Македонските реформи препознаени на регионално ниво: Министерството за јавна администрација меѓу наградените на ОЕЦД-СИГМА и РеСПА за 2026 година
Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци
1Македонските реформи препознаени на регионално ниво: Министерството за јавна администрација меѓу наградените на ОЕЦД-СИГМА и РеСПА за 2026 година
2Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци
3Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
СветПеколно во Калифорнија: Беснеат пожари, температурата над 47 степени (ВИДЕО)Калифорнија ја зафати бран опасно високи температури кои се искачија и над 47 Целзиусови степени!Вкупно 90 милиони луѓе се загрозени, додека 13.000 мораа да бидат евакуирани поради серија пожари. Како што пренесува Dailymail, се очекува ситуацијата да се влоши пред претстојниот викенд кога се слави Денот на независноста (четврти јули) низ САД. Невообичаеното време, според Националната метеоролошка служба, било предизвикано од бран на висок притисок веднаш до западниот брег во комбинација со посебен топлотен бран во областа од Канзас и Мисури до државите на Заливскиот брег. Под топлотен бран е и Сакраменто, главниот град на Калифорнија. Температурата се искачи на 46,1 Целзиусови степени, додека во Палм Спрингс беше измерена дури 47,2 степени. Топлотниот удар создаде идеални услови за шумски пожари. Црвениот аларм е во сила низ Калифорнија, додека извештаите за шумски пожари се зголемуваат. Во округот Буте, околу 130 километри северно од Сакраменто, наредена е евакуација на 13.000 луѓе. California is hit by 'dangerously high temperatures' of up to 117F as 13,000 are evacuated from fierce wildfires and 90million are under heat alert across country https://t.co/zthJeapA13 pic.twitter.com/uvPI9HsQnb — Daily Mail Online (@MailOnline) July 3, 2024 Колони возила има на патиштата од очајни луѓе кои се обидуваат што поскоро да ја напуштат загрозената област. Пожарникарите се обидуваат да го спречат пожарот да стигне до домовите, а во гаснењето им помагаат и хеликоптери. Од кабинетот на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, беше соопштено дека федералните власти ја одобриле помошта и дека е активиран Државниот оперативен центар за координација. Метеоролозите велат дека ветрот го насочил чадот од пожарот кон Сакраменто, што дополнително ја влошува ситуацијата. Се проценува дека топлотниот бран минатата година доведе до прерана смрт на најмалку 2.400 луѓе во САД. Агенцијата АП објави дека оваа бројка е веројатно многу поголема. "Топлинскиот удар изгледа како мозочен удар. Главоболка, заматен вид и оток. Тоа е многу опасно. Не се изложувајте на сонце, носете капа и лесна облека. Пијте многу вода", рекол д-р Артур Џеј од Сакраменто ЕМС.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонските реформи препознаени на регионално ниво: Министерството за јавна администрација меѓу наградените на ОЕЦД-СИГМА и РеСПА за 2026 годинаМинистерството за јавна администрација доби специјално признание во рамки на Наградите за јавна администрација за 2026 година (Public Administration Awards 2026), доделени во Белград.Министерството за јавна администрација доби специјално признание во рамки на Наградите за јавна администрација за 2026 година (Public Administration Awards 2026), доделени во Белград, во организација на Регионалното училиште за јавна администрација - ReSPA и ОЕЦД-СИГМА, за проектот „PAR Connect – Дигитална платформа за следење на реформата на јавната администрација“. Ова признание претставува значајна регионална афирмација на реформските заложби на Министерството и потврда дека институционалните иновации, дигитализацијата и систематскиот пристап кон управувањето со реформските процеси се препознаваат како важни двигатели на модерната јавна администрација. Наградената ИТ-алатка претставува дигитално решение за следење на спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација, кое овозможува поврзување на институциите, централизирано следење на реформските активности и навремен увид во степенот на реализација на преземените обврски. Преку неа се опфатени околу 40 институции и речиси 200 реформски активности, со можност за следење во реално време, подобра координација и поефикасно известување за напредокот на реформите. Посебната вредност на ова решение е во тоа што реформскиот процес го прави посистематичен, потранспарентен и поодговорен. Наместо реформите да останат само збир на стратешки определби и институционални обврски, алатката овозможува нивно континуирано следење, идентификување на предизвиците и создавање основа за навремено преземање соодветни мерки. На тој начин, дигиталната технологија се става во функција на подобро институционално управување и мерлив реформски напредок. Дополнителна вредност на ИТ алатката е нејзиниот потенцијал за поширока институционална примена. Конкретен пример за тоа се Министерството за дигитална трансформација и Управата за јавни приходи, кои врз основа на склучени меморандуми за соработка, ја презедоа ИТ алатката и се во фаза на нејзина адаптација за следење на сопствените стратешки документи и акциски планови. Овогодинешните награди за јавна администрација бележат исклучително голем интерес, со повеќе од 100 пристигнати апликации од институции од Западен Балкан и Источното соседство. Во рамки на категоријата специјални признанија, проектот на Министерството за јавна администрација е издвоен меѓу практиките што демонстрираат иновативност, институционална применливост и потенцијал за унапредување на јавниот сектор. Признанието добива дополнителна тежина имајќи предвид дека станува збор за регионална иницијатива која ги афирмира успешните реформски практики, поттикнува размена на знаења и искуства и создава простор за пренесување на иновативни решенија меѓу јавните администрации. За Министерството за јавна администрација, ова признание е поттик и обврска реформските процеси да продолжат со уште посилна динамика, со јасна насоченост кон резултати, институционална одговорност и квалитетни јавни услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во КавадарциМајка од Кавадарци пријавила во полиција дека две малолетнички ја нападнале нејзината малолетна ќерка на улицата „Сремски фронт“. Според пријавата, едната ја држела, а другата ја горела со цигара, соопшти СВР Велес. Според полицијата, нападот бил пријавен на 18 ноември во 22:30 часот во одделението за внатрешни работи во кавадарци, а се случил два дена претходно, на 16 ноември. За случајот се известени јавен обвинител и центарот за социјални работи во Кавадарци. полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Тагови: Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПутин пред медиумите за средбата со Трамп и СиПретседателот на Русија, Владимир Путин им се обрати на медиумите по трилатералната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.Рускиот лидер истакна дека би сакал трилатералните средби со лидерите на Кина и на Соединетите Држави да продолжат, оценувајќи ја денешната средба како нова страница во историјата. Тој исто така рече дека трилатералната средба, одржана во Шенжен на маргините на самитот на АПЕК, била многу корисна, а дискусијата – слободна и искрена. По протоколарниот дел од трилатералната средба започна слободна размена на мислења, изјави Путин, додавајќи дека со лидерите на САД и на Кина, Трамп и Си, разговарал и за можната реформа на Обединетите нации. Путин се осврна и на внатрешнополитичката ситуација во Соединетите Држави, наведувајќи дека таа е сложена, со многубројни противтежи и механизми за одржување на рамнотежата на политичката моќ. На средбата, исто така, се разговараше за прашања поврзани со обезбедувањето слободна пловидба, рече Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook