1Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026
3Општина Ѓорче Петров: Со историски рекорд: над 193 милиони денари реализирани капитални инвестиции уште во октомври
ЖивотПеколни температури низ Европа, се уриваат рекорди!!Екстремните временски услови во неколку региони низ Европа, топлотниот бран одзема и човечки животи.Живата во термометарот се искачи на 42 степени Целзиусови во јужниот италијански град Фоџа, хотелите на Сицилија, наводно, почнале да ги одвраќаат туристите поради невидената суша на островот, пишува Курир. На Балеарските Острови е забележано цунами, додека поројните дождови опустошија алпско село во Франција, принудувајќи ги жителите да се евакуираат со хеликоптери. Повеќе од 10 лица загинаа, а десетици се повредени во големиот пожар што зафати неколку села во Турција во областа меѓу провинциите Дијарбакир и Мардин. Турција е зафатена од сушен период кој овозможува пожарите брзо да се шират. Италија, исто така, се подготвува за шумски пожари со предупредувања дека топлотниот бран во комбинација со сувите услови може да создаде идеални услови за шумски пожари во области како што се Сардинија и Сицилија. Локалните медиуми јавуваат дека на Сицилија се забележала 48,8 степени - највисока температура во Европа од 2021 година. Хотелите во Агриденто повеќе не нудат ноќевање со појадок бидејќи залихите на вода се при крај. Франческо Пикарела, локалниот шеф на хотелската асоцијација, вели дека водоснабдувањето се вклучува два или три пати неделно. „Сите куќи имаат цистерни за складирање вода, но за некои тоа не е доволно. Местата без вода ги пренасочуваат туристите во други куќи за гости. И тоа е само јуни“, вели Пикарела. Извор Б92.нетКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица со шункаВо вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.Состојки за денешниот рецепт: 1 готово тесто за пица 100 гр. доматен сос 150 гр. шунка 150 гр. кашкавал 150 гр. печурки 50 гр. маслинки без семка малку оригано и др. зачини по избор. Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на Европската унија 2026, во организација на Euronews, на кој ќе присуствуваат високи европски и регионални политички претставници.Во фокусот на самитот ќе бидат процесот на проширување на ЕУ, европската интеграција на земјите кандидати, регионалната соработка и предизвиците со кои се соочува унијата во однос на приемот на нови членки. Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и со врховниот командант за Европа генералот Алексус Грегори Гринкевич во врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во Монс, а предвидени се средби и со претставници на европските институции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка Народната банка го презеде управувањето со „Алта банка“тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори во „Алта банка“ Битола.Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска ги преземаат надлежностите на досегашните органи на управување.Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките во периодот на администрацијата. Администраторите ги преземаат овластувањата на Управниот и Надзорниот одбор, како и на Собранието на акционери.Тие имаат рок од 21 ден да ја утврдат состојбата во банката и да достават извештај. Администрацијата е воведена за период од три месеци поради ризик за солвентноста на банката. Мерката следува откако на матичната „Алта банка“ во Белград ѝ беше одземена дозволата за работа. Сопственикот од белград е известен да ги стави акциите на продажба.Доколку тоа не се случи, Народната банка ќе ги понуди на аукција, бидејќи има заинтересирани купувачи. Вчера гувернерот Трајко Славески во телевизиско гостување рече дека народната банка направила проверки пред давањето согласност за влез на Алта банка во Стопанска банка Битола.за таа цел, писмено се обратиле до европската централна банка и други регулаторни институции. Според Славески, добиените одговори не покажале пречки за одобрување на трансакцијата.тој појасни дека согласноста била дадена на Алта Банка Белград, а не на физичко лице.во врска со сопственичката структура поврзана со Давор Мацура,кој е уапсен од властите во Белград рече дека не може да знае дали некој стои зад него .Одлуката за банката била донесена врз основа на предлогот на супервизијата и супервизискиот комитет.славески смирува дека наскоро ќе има поволен исход.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook