Пејач на легендарен рок бенд има „мистериозна“ болест, во последен момент го откажал концертот - Канал 5

Пејач на легендарен рок бенд има „мистериозна“ болест, во последен момент го откажал концертот

Познатиот американски рок бенд Аеросмит во последен момент го откажал настапот во Лас Вегас овој петок бидејќи пејачот Стивен Тајлер не можел да настапи, а причината е „мистериозна“ болест.

Пејач на легендарен рок бенд има „мистериозна“ болест, во последен момент го откажал концертот

„Со големо разочарување сме принудени да го откажеме вечерашниот настап бидејќи Стивен не се чувствува добро и не може да излезе на сцената“, бендот накратко ги информираше фановите преку социјалните мрежи, но се очекува концертот да се одржи следната недела доколку 74-годишниот фронтмен се чувствува подобро. Фановите секако се разочарани поради откажувањето во последен момент, на само неколку часа пред настапот.

„Плативме хотел, долетавме, резервиравме вечера во скап ресторан, а потоа дознавме дека нема да се одржи концертот за кој имавме билети“, ги пренесува реакциите на гневните фанови на Page Six.

Aerosmith навистина немаат среќа со нивните настапи во Вегас, бидејќи концертите во јуни и јули беа откажани откако Тајлер беше примен на рехабилитација од дрога.

Пејачот ветеран со години се бореше со зависноста, а неколку пати беше подложен на третмани за рехабилитација и детоксикација. Последен пат се вратил на дрога по операцијата на стапалото, која јавно ја признал, а членовите на бендот Џо Пери, Том Хамилтон, Џои Крамер и Бред Витфорд му помагале од 1988 година, кога за првпат направиле заедничка интервенција и го испратиле на рехабилитација .

„Ми требаа години да престанам да им се лутам што ме принудија да одам на рехабилитација, а тие заминаа на одмор“, изјави пејачот во едно интервју во 2019 година, но додаде дека денес им е многу благодарен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44).

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи.

Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана.

Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. 

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење.

Актерка сподели снимка од прославата

Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент.

„А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото.

Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење.

Вучиќ го призна поразот

За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто.

Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер