Пејачката Едита Арадиновиќ објави фотографии од своето детство и проговори за своите лузни - Канал 5

Пејачката Едита Арадиновиќ објави фотографии од своето детство и проговори за своите лузни

Пејачката Едита Арадиновиќ (29) ја започна својата кариера како главен вокал на групата „Министарке“, а подоцна продолжи да настапува самостојно.

Пејачката Едита Арадиновиќ објави фотографии од своето детство и проговори за своите лузни

Таа е позната и како сестра на фолк пејачката Индира Инди Арадиновиќ, но Едита се определи за малку поинаков музички правец. Откако се појави, речиси секоја песна ѝ е хит, па поради тоа стекна популарност, но и нејзиниот приватен живот е доста застапен во медиумите. Неодамна таа повторно се најде во центарот на вниманието поради несогласувањата со својата сестра Инди, кога тие двете дури и физички се пресметаа.

Неодамна на својот профил на Инстаграм таа објави две фотографии. На едната фотографија Едита е на предшколска возраст, а на другата, пејачката е нешто повозрасна, но сепак е препознатлива, со оглед што не се променила многу до денес.

Објавата е насловена како „детство, малата јас, спомени“, но за жал, коментарите се исклучени.

Едита има албанско потекло, тоа го призна пред неколку години, иако нагласи дека е родена белграѓанка и дека така се чувствува.

- Мојот мајчин јазик е албанскиот, татко ми е од Медвеѓе, а баба ми од Сијарињска Бања. Што се однесува до мајка ми, дедо ми е од Сува Река. Потеклото ми е измешано, но јас сум родена и израсната во Белград – им одговори таа на заинтересираните фанови.

Во еден од нејзините најголеми хитови „Соба“ пејачката го опиша своето детство за кое вели дека не било лесно, особено поради разводот на нејзините родители.

- Малкумина знаат дека јас и Индира имавме тешко детство и дека носиме лузни. Во песната се зборува за моето растење и ликот на татко ми - изјави тогаш Едита за медиумите и очигледно затоа коментарите беа исклучени.

Едита ја сподели истата фотографија и на Твитер со коментар:

- Би сакал да се сретнам себеси на мала возраст и да се прегрнам најсилно што можам!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Денес сончево и топло

Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово

 Мицкоски по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица ќе го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово.

Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово

Денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица ќе го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово.

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристо Никовски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Ристо Никовски.

Ристо Никовски во „Вести плус“

Поголеми шанси за проширување или поголеми пречки пред интеграцискиот старт, кои се новите правила за членство што ги подготвува ЕУ? Што може да очекуваме од заострената реторика со Софија? На кои „тројански коњи“ мисли Кос и како дел од членките да ги почитуваат европските вредности?

Каде е Македонија среде новите геополитички потреси?

Кој ги бара, а кој не е подготвен да оди на предвремени избори?

Дејан Трајкоски во Вести Плус, со Ристо Никовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер