Пејач седна на стол, а гостите го прекрија со пари- за 46 секунди заработи богатство (ВИДЕО) - Канал 5

Пејач седна на стол, а гостите го прекрија со пари- за 46 секунди заработи богатство (ВИДЕО)

Пејачот Емир Брунчевиќ буди емоции кај луѓето со својот фантастичен вокал, а снимките од неговите настапи докажуваат колку го обожаваат.

Пејач седна на стол, а гостите го прекрија со пари- за 46 секунди заработи богатство (ВИДЕО)

Емир најчесто пее на приватни забави, родендени и свадби, а кога гостите се собираат околу него, банкнотите едноставно летаат!

Така, на TikTok се појави снимка која остави многумина без здив, објави Телеграф.

Додека Емир изведува познат фолк хит, гостите се собраа околу него, а евра, марки и динари едноставно се натрупаа пред и околу него- цело богатство.

Гостите го „прекрија“ со пари од сите страни, дури му ставија банкноти на главата, а колку бакшиш заработил во 46-те секунди од снимката е невозможно да се изброи!

@emce.nur6 ♬ Originalton - EmCe Nur

Пејачите често добиваат бакшиш на настапите, тоа е познато, но вакви сцени се ретки.

Да ве потсетиме дека додека поголемиот дел од забавната индустрија се жали на кризата и лошата летна сезона, Емир Брунчевиќ неодамна продаде дури 2.200 билети за настап во Босна и Херцеговина, во клуб кој е еден од најголемите во регионот, а цената на билетот беше 20 марки! Оваа информација беше објавена на социјалната мрежа „X“, денот по настапот на Емир, по што почнаа да се појавуваат коментари за Брунчевиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

Четири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор.

Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. 

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско.

Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец.

Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население.

Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и многу топло

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Денес сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер