Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветПедесет авиони го уништија подземниот бункер на убиениот ајатолах Хамнеи (ВИДЕО)Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека уништиле подземен бункер во Техеран каде што престојувал убиениот врховен ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Бункерот сè уште го користele високи ирански функционери, соопштија од ИДФ. ИДФ соопшти дека околу 50 израелски воени авиони фрлиле околу 100 бомби врз целта, за која велат дека се наоѓала под „лидерскиот комплекс“ на Иран во Техеран. Според ИДФ, целта се протегала низ неколку улици и вклучувала „многу влезни точки и простории за состаноци за високи членови на иранскиот терористички режим“. „Подземниот бункер бил изграден под комплексот и бил безбедна итна алатка за водење војна, која била елиминирана пред да може да се користи“, се додава во соопштението. בלב טהרן: כ-50 מטוסי קרב של חיל-האוויר תקפו הבוקר, בהכוונה מדויקת של אמ"ן ובשיתוף אמ"ץ, והשמידו את הבונקר התת-קרקעי של עלי ח'אמנהאי שהוקם מתחת למתחם ההנהגה של המשטר האיראני. pic.twitter.com/jdWupfBUd3 — Israeli Air Force (@IAFsite) March 6, 2026 ИДФ, исто така, објави снимки од нападот врз подземниот бункер. По атентатот врз Али Хамнеи, комплексот продолжил да го користат високи функционери на иранскиот режим. Иран сè уште не дал коментар, објавува Гардијан.Тагови: бункер Хамнеи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија13 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќиеВо текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 13 лица поради „безобѕирно управување со возило“.Од нив, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, и тоа од Велес, Скопје и Прилеп. Двајца возачи, од Куманово и Скопје, управувале возило под дејство на алкохол. При преземање на мерки и активности, кај возач од Скопје кој управувал возило без возачка дозвола, било констатирано дека на патничкото моторно возило предната регистарска таблица не припаѓала на возилото. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесните возачи и спречување на однесувања со кои се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поседувањето важечка возачка дозвола и управувањето со возило во трезна состојба се основа за безбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМелони повлекува црвена линија: „Не сум добрa за сите годишни времиња“Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги отфрли шпекулациите дека би можела да формира сојузи со политички сили кои се противат на воената помош за Украина.Во интервју за италијанскиот весник „Ил Фодлио“, Мелони рече дека не е подготвена да се откаже од своите верувања за политичка или изборна корист. „Џорџија Мелони сигурно не е подготвена да го стори спротивното од она што го направила или во што верува, заради политичка или изборна пресметка“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали поставила јасни црвени линии за приклучување кон коалиција. Нејзините зборови се предупредување до Роберто Ваначи, поранешен генерал кој стана екстремно десничарски политичар и отворен критичар на Европската Унија и воената помош за Украина. ❗️Meloni said in an interview with Il Foglio that support for Ukraine is not up for bargaining, even for political or electoral gain. She will not enter a coalition with those who vote against aid to Kyiv and will not change her position “for calculation.” Anyone looking for a… pic.twitter.com/ZEWHBghEqP — 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) September 13, 2026 „Кој бара премиер кој се предомислува во зависност од тоа која партија го поддржува, секогаш и исклучиво за лична корист, треба да бара некој друг. Јас сум сериозна личност и не сум добра за сите годишни времиња“, рече Мелони. Мелони ќе се соочи со гласачите на изборите следната година, откако штотуку стана премиер со најдолг мандат во италијанската историја. „За мене, во текот на овие години, од изборна гледна точка, ќе беше покорисно да не ја поддржувам Украина отколку да ја поддржувам неа. Не ја поддржував Украина за Киев, туку за Рим“, нагласи италијанската премиерка.Тагови: Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните.Додека премиерот шири розева пропаганда за наводен просперитет, суровата реалност и најновите PISA резултати покажуваат поразителна слика за Македонија: загрижувачка елементарна и функционална неписменост кај младите и целосен слом на образовниот систем. Оваа општествена хаварија директно се пресликува и во судството, каде што одлуките станаа целосно неразбирливи за обичниот човек. Во оваа држава, за ситен криминал се одговара експресно, додека за најголемите коруптивни процеси постапките немаат завршница или завршуваат со ослободителни пресуди за кои дури и не се објавуваат пишани образложенија, како што е случајот со „Талир 2“ и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. За да се види каде завршиле искрадените пари од џебот на граѓаните, не треба замислување или правни филозофии — доволно е само да се отворат очите во центарот на Скопје и да се погледнат онаа огромна камена палата со толку спратови и целиот плоштад пред неа. Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните. Власта новата учебна година ја започна со скандалозно преображение на наставните програми и слушање црковни писма наместо наука, додека прославата на независноста ја претвори во коруптивен спектакл со приватизација на државни функции. Генералната неказнивост гарантирана преку Кривичниот законик, законите заглавени со месеци, и трагичниот, животозагрозувачки недостиг на лекови на Онкологија се само потврда дека системот е целосно заглавен. По истиот овој коруптивен модел денес на сите им е јасно зошто бегаме од европските правила и зошто по истиот принцип паѓаат економијата, здравството и образованието. Во вакви катастрофални околности, Либерално-демократската партија (ЛДП) констатира дека, спротивно од празниот оптимизам на премиерот, иселувањето од Македонија не само што нема да запре, туку драматично ќе се интензивира во наредните години како директна последица на ова лошо владеење. Кој нормален човек, млад професионалец или родител би останал да живее во земја каде што ги нема основните услови за здравје, правда и заштита на сопствените деца? Единствените кои со задоволство ќе останат во ваква заглавена држава се луѓето од партиската елита на ВМРО-ДПМНЕ, кои се и единствените кои ја градат сопствената иднина врз грбот на оние кои си заминуваат. Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook