Пецас: Секогаш сме тука за поддршка на ЕУ перспективата на сите земји од Западен Балкан - Канал 5

Пецас: Секогаш сме тука за поддршка на ЕУ перспективата на сите земји од Западен Балкан

„Во овој момент би сакал да се задржиме на позитивниот факт што постои во заклучоците на Европскиот совет“.

Пецас: Секогаш сме тука за поддршка на ЕУ перспективата на сите земји од Западен Балкан

Обично таков вид иницијативи не се најавуваат, туку се прават, изјави портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на дали Грција размислува да преземе некаква иницијатива за европската перспектива на Македонија и Албанија пред Самитот во Загреб на пролет.

– Обично таков вид иницијативи не се најавуваат, туку се прават. Во овој момент би сакал да се задржиме на позитивниот факт што постои во заклучоците на Европскиот совет, односно споменувањето дека оваа тема останува отворена и ќе се разговара во временскиот момент што го споменавте, а ние сме секогаш тука да ја поддржуваме европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, рече Пецас во одговор на прашањето на МИА, со оглед на тоа дека претседателот на Европскиот Парламент денеска е во Скопје, а Атина ја поддржува и промовира Солунската агенда од 2003 за ЕУ перспективата на земјите од регионот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите, волонтерите и илјадници сограѓани, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело Скопје

- Денес повторно, околу 30.000 причини да веруваме во силата на овој град. Во најмасовната еко-акција за нашето Скопје, видовме што може да направи љубовта кон својот град кога ќе стане дело. Луѓе кои одвоија од своето време, ги засукаа ракавите и вложија труд за сите нас. За својата улица. За соседите. За децата. За нашиот заеднички дом. Тоа е Скопје во кое верувам. Скопје што се обединува, презема одговорност и со сопствени раце го менува своето секојдневие – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дена во денешната еко-акција се приклучија и угостителите, давајќи придонес во оваа голема заедничка борба за почисто и поубаво Скопје.

- На секој од вас ви благодарам од срце. Горд сум на вашата посветеност, на вашата совест и на примерот што денес го оставивте. Нашите деца заслужуваат да растат покрај зеленило и во чиста околина, а од нас да научат како се чува тоа што им припаѓа на сите. До оние што и понатаму несовесно фрлаат отпад им порачувам: почитувајте ги овие луѓе. Почитувајте го нивното време, нивниот труд и нивниот град, кој е и ваш. Секое катче што денес го исчистивме носи нечиј вложен напор. Никој нема право утре повторно да го претвори во депонија. Оваа енергија има сила да создаде трајна промена. Да почнеме од својот праг, од улицата по која минуваме, од паркот во кој играат нашите деца. Одговорноста за почист град ја покажуваме со секоја наша постапка, а за секој што намерно го загадува Скопје - нема да има толеранција. Ви се поклонувам за трудот и за големото срце. Да оставиме пример, не ѓубре – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека овие акции продолжуваат да се реализираат двапати месечно, со цел грижата за Скопје да стане наша секојдневна навика и апелираше до сите што несовесно фрлаат отпад да се почитува и чува сработеното.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасада

Малолетник, кој утрово загина по напад врз припадник на Жандармеријата пред израелската амбасада во Белград, бил уапсен во Минхен во мај под сомнение дека подготвувал терористички чин, а во јули бил депортиран во Србија.

Уапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасада

Дел од медиимите од извор во полицијата отркиваат дека малолетникот кој беше убиен пред израелската амбасада по напад врз припадник на Жандармеријата, е роден во околината на Шабац, а во мај оваа година бил уапсен во Минхен, Германија, под сомнение дека таму подготвувал терористички чин.

Потоа, во јули годинава, тој бил депортиран во Србија. Германските власти детално го испрашале малолетникот, кој им опишал како почнал да се интересира за содржини на интернет поврзани со исламскиот фундаментализам и терористички организации, како што се Ал Каеда и Исламската држава.

Откако стапил во контакт со непознато лице во Германија, тој почнал да планира напад врз еврејската заедница во Минхен.

За потсетување, министерот за внатрешни работи во техничкиот мандат, Ивица Дачиќ, изјави дека вечерва, 15 минути по полноќ, во Белград бил извршен терористички напад врз припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал Амбасадата на Израел. Поради тоа, наредено е подигнување на нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво, како и зголемување на присуството на полицијата на клучните локации.

Како што додаде тој, припадник на Жандармеријата го усмртил напаѓачот, кој бил малолетен. Нејасно е како српските безбедносни служби, првенствено БИА, дозволиле малолетникот во оваа ситуација да остане без надзор, па така да може да стигне до Амбасадата и да се обиде да убие припадник на Жандармеријата

. „Иако неговиот идентитет сè уште не е утврден, нашата служба го следеше и познато е дека тој бил поддржувач на Исламската држава. На својот профил на Инстаграм, тој имал објавено црно знаме и симболот на Исламската држава“, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека, заедно со директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетил повредениот припадник на Жандармеријата, кој се чувствува добро и денеска ќе биде пуштен на домашно лекување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок

Денес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. 

Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок

Почитувани центарци,

Почитувани претставници на медиумите,

Денес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. Влезот во објектот е предвиден од главната улица, наместо од задната страна, со што се отвора прашањето за безбедноста на пешаците и возилата. Во населба каде што паркирањето е огромен проблем, а зеленилото сè помалку, секое вакво решение дополнително го оптоварува просторот.

Господине Горан Бетон Герасимовски, ветувавте дека ќе го затворате Дебар Маало за да го заштитите квалитетот на живот на жителите. А денес, наместо да им го олесните животот, дополнително им ги отежнувате секојдневието и движењето! Каде се ветените решенија за безбедноста, паркирањето и зеленилото?

Герасимовски, граѓаните заслужуваат да знаат кој ги одобрил ваквите решенија и дали е направена соодветна процена на безбедноста. Не може да се ветува уредено и хумано Дебар Маало, а притоа да се носат одлуки што отвораат нови проблеми за луѓето што веќе живеат таму.

Дебар Маало не е простор за експериментирање на сметка на граѓаните! Бараме Општина Центар да ја преиспита безбедноста на влезот од „Рузвелтова“ и јавно да објасни како ќе ги заштити пешаците, ќе го решава паркирањето и ќе го зачува зеленилото. Жителите заслужуваат решенија, а не уште едно неисполнето ветување!

Сашо Поп-Илиоски, претседател на правна комисија на ОК Центар

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер