Пецас : Ова е организирана и координирана операција, охрабрена и насочена турските власти - Канал 5

Пецас : Ова е организирана и координирана операција, охрабрена и насочена турските власти

Портапролот на грчката влада Стелиос Пецас денеска говореше за асиметричната закана на источната граница на Грција.

Пецас : Ова е организирана и координирана операција, охрабрена и насочена турските власти

„Од минатиот петок наутро, веднаш по негативните случувања за Турција во Индлиб, Грција доби ненадеен и масовен притисок од мигранти на нејзините источни, копнени и поморски граници. Ова е организирана и координирана операција која е охрабрена и насочена од владата и властите на соседната земја.

Овој доказ е потврден:

- Со изјавите на турскиот претседател и други официјални претставници на соседната земја, имено, дека ги отвораат границите.

- Со собирањето мигранти од центарот на Истанбул, Адријанопол и на други места и нивниот бесплатен организиран превоз до границата, придружуван од турската војска.

- Според сведочењата на мигрантите - како што се евидентираат од меѓународните мрежи , во кои се наведува дека добиле упатства од турските власти за преминување кон границите.

- Според текстуалните пораки што ги добиле мигрантите на нивните мобилни телефони за наводно отворените граници.

- Од страна на турската државна телевизија која емитуваше карта со маршрути кон регионот Еврос и крајбрежјето низ грчките острови.

- Со мигрантите кои се обидоа да влезат во грчката територија користејќи солзавец што обично го користат Турските вооружени сили.

,,Забележано е и дека турската страна произведува и дистрибуира лажни вести против нашата земја, рече Пецас.,, Ваквите лажни вести беа изработени денес на наводни повреди како резултат на истрели од грчка страна. Јас категорично го негирам тоа.” ,додаде портпаролот на грчката влада.

Овие активности се преземаат против кршење на обврските на Турција според Заедничката изјава ЕУ-Турција. Наместо да ги растура мрежите на трговија со луѓе, Турција стана самата трговец со луѓе.

Од самиот почеток, Владата ги презема сите неопходни мерки за зајакнување на безбедноста на нашите копнени и поморски граници на највисок можен степен.’ , изјави денеска Пецас.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 13 години

За малолетниците на возраст од 13 до 15 години, користењето ќе биде дозволено само доколку нивните профили се поврзани со профилот на родител.

Италија сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 13 години

Италија се приклучи на растечката листа на земји кои планираат да го ограничат пристапот на малолетниците до социјалните мрежи – следејќи го примерот на држави како Австралија, Бразил и Грција – при што се очекува парламентот до крајот на годината да одобри владина уредба за ова прашање. На децата помлади од 13 години ќе им биде забрането да имаат профили на социјалните мрежи.

За малолетниците на возраст од 13 до 15 години, користењето ќе биде дозволено само доколку нивните профили се поврзани со профилот на родител. Малолетниците ќе можат да имаат самостојни профили дури откако ќе наполнат 16 години.

Амандманот има поддршка од владејачката коалиција

Овие мерки се дел од амандман на уредба за безбедност, која моментално е предмет на парламентарна расправа и се очекува да биде усвоена до крајот на декември. Амандманот – во кој увид имаше агенцијата „Ројтерс“ – сè уште не е официјално претставен, но ја ужива поддршката на десничарската коалиција на премиерката Џорџа Мелони.

Според парламентарни извори, неговото усвојување е речиси сигурно. „Овој амандман би можел да биде пресвртна точка за сите родители кои се соочуваат со дигиталната зависност кај своите деца, како и за самите малолетници“, изјави Фабио Рампели, пратеник од партијата на премиерката Џорџа Мелони, „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia).

Платформите за социјални мрежи ќе мора да ја проверуваат возраста на корисниците

Според актуелниот предлог – кој сè уште може да претрпи измени за време на парламентарната расправа – образовните апликации се изземени од забраната. Извори наведуваат дека од компаниите што управуваат со социјалните мрежи ќе се бара да ја проверуваат возраста на своите корисници, во согласност со насоките што ќе ги изготви италијанскиот регулатор за телекомуникации (AGCOM) во рок од девет месеци од стапувањето на прописот во сила.

Од компаниите за социјални мрежи ќе се бара да ги променат своите алгоритми, со оглед на растечката глобална загриженост дека нивните платформи придонесуваат за криза во менталното здравје кај децата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во своето излагање се осврна на  делот за правосудниот систем.

Панова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во своето излагање се осврна на делот за правосудниот систем, при што истакна дека за судската власт во 2027 година се планирани 3,352 милијарди денари, а како што кажа тоа е зголемување од 15,3 проценти, додека пак, за јавното обинителство се предвидени 965 милиони денари, или 8,9 проценти повеќе од 2026 година. Според неа, правдата треба да се обезбеди навремено и неселективно, а во таа насока пратеничката се осврна на Академијата за судии и јавни обвинители и Управата за извршување санкции.

,,Кога правосудна институција бара дополнителни средства, да каже колку предмети очекува повеќе да заврши, кои слабости ќе ги отстрани и како јавноста ќе го види напредокот. Не ни треба натпревар кој погласно ветува правда. Ни требаат институции коишто ќе донесат правда. Токму затоа сакам да ја издвојам Академијата за судии и јавни обвинители. За 2027 година за нејзината програма се предвидени приближно 130 милиони денари. Оваа програма сега е прикажана во рамките на Министерството за правда, додека претходно била евидентирана во разделот Судска власт. Таа промена е важна за да не споредуваме несоодветни буџетски ставки и да не извлекуваме погрешни заклучоци “, рече Панова и додаде:

,,Во тие средства се предвидуваат околу 58 милиони денари за плати и надоместоци и околу 65 милиони за стоки и услуги, вклучувајќи ја обуката и договорните услуги. А зошто е ова важно? Затоа што професионален, стручен и независен судија не се создава со партиска изјава. Се создава со квалитетно образование, сериозна селекција, континуирана обука и личен интегритет. Истото важи и за обвинителите. Инвестирањето во Академијата треба да значи вложување во професионалноста, не во нови формални процедури без резултат. Затоа очекуваме резултати. Не помалку важна е Управата за извршување санкции. За неа се планирани 2,020 милијарди денари, 16,7 проценти повеќе од претходната година.

Панова посочи дека капиталните расходи растат од 26,8 на 276,3 милиони денари, повеќе од десеткратно ниво, со најголем дел за градежна инфраструктура.

,,Во 2027 се предвидени активности за нови и реконструирани капацитети во КПД Идризово, вклучувајќи притворско и затворено одделение. И тука мојата порака е јасна: законитото извршување на санкциите е дел од владеењето на правото. Безбедност за персоналот, човечки услови, контрола врз установите и програми за ресоцијализација не се спротивставени цели. Тие се делови од еден ист систем. Државата мора да биде доследна во спроведувањето на правосилните одлуки, а истовремено да ги почитува законските и меѓународните стандарди“, вели таа, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Во понеделник, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир Костов

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер