Пејачката Сара Јо со своето момче уживаше во планинарењето на Златибор, - Канал 5

Пејачката Сара Јо со своето момче уживаше во планинарењето на Златибор,

Пејачката Сара Јовановиќ отпатува на Златибор со момчето Милко Бабиќ.

Пејачката Сара Јо со своето момче уживаше во планинарењето на Златибор,

На својот профил на Инстаграм таа покажа дека лудо се забавуваат и шетаат по планинските патчиња и ливади, а друштво им прави и нејзиното куче Нора.

Колку овој подвиг им беше напорен, Сара откри преку фотографија на која дури и нејзиното куче спие на подот и нема сила да се движи.

Сепак, таа на сите им стави до знаење дека најмногу ужива во чистиот воздух и тешката физичка активност токму затоа што Милко беше со неа. Тие неколку пати се фотографирале заедно додека пешачат позирајќи со широка насмевка.

извор blic.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави

На 07.08.2026 во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница.

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави

Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено.

На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А.(76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор.

По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со Романија

Беспилотно летало влегло во воздушниот простор на Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ и експлодирало во близина на границата со Романија, изјави премиерот Румен Радев.

Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со Романија

Во инцидентот немало повредени, ниту материјална штета. Дронот експлодирал на бугарска територија, на околу 100 метри од романската граница, изјави Радев по состанокот на владиниот совет за безбедност во Софија и додаде дека тимови од бугарската гранична полиција и од министерството за одбрана работат на утврдување на потеклото на дронот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Шпанија воведе гранични контроли за сите воздушни и поморски патувања од Италија. 

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута.

Шпанија вчера побара од Италија да ги повлече контролите до недела. Италијанската премиерка Џорџа Мелони го одби ултиматумот и кажа дека ќе останат најмалку до 15 август, кога, како што рече, Шпанија очекува нов бран мигранти да ја погоди Сеута.

Нејзината влада изјави дека одлуката за привремено суспендирање на шенгенскиот договор е за да се спречат мигрантите кои влегле во Сеута да патуваат кон италија. Мадрид го отфрли овој став, велејќи дека се заснова на лажни аргументи, бидејќи мигрантите кои дошле до Сеута немале начин да влезат во Шенген зоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер