„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
2„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
МакедонијаПецаков: Реконструкција на кеј „Македонија“, изградба на Младински културен центарКандидатот за градоначалник на општина Охрид ги посочи проектите кои се од суштинско значење за чист и зелен град, но и инвестиции со што би се зачувала традицијата и културата на градот.Кандидатот за градоначалник на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, на вечерашниот митинг во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ истакна дека градот ќе продолжи да се развива со заедничка работа, труд, визија и со конкретни дела, притоа ги наведе и проектите кои што следат во иднина како за младите така и во областа на инфраструктурата, дигитализацијата се со цел подобри услови за сите охриѓани. „Реконструиравме училишна зграда за ООУ „Кочо Рацин“ и комплетно ја опремивме, и слободно можам да кажам дека тоа е прво ново училиште изградено во Охрид од осамостојувањето на Македонија. Имаме план и програма за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид. Планираме реконструкција на Кеј „Македонија“ и дел од булеварот „Туристичка“. Изградба на нов Младински културен центар, ќе го уредиме кејот во Пештани и градскиот пазар во Охрид, ќе создадеме зелени зони и простори за семејствата! Ги дигитализираме услугите на Општината со QR-кодови за документи, онлајн плаќања, електронски услуги“, вели Пецаков. Кандидатот за градоначалник на општина Охрид ги посочи проектите кои се од суштинско значење за чист и зелен град, но и инвестиции со што би се зачувала традицијата и културата на градот. „Започнуваме со поставување фотоволтаици на сите јавни институции кои се под Локалната самоуправа. Се поставуваат модерни корпи за отпад, а домаќинствата ќе имаат можност да ги користат субвенциите од Општина Охрид за поставување на фотоволтаици. Планираме реконструкција на домовите на култура во Љубаништа, Кошишта и Радојца Новичиќ. Продолжува поддршката на нашите фестивали: Охрид Ватер Фестивал, Вино Фест, Џез Фестивал, Коктел Фест“, рече Пецаков. На крај од своето обраќање Пецаков ги повика граѓаните масовно да излезат на 19 октомври и референдумски да дадат поддршка за бројот 9, за победа во прв круг и за мнозинство во Советот на општина Охрид.Тагови: Пецаков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме!Продолжува отчетот пред граѓаните.По средбите и разговорите низ Македонија, денес Движењето ЗНАМ – За наша Македонија го продолжи отчетот под мотото “Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија” во Гостивар, каде пред граѓаните беа презентирани резултатите од досегашната работа. Пред гостиварчани, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски говореше за конкретните резултати од капиталните проекти, зголемувањето на платите и економскиот стандард, но и за едно од најважните прашања за македонската држава, европската интеграција. Во однос на капиталните инвестиции, Димитриевски посочи дека отчетот најдобро се мери преку конкретните проекти што се реализираат низ општините и кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните. „Кога зборуваме за резултати, зборуваме за нешто што граѓаните можат да го видат и почувствуваат. Во изминатиот период поддржани се повеќе од 1.200 проекти во општините, од кои дел веќе се завршени, а дел се во реализација. Тоа се улици, водоводи, канализации, училишта, спортски објекти и друга инфраструктура. Но, зад секој од овие проекти стои нешто многу поважно, подобар услов за живот, подобра услуга и нова можност за развој на секоја општина.“ порача Димитриевски. Димитриевски во своето обраќање се осврна и на мерките за подобрување на животниот стандард, нагласувајќи дека растот на економијата мора да се почувствува директно кај граѓаните. „Работиме на зголемување на платите во јавниот сектор, од административните службеници, преку вработените во образованието и здравството, до припадниците на безбедносниот сектор. Со потпишаните колективни договори и постепеното зголемување на платите, вложуваме во луѓето и во вреднувањето на нивниот труд. Подобриот стандард мора да биде резултат што граѓаните ќе го почувствуваат“ порача Димитриевски. Говорејќи за европската интеграција и односите со Република Бугарија, Димитриевски порача дека Македонија има јасна европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура, нагласувајќи дека ставот што ЗНАМ го застапува од своето основање денес е и став на Владата и државна позиција на Македонија. Тој нагласи дека ЗНАМ ја поддржува иницијативата за средба и разговор со бугарската страна, но дека Македонија повеќе нема да дозволи билатералните прашања да се претвораат во услови за нејзината европска иднина. „Ние сме за разговор, за средба и за добрососедски односи со Бугарија. Но, да бидеме јасни, за идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ нема да преговараме. Претходната власт дозволи едно билатерално прашање да биде внесено во европскиот процес и од билатерален проблем да стане европско прашање. Денес поради таквите одлуки сите ја плаќаме цената. Ние нема да ја повторуваме таа грешка. Македонија ќе оди кон Европската Унија, но во Европа ќе влеземе како Македонци, со македонски јазик, македонска култура и сопствен национален идентитет“ порача Димитриевски. На панел-дискусијата свои обраќања имаа и пратеникот Павле Арсовски, кој говореше за актуелните политички процеси и работата во Собранието, поранешниот министер за правда Игор Филков, кој се осврна на реформите во правосудството и владеењето на правото, како и заменик-министерот за дигитална трансформација Радислав Настасијевиќ Варџиски, кој говореше за процесите и реформите во дигиталната трансформација на јавните услуги. Движењето ЗНАМ продолжува со отчетот пред граѓаните низ Македонија, со порака дека резултатите мора да бидат видливи во секој град и секое населено место, затоа што Македонија не се гради само со зборови и ветувања, туку со работа што останува зад нас и со дела што граѓаните ги чувствуваат во својот секојдневен живот. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеД-р Митевска: Кардиоваскуларните заболувања се црвена зона за смрттност во МакедонијаСекој трет смртен случај лани бил резултат на кардиоваскуларни заболувања. 6.880 смртни случаи во 2025 година биле од кардиоваскуларни заболовања, или 34% од смртните случаи се на срцеви заболувања што можеле да се превенираат. Редовни контроли на кардиолог, регулирање на шеќер во крвта, висок притисок, откажување од цигари се клучни за здраво срце. Во неделата за заштита од кардиоваскуларните заболувања објаснува кардиологот Ирена Митевска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за женитеПовеќе превенција, подобар скрининг и редовни прегледи и редовна терапија– ова е пораката од третиот „Розов пикник појадок“ во скопскиот Градски парк. Здружението „Хема Онко“ потсетува дека раното откривање на ракот на дојка може да спаси живот. ,, Денес ова што го правиме ја обединува цела Македонија.Се трудевме оваа година да ја направиме како прослава на животот,,- Хема Онко- организатори Најсилните пораки, сепак, дојдоа од жените кои веќе ја поминале борбата со ракот на дојка. Тие зборуваа за стравот, неизвесноста и тешките моменти низ кои минувале, но и за поддршката и истрајноста што им помогнале да продолжат. ,,Да ја пренесуваме пораката дека за ваквите болести за Карциномот не смееме да ќутиме, значи ова не е нешто коешто треба да се сокрие како бункер со пари во ѕид.За ова треба активно зборување,масовно зборување,масивни прегледи затоа што само со поддршка ние се менуваме позитивно и остатокот од животот го поминуваме како маратонки со искуство,, - Тереза Балаловска ,, Јас како онколошки пациент веќе 5 години со тоа што веќе имав и повторување на болеста би рекла секогаш бидете позитивни, сакајте се самите себе колку тоа и да делува е егоистички не е така затоашто кога ќе сфатиме со која борба се бориме сфаќаме дека животот е на прво место, среќата и здравјето,,- Наташа Бабулова ,,За мене барем секогаш имало терапија на време и би им препорачала на останатите пациенти да не се затвараат во четири ѕида, туку да споделуваат искуства, да бараат поддршка од сите нас затоашто многу не има би им препорачала на сите девојки да прават самопрегледи барем еднаш месечно кога се тушираат затоашто самото тело дава знаци,,- Марина Камберска Но, за рано откривање не се доволни само индивидуалните прегледи. Министерот за здравство Сашо Клековски како клучен проблем го посочува недостигот на организиран скрининг за рак на дојка. ,,Во моментов главен проблем ни е скринингот за рак на дојка.Таа спрема Ревизијата што се направи од Државниот Завод за ревизија можам да кажам дека е неуспешна и дека мораме комплетно да го премислиме концептот и се надевам многу брзо со Хема-Онко ќе најдеме јазик да промовираме нешто ново за скрининг програмата. Во однос на терапијата за рак на дојка ние префрливме два лека на позитивна листа за да можат пациентите што се на хронична терапија да го земаат во аптека, за да не мора да доаѓаат на Клиниката за Онкологија,, – Сашо Клековски министер за здравство Според последните меѓународно споредливи податоци, годишно се регистрираат околу илјада нови случаи во земјава, а официјалните здравствени податоци и натаму укажуваат дека болеста е водечка причина за смрт од малигни заболувања кај жените. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05