Пехчевското здружение „Амброзија“ ќе реализира проект за зачувување на старите сорти овошки - Канал 5

Пехчевското здружение „Амброзија“ ќе реализира проект за зачувување на старите сорти овошки

Здружението „Амброзија" од Пехчево почнува со реализација на проектот за зачувување на стари сорти овошки во прекуграничниот регион Малешево и Беласица кои спаѓаат во подрачја со богата биоразновидност на животинскиот и растителниот свет.

Пехчевското здружение „Амброзија“ ќе реализира проект за зачувување на старите сорти овошки

Јасминка Пашалиска Андоновска од Здружението „Амброзија“ информираше дека проектот ќе се реализира во соработка со здруженијата „Биоматера“ од Бугарија и Македонско еколошко друштво, со точно прецизирани активности кои ќе се спроведуваат во наредните 18 месеци.

-Прекуграничниот регион на Малешево и Беласица има огромни потенцијали од аспект на био-разновидност на растителен и животински свет. Овие подрачја се дел од европскиот зелен појас и дел од заштитените подрачја. Тоа е причина што во партнерство со Био-матера од Бугарија и Македонско еколошко друштво отпочнавме проект на зачувување на старите видови овошки во Малешево и Беласица. Од таа причина ќе направиме истражување кои се тие стари видови на овошки, понатаму ќе направиме нивна инвентаризација и начин на нивна конзервација, односно начин за нивна конзервација за да сепродолжи традицијата за негување, истакна Пашалиска Андоновска.

Паралелно со истражувачкиот дел во рамки на проектот предвидени се и активности за подигање на јавната свест помеѓу населението за значењето на овие овошки за биоразновидност.

-Посебен акцент ќе биде ставен на едукација на младите за економските придобивки од користењето на овие овошки што и тоа како е значајно за овие региони, додаде претседателката на пехчевското здружение.

Проектот со финансиска подршка од ЕУ ќе се реализира преку Westbeld програмата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер