Пеколен живот: Мексиканка силувана 43 200 пати за 4 години, додека била дете! - Канал 5

Пеколен живот: Мексиканка силувана 43 200 пати за 4 години, додека била дете!

Карла Хасинто денеска има 23 години а пеколните 4 години ги поминала на рана возраст. Како 12 годишно девојче станала жртва на трговија со луѓе, но преживеала и сега ја раскажува својата приказна за светот да знае што се случува со жртвите на секс - трафикинг.

Пеколен живот: Мексиканка силувана 43 200 пати за 4 години, додека била дете!
Потресната приказна на младата девојка почнува рано во нејзиниот живот.

- Доаѓам од дисфункционално семејство. Ме силувале уште од 5 годишна возраст - тоа го правеше роднина - ја почнува својата приказна Карла за Си Ен Ен.

Кога имала 12 години Карла паднала во рацете на трговец со млади девојки. Тој имал 22 години. Ја забележал додека чекала свои пријатели на улица, и раскажал дека самиот како дете бил злоставуван како дете и размениле телефони. По една недела се појавил со скап автомобил и ја замолил да замине со него!

- Бев импресионирана од автомобилот, имав тежок живот и заминав со него. Три месеци се беше во ред, ме сакаше, беше добар со мене, ми купуваше храна, подароци, облека, се - вели Карла.

Но потоа почнал пеколот.

She claims that she first started being abused at the age of five by a relative. At the age of 12, a sex trafficker lured her away from her family

Тој почнал да ја учи како да се однесува со клиенти, што да прави со нив и што да им зборува за да извлече повеќе пари. Почнала да работи како проститутка во Гвадалахара, со обврска во еден ден да има 20 клиенти! Почнувала во 10 наутро, се враќала на полноќ. Тоа траело една недела, а потоа била праќана по градови, бордели, мотели, улици, со нова обврска - да спие со по 30 мажи дневно.

- Некои од клиентите ми се смееја дека плачев. Морав да ги држам очите затворени да се преправам дека не ми прават ништо - вели Карла за Си Ен Ен.

- Потоа мојот макро ме претепа со синџир и ме изгоре со пегла обвинувајќи ме дека сум се вљубила во клиент и дека ми се допаѓа да сум тоа што сум !

И тука не завршуваат хорор - доживувањата на девојчето кое ги доживувало на само 13 годишна возраст.

- Еден ден во хотелот познат по проституција дојдоа 30 полицајци, ги избркаа сите клиенти, а јас мислев дека ќе ме спасат. Наместо тоа тие не сместија во соби и со часови не снимаа во вулгарни пози а потоа рекоа дека снимките ќе ги пратат на нашите семејства ако не правиме се што ќе ни речат! беа одвратни. Знаеја дека сме деца, не бевме уште ни развиени, имаше 10 годишни девојчиња.

На 15 години таа забременила од својот макро и родила дете кое и било одземено по раѓањето и не го видела година и пол.

Карла била спасена во 2008, во текот на полициска операција во Мексико Сити. Тогаш имала 16 години.

In 2008, Karla Jacinto was finally rescued during an anti-trafficking operation in Mexico City, when she was aged 16. Now, at 23 years old, Karla has become an advocate against human trafficking

Сега на 23 години таа е борец против трговијата со луѓе и ја раскажува својата приказна секаде. Во мај ја раскажа во конгресот на САД, во јули пред папата Франциск. Целта и е да помогне да се стави крај на проституирањето на младите девојчиња од централно Мексико, кои најчесто се жртви на трговијата со луѓе и потоа присилувани на проституција.

Tenancingo is known as a place where victims are taken before being eventually forced into prostitution


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази.

Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески.

Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси.

Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката

Охридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. 

31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката

Инцидентот се случил во саботата навечер кога девојката била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница.

Според неофијалните информации, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнале меѓусебна расправија.. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет.. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали.. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степени

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер