Зајкова: Најтрагично е кога некој критикува грешки на претходникот и не ги поправа кога ќе дојде неговиот ред
1Зајкова: Најтрагично е кога некој критикува грешки на претходникот и не ги поправа кога ќе дојде неговиот ред
Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
2Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
СветПекинг му одговори на Трамп: САД да не ги користат другите земји како изговор за своите интереси- Арктикот ги засега заедничките интереси на меѓународната заедница, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг. Кина денеска ги повика САД да не ги користат другите земји како изговор за остварување на сопствените интереси, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД треба да го поседуваат Гренланд за да спречат идна руска или кинеска окупација на островот. - Арктикот ги засега заедничките интереси на меѓународната заедница, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг. Таа додаде дека активностите на Кина во овој регион имаат за цел промовирање на мирот, стабилноста и одржливиот развој, повикувајќи на почитување на правата на сите држави за законити активности на Арктикот. На денешната прес-конференција, Пекинг изрази и категорична поддршка за зачувување на суверенитетот и безбедноста на Куба, како одговор на заканите од страна на Трамп. Истовремено, кинеското МНР упати поддршка до иранскиот народ за надминување на тешкотиите, потенцирајќи дека меѓународното право мора да го штити суверенитетот на секоја земја од надворешни мешања. Во однос на билатералната соработка со Канада, Пекинг очекува продлабочување на односите за време на претстојната посета на канадскиот премиер Марк Карни на Кина, закажана од 14 до 17 јануари. Ова ќе биде прва посета на канадски премиер на Кина по пауза од осум години. „Здравиот и стабилен развој на кинеско-канадските односи служи на заедничките интереси на двете земји“, истакна Мао Нинг. сТагови: Кина САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЗабаваФото: Екс тениска шампионка ужива во бикини Поранешната најдобра светска тенисерка Србинката, Ана Ивановиќ отсекогаш била на листите на најубави спортистки на светот, а многумина велат дека таа буквално заблескала по разводот од легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер.За тоа сведочат и нејзините најнови фотографии од јахта. Ана замина на одмор со пријателите, од каде што сподели провокативни фотографии со кои ги воодушеви фановите. На фотките може да се види како долгоногата Ана се сонча во минијатурно розово бикини што совршено ѝ прилега на виткото тело, а на сите фотографии не ја симнуваше насмевката од лицето. Тагови: Ана Ивановиќ бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаЗајкова: Најтрагично е кога некој критикува грешки на претходникот и не ги поправа кога ќе дојде неговиот редНајтрагично е кога некој критикува грешки на претходникот и не ги поправа кога ќе дојде неговиот ред, туку ги усовршува грешките.Во врска со носењето на новиот Кривичен законик, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, повика на правда и изјави дека ставовите на ЛДП се конзистентни во недавањето поддршка на измените на Кривичниот закон, затоа што сѐ уште сведочиме на застарување на случаите со корупција во највисоките ешалони во власта. „Но најтрагично е што во политиката кога некој ги критикува грешките на претходникот, а потоа доаѓа и истите грешки ги усовршува, наместо да ги поправи и затоа бевме сведоци на носење на уште покатастрофален Кривичен законик од тој кој што претходно се донесе, а за кој што ЛДП повторно алармираше дека е навистина лош. Но колегите од мнозинството нѐ убедуваат дека тоа е еден супер закон, за на крај пак да добиеме ‘шамар’ од Брисел, дека во тој поглед не ги исполнуваме условите, ама со тоа секојдневно народот губи пари. Како што за Изборниот закон изгуби 4 милиони евра, за неспроведување на другите реформи губи 170 милиони. И сега кој ќе ја понесе одговорноста тука?“, праша Зајкова во своето гостување на Вести Плус на Канал 5. На прашање од новинарот за можните парламентарни избори напролет, претседателката Зајкова посочува дека ЛДП е подготвена да настапи на предвремени парламентарни избори. „Зошто го велам ова самоуверено и со насмевка? Затоа што верувам во нашите предлози и знам дека 80% од граѓаните ги поддржуваат нашите предлози и за отворени листи, зад кои што не ќе може да се крие одговорноста. Таму има директно име и презиме на избраниот претставник; 80% од граѓаните поддржуваат да се укинат банкарските провизии, бидејќи банките за сметка на своите профити ги дерат луѓето со провизии и непотребни трошоци, а државата не интервенира иако неколку пати редоследно го поднесуваме законот; 80% од граѓаните се согласни со нас дека нема потреба толку заменици директорски и министерски места; 80% се согласни дека треба да се укинат тие непотребни паушали во дел од управните одбори, за електронската нараквица за насилници и низа други предлози на ЛДП. Но она што е поразително е што големите партии а сакаат по истиот изборен модел да одиме повторно на избори. Зошто? Затоа што ваквиот изборен модел очигледно им одговара затоа што земаат најмногу пари согласно ваквиот изборен модел, за да секојдневно слушаме разноразни соопштенија од кои што цревата веќе ни се превртуваат“, вели претседателката Зајкова. Неодамнешниот избор на Моника Зајкова за потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ е важен за градење на влијанието, односно презентирање на позициите на Македонија како клучен регионален конструктивен фактор, наметнување на наши идеи, помош на наши експерти да се вклучат повеќе во работата на институциите на ОБСЕ и давање на приоритет не само на Македонија, туку и на целиот Западен Балкан. „Изборот за потпретседател на Парламентарното Собрание на ОБСЕ пред сѐ, мислам дека е национална гордост, не само лична. Македонија никогаш немала на оваа позиција свој човек. Немал ни Западниот Балкан. Последен пат тоа бил Кривокапиќ од Црна Гора, во 2000-та година. Така што е навистина голем успех, а посебно го прави успехот тоа што оваа функција не се добива со именување или назначување, туку по пат на непосредни избори во кои што гласаат делегации од 57 парламенти, каде што и Светата Столица има свое почесно место. Затоа и има поголема тежина бидејќи јас бев во трка со уште седум противкандидати, така што мене навистина ми значи извојуваната победа“, вели Зајкова. Зајкова дополнува дека сите горливи прашања кои што ги мачат македонските граѓани таму можат да бидат поставени како еден од приоритетите на бордот во опсег на кој што ќе се разгледуваат. „Многу е важно да се држи високо темата за одредени држави, бидејќи гледаме како секогаш одредени држави си ги позиционираат своите агенди во меѓународните институции. Затоа е важно и Македонија да се позиционира постојано и да биде во фокус на агендата на ваквите институции“, завршува претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈужна Кореја со закон го забранува нуклеарното оружје, иако гради нуклеарни подморнициЈужна Кореја со закон го забранува нуклеарното оружје, додека истовремено гради нуклеарни подморници.Јужна Кореја планира да донесе посебен закон со кој законски ќе ја потврди својата посветеност на политиката на неширење нуклеарно оружје, додека истовремено продолжува со програмата за изградба на подморници на нуклеарен погон, пишува агенцијата „Јонхап“, повикувајќи се на информации од јужнокорејската влада. Нацрт-законот, кој Министерството за одбрана наскоро ќе го достави на јавна расправа, дефинира пет основни принципи за државниот проект за подморници на нуклеарен погон. Со неговото усвојување, Јужна Кореја за првпат во своето законодавство би вовела експлицитна забрана за развој и поседување нуклеарно оружје. Според предлогот, на владата би ѝ било забрането да развива, произведува, поседува или користи нуклеарно оружје. Забраната би се однесувала и на сите активности со нуклеарни материјали наменети за оружје, како и на постапки што би го прекршиле глобалниот систем за неширење на нуклеарното оружје. Законот, исто така, има за цел да ги ублажи загриженоста и сомнежите – првенствено во САД – дека работата на Јужна Кореја на подморници на нуклеарен погон би можела да доведе до развој на сопствено нуклеарно оружје. Тој исто така ги потврдува обврските на Јужна Кореја според Договорот за неширење на нуклеарното оружје (NPT). Законот наложува соработка со меѓународни организации за време на процесот на развој на подморниците и воспоставува строги безбедносни мерки за заштита на јавноста и животната средина од радиоактивни материјали. Проект „Jang Bogo N“ Законот е дизајниран и да го забрза самиот проект преку овозможување изземање од обврската за изработка на прелиминарна студија за изводливост и од други слични административни барања. Тој се однесува на јужнокорејската програма „Jang Bogo N“, чија цел е развој на напаѓачки подморници на нуклеарен погон што користат ниско збогатен ураниум. Проектот има одобрение од САД и се заснова на договор постигнат од лидерите на двете земји на самитот одржан минатиот октомври. Владата планира да ја лансира првата подморница во средината на 2030-тите години, а целосното оперативно распоредување се очекува во втората половина од таа деценија. Иако не се објавени официјални технички детали, извори од одбранбениот сектор укажуваат на планови за изградба на три подморници од класата со депласман од 8.000 тони.Тагови: Јужна Кореја подморница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook