Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЖивотПчеларењето не е само производство на медПчеларењето во земјава е генерално сведено на произведување мед. Ретко кој нуди полен, матичен млеч, прополис, восок, пчелин отров, оцет, креми,… Уште поретко може да се најде мед комбиниран со семки, со афион или, на пример, со јаткасти плодови. Според одгледувачите на пчели, диверзификацијата и можностите што ги нуди пчеларството не се искористени. Палетата пчелни производи треба да се прошири, треба да се фокусираме на производи со додадена вредност, да се интензивира едукацијата и да се вложи во технологија за да се извлече максимум од оваа гранка. – Кај нас пчеларството е сведено на производство на мед. Затоа доаѓа и до разочарување на некои пчелари ако евентуално сезоната потфрли. Во такви ситуации, веднаш велат дека пчеларството не е рентабилно. Но, со мала инвестиција и поголемо вложување во едукација и знаење, може да се насочат и кон другите пчелни производи. На тој начин ќе се зголеми и профитабилноста зашто пчеларењето не е само медот, вели Горан Алексовски, пчелар од Скопско и претседател на здружението „Македонска пчела – Негорци" („MacBee"). Нацо Јовчевски, пчелар од Дихово и исто така член на „MacBee", нагласува дека од пчелите се добиваат шест производи: мед, млеч, полен, прополис, восок и пчелин отров. Но, засега, многу е мал бројот на такви пчелари, кои производуваат од сите овие производи. –Ако си професионален пчелар, ќе гледаш да правиш барем 80 отсто од овие производи. Засега такви пчелари кај нас има многу малку. Всушност, тој што е професионален пчелар, става акцент на сите овие производи, не само на медот. Јас конкретно, произведувам смеса од мед, млеч, полен и прополис, правам мед со таан, мед со афионово семе, ракија со мед и прополис. Сите овие производи се бараат и без проблем ги продавам. Тоа значи дека и при евентуално лоша година за медот, како лани, мене призводството ми е рентабилно, можам да се покријам, да компензирам, објаснува Јовчевски. Македонскиот мед квалитетен, „дивите" продавачи и климатските промени најголем проблем И Алексовски и Јовчевски се согласни дека имаме мед со извонреден квалитет и тоа на целата територија на државата, без разлика дали се работи за полифлорен или монофлорен. Сепак, продолжуваат да „висат" веќе добро познатите проблеми. Најмногу оној со „дивите" продавачи и препакувачите на мед. Од друга страна се климатските промени како една од најголемите закани за пчеларството. – И натаму голем проблем за пчеларите се дивите продавачи на мед. Фалсификаторите. Поголем дел од нивниот мед е увозен, а се носи најчесто од источно-европските држави, од Молдавија. Не би кажувал колку е квалитетен. Слично како за оној во маркетите. Многу мал дел е од домашно производство. Пакувачите користат разни маркетиншки трикови па на етикетата ставаат: „медена роса", „гроздов мед", „боров мед" – имиња што алудираат, но се многу далеку од мед. Ако внимателно се прочита декларацијата јасно се гледа дека се работи за гликозен сиуруп. Медот е производ на пчелата и толку. Затоа, уште еднаш би кажал, да не се купува мед од секаде, туку од проверен и докажан пчелар, вели престедателот на „MacBee" и уште еднаш потсетува на синтагмата – како што секој има матичен лекар, треба да има и свој пчелар. Јовчевски дополнува дека кога луѓето ќе стекнат доверба кај некој пчелар и се задоволни од произвдите, могу ретко бараат друг. Да се форсира одгледувањето на домашната македонска автохтона пчела Без дилема, двајцата тврдат дека најдобар начин за справување со климатските промени е одгледувањето на нашата автохтона медоносна пчела. Во оваа насока, укажуваат, неопходна е едукација. Посебно недостигаат квалитетни предавачи. – По фалсификаторите на мед, наш голем предизвик се климатските промени. Веќе не важат старите правила и техонологии од пред 30-40 години. Тие треба да се пренаменат, да се модифицраат. Се соочуваме со ладна пролет, а зимите се поблаги од порано. Пчелите почнуваат со развој порано, но бидејќи потоа е постудено, на пролет, стагнираат во развојот. Се пореметува физиолошкиот циклус на пчелата, но и на растенијата. Доаѓа до разидување. Не се совпаѓа развојот на пчелното семејство со фазата на цветање на одредена флора од која треба да се храни и да носи мед. Ако, на пример, багремот порано цветал во одреден период, а пчелите биле прилагодени тогаш да ја искористат таа паша, сега врската е прекината, не постои конекцијата меѓу пчелата и флората. Затоа пчеларите треба да се трудат да менаџираат со пчелните семејства, да бидат подготвени за собирање нектар од пашата кога таа цвета и да се вклучат во засадување медоносни растенија чие цветање би се совпаднало со развојот на пчелното семејство. Во краен случај и да ги селат пчелните семејства. Како и да е, во однос на климатските промени најдобро е да ја одгледуваме автохтоната македонска медоносна пчела зашто е аклиматизирана, најдбро прилагодена на овие простори, истакнува Горан. Постарите пчелари, се надоврзува Нацо, пред 15 – 20 години без селење на пчелите ваделе по 20 килограми мед од сандак, без никаков проблем, а сега, зависно од сезоната, прашање е дали стигнуваат и до десет. -Обично, на три години еднаш се погодува добра сеозна. Другите, просечно, се под 10 килограми производство, вели Јовчевски. Интерес за пчеларење има, посебно кај младите Последните пет – шест години пчеларството „живна". Има многу млади луѓе кои покажуваат интерес за одгледување пчели. Традицијата продолжува. Порано, според Нацо, со пчеларње главно се занимаваа повозрасните и оние што одеа во пензија. Им беше како хоби, занимација. На голем процент и сега им е дополнителна дејност. Малку се оние што исклучиво од тоа живеат. Но, како што додава Горан, слабо оди соработката меѓу пчеларите. Здружени се, едни во Пчеларската федерација, други во Сојузот на пчеларски здруженија. Комуникација речиси нема. Затоа можеби секторот побавно бележи прогрес. – Неодамна бев вклучен во проект за обука на 15 нови млади пчелари. Интересно е што повеќето беа жени. Мои колеги, пак, беа дел од сличен таков проект во Кавадаречко. Исто, за млади невработени лица заинтересирани за органско пчеларство. Тоа покажува дека интерес за пчеларење постои, особено кај младите, нагласува Алексовски. Сезонава солидна, медот квалитетен, произведени над 20 килограми по кошничка Тој и Јовчевски се задоволни од годинашната сезона. Проценуваат дека приносите во некои региони ќе надминат 20 килограми мед по кошничка. Горан во скопскиот регион успеал да произведе околу 15 килограми по кошничка. Веќе и ги продал количините. Нацо достигнал 20 килограми по кошничка. И неговиот мед е веќе капарисан. И во Светиниколско и во Кумановско пчеларите извадиле по над 20 килограми мед од кочничка. -Оваа пчеларска сезона беше солидна во однос на приносите. Со оглед на тоа како лошо почна годината, треба да бидеме задоволни. Можеби има помалку мед во гевгелиско-валандовскиот регион и таму приносите не се толку задоволителни, но во скопскиот, кумановскиот и струмичкиот се, вели Алексовски. Нашите пчелари се уште не можат да ги задоволат потребите на домашниот пазар поради што големи количини мед се увезуваат и се продаваат по маркетите. На потрошувачите е да одлучат дали ќе купуваат увезен или домашен мед. Цената на домашниот мед кој се продава локално, е од 350 до 600 денари зависно од регионот. Варира и цената на медот во маркетите. Според последните статистички податоци, во земјава се евидентирани над 4.135 пчелари и деловни субјекти кои одгледуваат 73.960 пчелни семејства или 2,8 кошници на квадратен километар, а годишно се произведуваат 688.000 килограми мед или околу девет килограмиг мед по кошница, што е индикатор дека расположливите потенцијали за пчеларење не се доволно искористени. Македонскиот граѓанин троши само 0,5 килограми мед годишно во споредба со жителите на Словенија или Грција кои трошат 1,2, односно 1,6 килограми годишно по глава на жител. Интересни се и податоците за смртноста на пчелите. Кај нас, но само преку зима, како што наведува Здружението за истражување на пчелите – COLOSS (кое секоја година врши анкети и мониторинг на смртноста на пчелните семејства во текот на зимата во многу земји од светот, вклучувајќи ја и нашата), загубите на пчелни семејства во текот на зимата 2017/2018 изнесуваат 13,2 отсто кај анкетирани четири проценти од македонските одгледувачи на пчели. Во однос на минатата зима 2016/2017, забележано е угинување од 22,5 проценти кај анкеитрани 11 отсто одгледувачи на пчели. – Ако се знае дека смртноста на пчелите во зимата 2017/18 во Португалија изнесува 33 отсто, процентот на загубите на пчелни семејства во Македонија од 13,2 проценти и не е така застрашувачки, но сепак треба да ги зголеми будноста и ангажираноста на македонските пчелари во иднина да ги елиминираат и сведат на минимум причините кои влијаат на смртноста на пчелите (зазимување со млада матица, примена на добра пчеларска пракса, зазимување на доволна и квалитетна количина на мед,…, објаснува Алексовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 12 Попова Шапка, 14 Зајчев Рид, Тетово, Крушево, 15 Лазарополе, 16 Струмица, Претор, 17 Велес, Скопје Петровец, Демир Капија, Гевгелија, 18 Охрид, Кавадарци, 19 Штип, 20 Виница, Берово, Прилеп, 21 Крива Паланка, Битола. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен, ветер од јужен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Шоу бизРазбојници упаднеле на имотот на Крис Хемсворт и му украле три автомобили (ФОТО)Вооружени крадци провалиле во имотот на актерот Крис Хемсворт и неговата сопруга Елса Патаки во Австралија и украле три автомобили. Провалувањето се случило во раните утрински часови во среда на имотот вреден 75 милиони долари во Брокен Хед, јужно од Бајрон Беј, каде што парот живее со своите три деца, објавува Дејли Меил. Елса Патаки ја разбудило лаење на кучињата Полицијата потврди дека добила пријава за провалата околу 7:30 часот во среда. Според извор близок до парот, Елса Патаки ја разбудило лаење на кучиња околу два часот наутро, но не се посомневала дека нешто се случува, па продолжила да спие. Дури подоцна тоа утро, откако ги прегледала снимките од надзорните камери, открила што се случило. Видеата прикажуваат четири мажи со фантоми на главите, од кои двајца се вооружени со ножеви. View this post on Instagram A post shared by Elsa Pataky (@elsapataky) Крадците скокнале преку оградата и влегле во гаражата, каде што имало автомобили каде што биле оставени клучевите. Тие украле три возила, едно BYD, едно Ram и едно Ford Raptor. Оттогаш се пронајдени две возила, едното во Кораки, на околу еден час возење од имотот, а другото во Табулам, на повеќе од два часа возење. Третото возило сè уште се бара. Имотот познат како „Тврдина Хемсворт“ Хемсворт и Патаки го купиле земјиштето во 2014 година за седум милиони долари, а потоа на него изградиле луксузен комплекс, кој меѓу локалното население добил прекар „Тврдина Хемсворт“. Имотот се простира на 4,2 хектари покрај брегот, опкружен со шума и скриен од јавноста. View this post on Instagram A post shared by Elsa Pataky (@elsapataky) Главната куќа има шест спални соби, базен од 50 метри, спа центар, приватно кино, теретана и сала за боулинг со две ленти. Имотот има и стотици соларни панели и систем за видео надзор. Двојката неодамна инвестираше речиси 150.000 долари во изградба на професионално тениско игралиште, а имотот вклучува и патека за мотокрос. Според експертите за недвижности, вредноста на имотот денес би можела значително да надмине 75 милиони долари. Полицијата ја истражува кражбата Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека истрагата е во тек. „Полицијата го обезбеди местото на настанот и започна истрага за околностите на инцидентот“, рече портпаролот. Досега никој не е обвинет за кражбата, а полицијата ги повика сите што имаат информации за случајот да контактираат со „Крајм Стоперс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во СобраниетоКолку многу е уплашена власта на Мицкоски се виде денеска и во македонското Собрание.Со ситни игранки, барање пауза и од нивниот сателит ЗНАМ и со прекршување на деловникот не дозволија опозициски пратенички прашања. Претседателот на Собранието Африм Гаши паузите ги пресмета во времето од два часа за седницата и со тоа пропаднаа пратеничките прашања. Не беше поставено ниту едно прашање. Мицкоски и неговата организирана криминална група се плашат од вистината. Паниката е огромна. Откако Мицкоски вчера беше фатен жив како лаже на надзорната расправа за Алта банка, откако на сите им е кристално јасно дека тој и Трајко Славески се главни виновници кои ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија. Никако да им стане јасно дека бегање од вистината нема и таа ќе исплива на површна. А потоа следува и одговорност, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20