Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп - Канал 5

Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп

САД ѝ се обратиле на Кина со барање за разговори околу царините од 145 отсто што ги воведе актуелниот претседател Доналд Трамп.

Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп

Пекинг е отворен за дијалог, соопшти кинеското Министерство за трговија, сигнализирајќи можност за смирување на трговската војна.

Американската страна, според Пекинг, треба да покаже „искреност“ и да се откаже од еднострани царини, истовремено признавајќи ја потребата да се исправат „погрешните“ трговски практики. „Обидите да се искористи дијалогот како изговор за присила и уцена нема да успеат“, се наведува во соопштението.

Кина јавно го изрази својот гнев поради високите царини, тврдејќи дека тие не можат да го запрат растот на второто по големина светско стопанство. Освен преку пропагандни механизми, Пекинг создаде и листа на американски производи – како некои фармацевтски средства, микрочипови и млазни мотори – кои ќе бидат изземени од одмаздничките царини од 125 проценти.

Американски функционери, меѓу кои и министерот за финансии Скот Бесент и економскиот советник на Белата куќа Кевин Хасет, исто така изразија надеж дека наскоро ќе дојде до напредок во намалување на трговските тензии.

- Кина сака да разговара за трговијата, а тие разговори ќе се случат наскоро, изјави државниот секретар Марко Рубио за Фокс Њуз, додавајќи дека САД разгледуваат колку ќе треба да купуваат од Кина во иднина. Трамп, пак, пред два дена изјави дека постои „многу добра шанса“ за договор со Кина.

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на адаптација кон новите глобални услови, но не ја спомена САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карлеуша: „Ако сакав да тепам проститутки...“

Српската пејачка Јелена Карлеуша го обвини својот екс сопруг , поранешниот фудбалер Душко Тошиќ дека ја нападнал неа и нејзиното момче! Таа откри и дали неговата нова девојка Нора е сè уште во брак.

Карлеуша: „Ако сакав да тепам проститутки...“

Јелена Карлеуша се огласи на својот X профил, откако нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ за прв пат објави фотографија со својата нова девојка Нора.

Контроверзната Карлеуша не штедеше зборови за својот поранешен сопруг, а откри и дека Нора е сè уште во брак.

- Никогаш физички не би го нападнала мојот поранешен сопруг и неговата мажена девојка на начинот на кој тој нè нападна мене и моето момче иако долго време бевме разведени (претпоставувам дека ќе го стори тоа и нејзиниот сопруг).

Ако сакав да тепам проститутки, ќе почнев од Турција. Но, ги сакам новинарите кои се тркаат наоколу, ги фалат моите бивши, а воедно имаат амнезија за годините злоупотреба. Поради ова, ниту еден новинар нема да добие изјава од мене повторно. Сега нека ви ја дадат Карлеуш од Тему - напиша ЈК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден план

Една од сестрите Кардашијан - Џенер, атрактивната Кајли моментално престојува на егзотичните острови Туркс и Кајкос, каде што го користи своето слободно време за одмор, релаксација и правење секси фотографии. 

Фото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден план

Фотографиите од младата бизнисменка повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, но очигледно нејзе не ѝ пречат коментарите.

Напротив, таа продолжува да споделува слики од својот одмор и ужива во секој момент.

Кајли редовно ги информира своите следбеници за тоа како ги поминува деновите, па нејзините профили во последните денови се полни со фотографии од плажата и базенот.

Кајли ги радува фановите со фотки во минијатурни бикини на кои во преден план се нејзините бујни облини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругата

Еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал слави важна лична годишнина.

Фото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругата

Тенискиот шампион Рафа надал го прослави својот 40-ти роденден во интимна атмосфера со сопругата и нивните два мали сина, Рафаел Џуниор и Микел.

Тениската легенда го одбележа својот 40-ти роденден со многу ретки фотографии со сопругата Марија Франциско Перело и нивните две мали деца.

Рафаел зрачеше од среќа на прекрасна фотографија со своето семејство додека го прославуваа посебниот ден дома со чоколадна торта. Поранешниот тенисер, кој ги замагли лицата на своите деца, го држеше својот постар син, тригодишниот Рафаел Џуниор, во скут, додека неговата сопруга го држеше нивниот помлад син Микел во раце.

На друга ретка фотографија, Надал позира со широка насмевка додека во рацете ги држи синовите пред декорација со балони подготвена за да го прослави неговиот 40-ти роденден.

Тој исто така сподели трогателни видеа од неговите најблиски како ја пеат роденденската песна и го прегрнуваат.

„Ви благодарам на сите за желбите за роденденот. Беше многу посебен ден, опкружен со целото мое семејство“, напиша Надал под објавата.

Инаку Рафа и убавата Франциска својата вфрска ја започнаа пред повеќе од две децении во 2005 година.

За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во 2011 година.

Двојката беше заедно 14 години пред свадбата, а судбоносното „да“ го кажаа во Шпанија во октомври 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер