ВМРО-ДПМНЕ: Добро испланираните економските политики на Владата дават резултати, храната поевтини, инфлацијата се намали
СДСМ: Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик - целта беше изборен грабеж
1ВМРО-ДПМНЕ: Добро испланираните економските политики на Владата дават резултати, храната поевтини, инфлацијата се намали
2СДСМ: Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик - целта беше изборен грабеж
КошаркаПедесет години од формирањето на кошаркарскиот клуб ,,Тиквеш"Педесет години од формирањето на кошаркарскиот клуб „Тиквеш" беа одбележани денеска во Кавадарци. На свечената академија, одржана по тој повод, беше кажано дека во овие 50 години клубот освоил 4 титули, првак кој на два пати го освоил Купот на земјава и еднаш Библ лигата, а на три пати го зазел второто место. Пред присутните спортисти, поранешни и сегашни кошаркари, тренери, спортски работници и почитувачи на кошарката, говореше историчарот Петре Камчевски, кој и самиот своевремено бил дел од „Тиквеш", како кошаркар, но и тренер. Тој рече дека станува збор за еден од најуспешните спортски клубови во Кавадарци. Кошаркарите на клубот дале голем прилог во развојот на кошарката во Кавадарци, земјава и пошироко. – Од неговите редови излегоа репрезентативците Тодор Гечевски, кој има одиграно најголем број натпревари за Македонската кошаркарска репрезентација, репрезентативецот Врбица Стефанов, кој притоа играше и во неколку европски познати клубови. Тие двајцата биле дел од екипата и стручниот штаб, кога во 2011 година во Литванија на Европското првенство во кошарка го постигнаа најголемиот успех на македонската кошаркарска репрезентација и зедоа одличното 4 место, потсети Камчевски. Од редовите на КК Тиквеш произлегле и репрезентативецот Горан Самарџиев, кој во 1997 година беше прогласен за најдобар млад спортист во земјава, а од редовите на КК Тиквеш потекнува и репрезентативецот Ристе Стефанов. Играчите на клубот, по завршување на спортската кариера станале познати политичари, градоначалници, лекари, професори, општествени работници, стопанственици, познати и признати тренери и членови во раководството на македонската кошаркарска федерација. – Со еден збор, клубот стана расадник на успешни луѓе кои оставија белег во нашиот град и пошироко, додаде Камчевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
СветЗавршени операциите за спасување, бројот на жртви од лизгањето на земјиштето во Кина се искачи на 21 Бројот на загинати во лизгањето на земјиштето во округот Дангчанг, во провинцијата Гансу во северозападна Кина, се искачи на 21, а операциите за спасување се завршени, соопштија денеска локалните власти.Лизгањето на земјиштето се случи во вторник наутро во селото Рензанг, во општината Нанхе, при што 33 лица останаа затрупани, објави „Глобал тајмс“. По несреќата, на терен веднаш беа испратени екипи за итни случаи, противпожарни единици и припадници на службите за јавна безбедност, кои започнаа операција за пребарување и спасување. Во знак на сеќавање на жртвите, владините претставници и новинарите присутни на конференцијата оддадоа почит со едноминутно молчење. Dam wall collapses in China after heavy rain #khabraindigital #China #DamCollapse #HeavyRain #Floods pic.twitter.com/VlhJIIsyqw — Khabrain Digital (@daily_khabrain) July 8, 2026 Тагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСилен земјотрес во Кина Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди кинеската провинција Сечуан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на растојание од 19 километри од градот Џибин. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Добро испланираните економските политики на Владата дават резултати, храната поевтини, инфлацијата се намалиЕкономските политики на Владата даваат резултати, пазарот се стабилизира, цените се намалуваат, храната поевтини.Владините мерки за намалување на цените на нафтените деривати, вродија со плод, така што Македонија во континуитет беше држава со најниски цени на енергенсите, кои доведоа и до намалување на цените на прехранбените производи. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни месец изнесува 3,4%, додека споредено со мај месец годинава бележи намалување од 0,5 проценти, додека индексот на цените на мало, исто така, во однос на мај бележи намалување за 0,8%. Тоа е што е посебен успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1%. Практично, тоа што ја зголемува годишната инфлација во јуни се алкохолните пијалаци и тутунот со 9,3%, и транспортот со 6,2 проценти. Ова значи дека храната поевтини и дека основните производи за живот, граѓаните ги обезбедуваат со помалку пари. Колку за споредба со земјите од регионот, инфлацијата во Грција изнесува 3,9 проценти, во Бугарија 5,6, во Хрватска 4,5, Словенија 3,6, додека пак во Турција инфлацијата изнесува неверојатно високи 32,11%. Што се однесува на инфлацијата во другите земји од регионот, тие сè уште ги немаат објавено податоците за јуни месец. Последен податок им е за месец мај, кога инфлацијата во соседно Косово изнесувала 6,8%, во Босна и Херцеговина 5,6%, Црна Гора била подобра со инфлација од 3,6 проценти и Албанија со 3%. Од друга страна, ако ги споредиме јуни 2026 и јуни 2022 година, сега кога владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и периодот кога на власт била СДС, тогаш бројките се следни: јуни 2026 инфлацијата во Македонија е 3,4%, додека во јуни 2022 била високи двоцифрени 14,5 проценти. Ова е резултатот кога ќе споредат двете енергетски кризи, првата со нападот на Русија на Украина и втората со нападот на САД на Иран. Соодносот на инфлацијата сега со таа тогаш во 2022 година е 1:4,26. Овие не се само статистички податоци и бројки, туку одраз на реалната слика, која влада како се справила со енергетската, со растот на цените, со инфлацијата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter