на власт затоа што кажуваше дека сето тоа е загрозено, дека ние сме го изгубиле со Преспанскиот договор, тој идентитет, и дека тој, кога ќе дојде на власт, ќе го коригира сето тоа.

Што се случува сега кога стана јасно дека и таа лага на премиерот Мицкоски отиде во вода?

Стана јасно дека сосема друго е денеска на масата. На масата се реформите, на масата е соработката со Европското обвинителство и на маса се промените на Уставот.

Нема нови услови, нема нова преговарачка рамка, нема никакви нови гаранции, како што нè убедуваа.

Се сеќавате како Мицкоски и неговата екипа нè убедуваа кога дојде на власт дека ќе обезбедат подобри услови, ќе обезбедат нова рамка, дека ќе имаме одложено дејство, ќе влеземе, па потоа ќе се одлучува, па потоа се сеќавате за стратегијата дека, нели, ќе сме влегле, но нема да имаме право на глас и сите тие небулози конечно, паднаа во вода.

Како што се разбира, нема ништо ново ниту со поништувањето на Преспанскиот договор, нема ништо ново ниту со враќањето на уставното име. Лага, лага и само лага.

Сега, кога не може да се измисли нова лага, сакам да дојдеме до поентата за она што денес се случува и сакаме да обрнеме внимание, за да може јавноста внимателно да го следи целиот овој процес.

Сега ќе бидеме сведоци, веќе сме сведоци, за жал, на една стратегија на поткопување на целата оваа состојба, целата атмосфера околу средбата којашто треба да се случи со нашиот источен сосед.

Уште пред да се случи таа средба, гледаме стратегија на поткопување на таа средба. Премиерот Мицкоски, сега ќе не тера да размислуваме и да зборуваме само за она што се случувало во минатото.

Ќе нè тера да гледаме назад, не да гледаме напред. Ќе нè тера да зборуваме за минатото, а не да зборуваме за иднината.

Тоа е исто како да возите автомобил, меѓутоа цело време да гледате во ретровизор.

Никаде, никој не стигнал до дестинацијата ако гледал во ретровизор цело време.

Но тоа е специјалната стратегија којашто Мицкоски сега ја прави само за да може да ја одвлече Македонија повторно назад и да не бидеме дел од овој пакет којшто наскоро ќе влезе во Европската Унија.

Она што можеме и директно да го слушаме од самиот Мицкоски, тој вели: ’ние фактички разговараме, не преговараме‘, но ако знаеме дека добрососедските односи се едни од најважните предуслови да се влезе во Европската Унија, тогаш каква е оваа негова стратегија? Какво е ова затворање на вратите кон Европската Унија? Какво е ова затворање на вратите кон нашите соседи и обезбедување, правење на атмосфера тие средби и тие разговори да пропаднат уште пред да се случат.

Така не се градат односи со соседите.

Чудно е навистина да сакате да разговарате со соседот, да го каните на разговор, но однапред да создадете услови тие разговори да пропаднат.

Тогаш не знам зошто се чуди премиерот, Владата, целата партија владејачка во ВМРО, зошто нас, за жал, како Македонија, нè нема ниту на европската маса, ниту на европската мапа, ниту во патоказите, ниту во роковите коишто веќе се доделуваат и се пишуваат за ние земји коишто стануваат најсериозни кандидати. Нас веќе нè нема на таа карта.

Ние како партија, како СДСМ, не ја оспоруваме историјата, меѓутоа јасно и прецизно кажуваме дека со историјата треба да се занимаваат историчарите.

Опасно, секогаш било опасно, особено во овој регион, кога политичари ја толкувале историјата.

Намерно, се разбира, поради свои лични интереси и лични рејтинзи.

Оваа Влада има обврска да обезбеди напредок на државата и, се разбира, да обезбеди европска иднина на нашите граѓани.

Она што сакам на крај да го кажам е дека она што сега ќе следи во овој период е повторно иницирање, разгорување на темата Бугарија.

Злоупотреба на историјата, нова злоупотреба на историјата, за да се најде ново оправдување за неуспехот којшто го имаме пред нас и ново оправдување зошто не може оваа Влада да направи исчекор кон Брисел.

Сакаме да бидеме начисто и да го објасниме тоа многу јасно и прецизно. Зошто Мицкоски не сака уште еднаш да направиме исчекор кон Европската Унија?

Затоа што во Европската Унија постојат правила, прецизни правила на игра. И постои Европско обвинителство. И ако Ковеши се заангажира да види што се случува кај нас, тогаш тоа значи дека ќе има истраги, тогаш тоа значи какви има затвори. А кандидати во оваа Влада за затвор има колку ви душа сака.

Затоа нема да бидеме сведоци, за жал, на исчекор на нашата држава кон Брисел.

Ете зошто се плаши од сето тоа Мицкоски, ете зошто ние оценуваме дека оваа средба е веќе поткопана, ете зошто ние оценуваме дека се подготвува посебна атмосфера оваа средба да не успее уште пред да се случи.

Но СДСМ како партија докрај ќе се бори, да ја разобличува стратегијата затоа што сакаме да видиме наша држава во Европската Унија, затоа што оваа држава заслужува да биде во Европската Унија и затоа што граѓаните заслужуваат да имаат европска иднина.

Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор

YouTube video

Скопје, 06.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер