Пецаков: Ќе направиме индустриска зона во Охрид и ќе го зголемиме бројот на туристи - Канал 5

Пецаков: Ќе направиме индустриска зона во Охрид и ќе го зголемиме бројот на туристи

Ќе направиме индустриска зона во Охрид и ќе го зголемиме бројот на туристи,  време е Охрид да ниже успеси

Пецаков: Ќе направиме индустриска зона во Охрид и ќе го зголемиме бројот на туристи

Охрид 4 години е заборавен. Нема нови проекти, нема ниту една капитална инвестиција.

Загрозен беше статусот на градот како заштитено културно наследство под УНЕСКО.

Урбаната мафија царуваше и во Охрид за 4 години се изградија преку 600 дивоградби, кои се составен дел од регистарот на дивоградби на општина Охрид, дел од нив репрезентативни и се уште видливи.

Градоначалникот се сојузи со урбаната мафија, а ги стави охриѓани и нивниот интерес во заден план.

Време е да и ставиме крај на мафијата, криминалот и корупцијата. Јас ќе бидам градоначалник на охриѓани и ќе го застапувам само нивниот интерес. Заштитата на културното наследство, грижа за животната средина и за езерото и градење само по закон. Време е за нов пристап и за грижа за заедничкото, за тоа што ни го оставила природата и нашите предци.

Нема да дозволам во 21 век по завршување на мојот мандат да се зборува за немање на водоводи и канализации. Ќе инвестираме во инфраструктурата и ќе се насочиме кон обезбедување на основните потреби за живот.

Ќе спроведам ревитализација на Студенчишкото блато, влез на Охрид во биосферен резерват и грижа за сливното подрачје на водите и реките во Охридското езеро.

Но, ако сакаме Охрид да се развива, младите да остануваат и да имаат иднина. Потребно е отворање на нови работни места, кои што ќе ги генерира новата индустриска зона во Охрид, во која и локалните компании и инвеститори би пронашле интерес да го прошират својот бизнис.

Во делот на туризмот ќе дадам максимална поддршка на угостителско туристичкиот сектор во Охрид и сите оние кои што се поврзани со туризам на некаков начин. При што со завршување на КОВИД кризата во рок од три години ќе го достигнеме највисокото ниво на бројот на туристи во Охрид, како во 2019 година и во наредните 3 години ќе го зголемиме уште за 50%. Сето ова е поткрепено и врз основа на Стратегијата за туризмот изготвена од страна на факултетот за туризам во Охрид.

Ќе инвестираме во образованието и образовната инфраструктура. А како новина и обврска за која се залагаме е обезбедување на бесплатен оброк за учениците до 5 одделение.

Како поранешен спортист поддршката за спортот и спортските клубови во Охрид ќе биде еден од врвните приоритети. И сето ова надополнето со решавање на секојдневните проблеми и побарувањата на месните заедници и охриѓани.

Време е за промени. Време е за победи. Време е да одиме напред и нижиме успеси како Охрид.

Кирил Пецаков

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стерјовски во Пустец со студенти по историја од Брисел: За положбата и предизвиците на Македонците во Албанија

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Пустец оствари средба со група студенти по историја од Слободниот универзитет во Брисел (Université Libre de Bruxelles), кои престојуваат во Албанија.

Стерјовски во Пустец со студенти по историја од Брисел: За положбата и предизвиците на Македонците во Албанија

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Пустец оствари средба со група студенти по историја од Слободниот универзитет во Брисел (Université Libre de Bruxelles), кои престојуваат во Албанија во рамки на својата студиска посета.

Целта на средбата беше студентите директно да се запознаат со историјата, положбата и современите предизвици со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија.

Стерјовски пред студентите го презентираше историскиот контекст на создавањето на албанската држава и развојот на статусот на македонското население во Албанија низ различните историски периоди. Посебен дел од разговорот беше посветен на современата положба на Македонците, остварувањето на нивните права и предизвиците поврзани со зачувувањето на македонскиот јазик, култура и национален идентитет.

Средбата продолжи со отворена дискусија во која студентите покажаа особен интерес за прашањата поврзани со правата на Македонците во Албанија, нивната политичка и општествена положба, како и механизмите за заштита и унапредување на правата на националните малцинства.

Една од темите на разговорот беше и прашањето за влијанието на Бугарија врз македонската заедница во Албанија. Стерјовски ги изнесе своите ставови за активностите и политиките преку кои, според него, Бугарија го зголемува своето влијание врз Македонците во Албанија, вклучително и преку можностите што ги создава нејзиното членство во Европската Унија. Според Стерјовски, овие активности отвораат сериозни прашања во однос на зачувувањето на македонскиот национален идентитет и спротивставувањето на процесите на асимилација.

Во разговорот било истакнато и значењето на директниот контакт меѓу студентите, истражувачите и претставниците на македонската заедница, особено во услови кога прашањата поврзани со националните малцинства често се разгледуваат од различни историски и политички перспективи.

„Ваквите средби со млади историчари се особено значајни затоа што им овозможуваат директно да се запознаат со историјата, реалноста и современите предизвици на македонската заедница во Албанија, надвор од стереотипите и едностраните толкувања“, истакна Стерјовски.

Средбата во Пустец претставуваше можност за студентите од Брисел одблизу да се запознаат со животот на македонската заедница во Албанија и со прашањата што се од значење за нејзиното зачувување и развој.

Стерјовски им се заблагодари на студентите за интересот и отворената дискусија, оценувајќи дека ваквите академски и непосредни средби придонесуваат за подобро разбирање на историјата и современата положба на Македонците во Албанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Асоцијација на специјализанти: Успехот, а не возраста беше пресуден за конкурсот

Наметнувањето на возраста како причина за неизбор за вработување на медицинскиот факултет МЕП физиологија не е поткрепено со конкурсните критериуми и создава нецелосна слика за постапката пред јавноста и не е во нечив интерес,.

Асоцијација на специјализанти: Успехот, а не возраста беше пресуден за конкурсот

Наметнувањето на возрста како причина за неизбор за вработување на медицинскиот факултет МЕП физиологија не е поткрепено со конкурсните критериуми и создава нецелосна слика за постпаката пред јавноста и не е во нечив интерес, соопштија од Асоцијацијата на специјализанти кои имале комуникација со медицинскиот факултет. Според критериумите според бодирањето успехот на кандидаите биле 9,29 и 9,21 а успехот на Василевски бил 8,20. Од асоцијацијата информираат дека тој бил вработен во ПЗУ „Медикус Хелп“ скоро 10 години.

„Неговата приватна специјализација по спортска медицина била финансирана од страна на тогашниот работодавач, ПЗУ „Медикус Хелп“. По престанокот на работниот однос во приватната установа престанало и финансирањето на приватната специјализација. Поради пролонгирање, односно незавршување на специјализацијата во рокот предвиден со Правилникот за специјализации, специјализацијата во септември 2026 година му била прекината согласно важечките прописи, согласно критериумите и бодирањето на последниот конкурс, избраните кандидати биле подобро рангирани “-„Асоцијација на специјализанти“.

Дарко Василевски продолжува со штрајкот глад и не се откажува од барањата да се ревидира изборот.

„Јас ја доплатив специјализацијата и обрзложив на факултет за моето доцнење“, изјави Дарко Василевски.

Од Медицинскиот факултет посочија дека изборот бил направен според сите критерируми и дека еднаш му било одговорно на Василевски дека наводите се паушлни и неосновани и дека враљвотувањето е според условите кои ги исполниле кандидатите. Министерот Клековски посочи дека има конкурси за работа и Василевски може да се пријави во друга здравствена институција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонските домаќинства фрлаат по 86 килограми храна годишно што е над европскиот просек

Додека секој денар за храна внимателно се пресметува, значително количество од купеното сепак завршува во канта.

Македонските домаќинства фрлаат по 86 килограми храна годишно што е над европскиот просек

Според Индексот за отпад од храна на Програмата на ОН за животна средина, македонските домаќинства создаваат околу 86 килограми отпад од храна по жител годишно – 17 килограми повеќе од просекот на домаќинствата во Европската Унија.

Колкава е навистина навиката на македонските семејства да фрлаат храна, објаснува претседателот на Банката за храна на Македонија, Душко Христов, повикувајќи се на нивните истражувања.

,,Секое семејство нека стави прст на чело да разбере дека на дневна основа фрла негде по едно евро, месечно 30 евра,годишно 360 евра и ако одиме со математиката дека сме 100 илјади семејства тоа значи над 36-40 милиони евра вредност се фрла на храна во нашите ѓубришта...На прво место фрлаат леб и лиснати, на второ сувомеснати, на трето место овошје и зеленчук..,, – Душко Христов ,претседател на Банка за храна Македонија.

Дали и колку често храната завршува во канта, прашавме и дел од граѓаните.Некои од нив велат дека најчесто се фрлаат производи што се расипале или им истекол рокот.

Во време кога дел од храната секојдневно завршува како отпад, последните податоци на ДЗС покажуваат дека 21,9 проценти од населението во земјава живее под ризик од сиромаштија, а кај семејствата со деца стапката достигнува 25,2 проценти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер