Педро Поро нема да го задржи златниот медал од Мундијалот: Тој ме носеше секаде - Канал 5

Педро Поро нема да го задржи златниот медал од Мундијалот: Тој ме носеше секаде

Шпанскиот херој нема да го задржи златниот медал: „Мама и тато работеа од 3 наутро, а тој ме носеше насекаде“.

Педро Поро нема да го задржи златниот медал од Мундијалот: Тој ме носеше секаде

Еден од најдобрите фудбалери на новиот светски шампион Шпанија, бекот на Тотенхем, Педро Поро знае кај кого ќе заврши неговиот златен медал – кај неговиот дедо.

Многу прекрасни стории се појавија во светските медиуми по освојувањето на Светското круна од страна на Шпанија.

Една од нив доаѓа од малото место Дон Бенито, сместено покрај реката Гвадијана – токму таму каде што шпанските региони Екстремадура и Андалузија се граничат со португалскиот регион Алгарве.

Во тоа мало место најдобриот десен бек на Мундијалот, Педро Поро ја однесе својата златен медал на една посебна личност.

Станува збор за неговиот дедо, кој со автомобил го возел стотици километри на тренинзи додека Педро бил дете – а Педро никогаш тоа не му го заборавил.

Денес Поро е еден од хероите на Шпанија, а неговиот дедо не можеше да ги задржи солзите кога го доби медалот.

„Ова е огромна гордост, немате претстава колкава. Мисијата е успешно завршена“, изјави трогнатиот дедо.

Педро Поро е роден во Дон Бенито, но бидејќи неговиот татко Луис и мајката Ева биле зафатени со работа, тој главно израснал со баба му и дедо му.

„Мајка ми работеше во ’Меркадона‘, а татко ми прифаќаше каква било работа што ќе ја најдеше, па затоа баба ми и дедо ми се грижеа за мене. Немаше некоја посебна причина, родителите едноставно работеа, а баба ми и дедо ми ја презедоа улогата на татко и мајка кога тие не беа тука. Секогаш се сеќавам како мајка ми заминуваше на работа во три наутро и ме носеше кај баба ми. Имавме финансиски тешкотии дома и секогаш со убави чувства се сеќавам како дедо ми ме носеше насекаде, без оглед на сè. Секогаш наоѓаше начин да ме израдува, а сега сум многу среќен што можам да му возвратам. Најсреќен сум кога можам да им возвратам за сета љубов и поддршка што ги добивав уште од самиот почеток. Бог да ве благослови; пред мене се уште многу години кариера и нив ќе им ги посветам“, изјави тој пред Светското првенство, а сега го освои и одличјето.

Педро Поро го наследи Дани Карвахал на позицијата десен бек во шпанската репрезентација и досега има одиграно 24 натпревари и постигнато два гола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. 

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.10.2026 до 09.10.2026 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. 

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Случајот е документиран и со снимка од телесните камери кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД.

Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја.

Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 05.10 до 11.10.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

ЈП ПОЦ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер