Пелегрини: „Финалето на Конференциската лига не го гледаме како битка меѓу Давид и Голијат - Канал 5

Пелегрини: „Финалето на Конференциската лига не го гледаме како битка меѓу Давид и Голијат

 Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, пред финалето на Конференциската лига против Челзи истакна дека тимовите имаат еднакви шанси за победа.

Пелегрини: „Финалето на Конференциската лига не го гледаме како битка меѓу Давид и Голијат

- За да победиме, мора да останеме истиот тим каков што бевме цела сезона. Мора да се носиме со емоциите, бидејќи една голема грешка може да го промени текот на целиот натпревар. Се сомневаме во подготвеноста на некои играчи. Ќе видиме дали ќе ги решиме овие проблеми. Потоа ќе одлучиме за составот.

Ние не се гледаме себеси како Давид во битка со Голијат. Веруваме дека имаме исти шанси за победа и од првите минути ќе се обидеме да ја оствариме нашата цел. Тука не се важни буџетите на тимовите. Имаме играчи со големо искуство, ќе бидеме апсолутно сигурни и ќе се обидеме да победиме, изјави Пелегрини за веб-страницата на УЕФА.

Натпреварот Бетис против Челзи ќе се одигра вечер од 21 часот на арената „Тарчински“ во Вроцлав.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Умејр Мухамеди во „Само вистини“

Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Умејр Мухамеди.

Умејр Мухамеди во „Само вистини“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луѓето после 50-тата година најмногу жалат за овие работи

Според психолозите, една грешка е особено болна.

 Луѓето после 50-тата година најмногу жалат за овие работи

Како годините минуваат, животното искуство носи мудрост, но често и соочувања со одлуките што можеле да бидат поинакви. Многу луѓе кои зачекориле во 6-тата деценија нагласуваат дека не жалат толку за нешто што го направиле, туку за пропуштените прилики. Токму затоа психолозите сметаат дека е важно навреме да се препознае вистинската вредност на работите.

Едно од најчестите каења се однесува на посветеноста на работата. Многумина признаваат дека со години бркале кариера и финансиска безбедност, додека семејството, пријателите, сопствените потреби ги ставале во втор план. Дури подоцна сфатиле дека изгубеното време со најблиските е невозможно да се надомести.

Голем број од луѓето жалат за тоа што немале повеќе храброст да ги следат своите соништа. Некои никогаш не ја промениле работата што не ги исполнувала, други не отпатувале на места за кои мечтаеле, а трети се откажале од сопствениот талент поради стравот од неуспех и осуда од околината.

Исто така, луѓето најчесто жалеле што го запоставувале своето здравје, се хранеле нездраво, физичката активност изостанувала, па хроничниот стрес и одложувањето на лекарските прегледи често оставаат видливи последици во подоцнежните години. Затоа стручните лица нагласуваат дека вложувањето во здравјето во текот на целиот живот е исплатливо.

Многу луѓе после 50-тата признаваат дека премногу размислувале за тоа што ќе кажат другите. Носеле одлуки за да исполнат туѓи очекувања, наместо да живеат во согласност со сопствените желби и вредности. Дури подоцна, сфаќаат колку пропуштиле обидувајќи се да им удоволат на сите.

Луѓето често се каат и за неизговорените зборови. Жалат што почесто не велеле „те сакам“, што не простиле на време или што не одржувале контакт со драги личности. Кога некого ќе изгубат или патиштата ќе им се разминат, станува јасно колку искреноста и блискоста се важни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ако климата ви работи цела ноќ, правите голема грешка, последиците ќе ги почувствувате веќе следното утро

Една едноставна промена во начинот на кој ја користите климата, ќе ви го подобри сонот и ќе ја намали потрошувачката на електрична енергија.

 Ако климата ви работи цела ноќ, правите голема грешка, последиците ќе ги почувствувате веќе следното утро

Будење во 4.30 наутро со вклучен клима - уред кој и понатаму работи на 21 степен можеби делува како последица на летната спарнина, но стручните лица предупредуваат дека тоа би можело да е знак дека температурата во просторијата не е оптимално наместена за квалитетен сон. Специјалистот за одржување на домот Алвин Пулинс нагласува дека разладената просторија може да помогне при спиење, но премногу ладен простор го нарушува одморот.

Кога температурата ќе падне под пријатната граница, телото почнува да троши енергија за загревање наместо на одмор, што може да доведе до тоа да се разбудите уморни иако сте спиеле 7 часа или повеќе.

Клима – уредот може да го наруши сонот

Проблемот настанува во текот на ноќта, кога надворешната температура дополнително паѓа, па климата продолжува да дува ладен воздух во веќе разладена просторија. Во овие услови, телото се грчи, сонот е со прекини, па лицето може да се буди повеќепати во текот на ноќта.

Стручните лица препорачуваат користење на тајмер кој ќе го исклучи клима-уредот по еден до два часа.

Студениот воздух може да предизвика тегоби

Освен температурата, дополнителен проблем претставува струењето на воздухот што уредот го создава во просторот. Со ладниот воздух може да се шири прашина, полен и грини, што кај поосетливите лица може да предизвика чувство на суво грло, кивање и чешање на очите. Сувиот воздух може да предизвика чувство на отежнато дишење и непријатност во текот на ноќта.

Експертите предупредуваат и на влијанието на студениот воздух насочен директно кон телото, особено вратот и грбот. Овој проток може да предизвика напнатост во мускулите и утринска вкочанетост, особено кај лица кои имаат проблем со зглобови и ‘рбет.

Како правилно да го користите клима – уредот?

Не треба да го занемарите ни финансискиот аспект, бидејќи повеќечасовно ноќно користење на климата за време на летните месеци може значајно да ја зголеми потрошувачката на електричната енергија. Стручните лица за греење и ладење истакнуваат дека со исклучување на уредот во текот на ноќта не штедите само пари, туку и го продолжувате неговиот век на траење.

Наместо непрекината работа на климата, се препорачува комбинација од проветрување пред спиење и спуштање на ролетната во текот на денот, како и користење на тајмер. Лесна памучна постелнина и пасивни начини на разладување може дополнително да помогнат во одржување на пријатната температура во текот на ноќта без потреба климата да работи непрекинато.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер