3Несудената снаа на Трамп мора да си замине- Вашингтон бара оставка од амбасадорката на САД во Грција
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЖивотПчеларска вечер организирана од Здружението „Пијанечка пчела 2" Здружувањето на пчеларите е од особена важност за надминување на предизвиците со кои се соочуваат во изминатаите години. Ова е констатацијата на претседателот на Пчеларската федерација, д-р Јане Марков, кој присуствуваше на заедничката дружба на пчеларите од Пијанец и Малеш, организирана од Здружението „Пијанечка пчела 2", која се одржа по повод одбележувањето на Св.Харалампиј, заштитник на пчеларите. -За било што да е, треба здружување. Секој ако мисли дека може сам, тоа е тешко. Ако ги земеме, овците, сама овца не може, пчелите уште помалку можат сами. Во денешно време поради климатските промени, со исхраната не им одговара, бидејќи не можат да си најдат од природата, не можат да си најдат храна, бидејќи на едноврсна храна никој не опстојува и затоа е потребно заеднички тука пчеларите да си помагаат, истакна Марков. Тој им порача на пчеларите за секоја промена што ја забележуваат на нивните пчеларници, навремено да реагираат. -Од болестите најважно е крлежот да го контролираме. Самите крлежи цицајќи ја лимфата пренесуваат и вируси, вируси на широки крила, на матицата. Сега имаме и една бубачка која доаѓа, која снесува јајца и ги уништува пчелите. Сето тоа треба да се контролира бидејќи кога нешто го држиш под контрола е многу полесно да се справиш со него. Од таа страна, треба и во тој дел да научиме ако се појави некоја болест да се консултираме, за да навреме се интервенира, додаде Марков. Годината што измина иако не била задоволителна кога е родот во прашање, според Весна Билјарска е најважно што пчелите презимиле без проблеми. -Генерално, кај нас е добро моментално, сите пчели - околу 65 ни се живи, односно немаме смртност кај нив, се развиваат одлично. Кога е родот во прашање, средно добро поминавме лани. Што се однесува за оваа година според климатските услови, годината е добра сега за сега па ќе видиме, вели Билјарска. За делчевското здружение, како што посочи неговиот претседател Јованчо Медарски, годинава ќе биде важна бидејќи се прават напори да се организира манифестацијата Денови на Пијанечкиот мед. -Планот е да се почне со едукативни активности во училиштата, а потоа да се побара поддршка од Општината истата да влезе во календарот на настани од туристичко значење, бидејќи главна цел е промоција на регионот, истакна Медарски. На заедничкиот настан пчеларите од Пијанец го одбраа пчеларот Митко Антовски за нов кум за наредната година, кога повторно на Св.Харалампиј ќе се одржи Пчеларска вечер. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено, информира УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 4 Попова Шапка, 5 Крушево, Маврови Анови, 9 Берово, Прилеп, 10 Претор, Крива Паланка, Битола, 11 Охрид, 12 Тетово, Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Штип, 13 Демир Капија, Струмица, Велес, Скопје Петровец, 15 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 8 Кавадарци, 6 Берово, Прилеп, 5 Битола, Демир Капија, 4 Виница, 3 Штип, Гевгелија, Претор, Охрид, 2 Велес, Крушево, 1 Маврови Анови, Крива Паланка. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно и посвежо. Наместа имаше повремени локални врнежи од дожд. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамИтно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар Патничкото возило Ford, Transit Custom, Tourneo Custom е предмет на отповикување поради идентификуван ризик за потрошувачите.Повлекувањето се однесува на Transit Custom, Tourneo Custom модел или модели, а видот на ризик е: Ризик од пожар. Овој случај е заведен под отповикување број 130/2026, од 13.10.2026 година. Категоријата на случај е отповикување на производи за потрошувачи. На потрошувачите кои го поседуваат овој производ им се препорачува да проверат дали нивната копија е покриена со повлекувањето и да ги следат упатствата на производителот, дистрибутерот на Форд или надлежните органи.Тагови: Форд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаРаспишана централна и меѓународна потерница по Михаилова ИваМинистерството за внатрешни работи распиша потерница по Михаилова Ива (23) од Кочани, од татко Симеон и мајка Христина двајцата од Кочани. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter