Пазарот на недвижности во 2025: Скопје најатрактивно за инвестирање, најскапиот стан продаден за 166.500 евра, а најскапата куќа за 1.500.000 евра - Канал 5

Пазарот на недвижности во 2025: Скопје најатрактивно за инвестирање, најскапиот стан продаден за 166.500 евра, а најскапата куќа за 1.500.000 евра

Најактивни општини се Центар, Аеродром и Карпош, кои исто така имаат и највисоки просечни цени на становите, од 1.692 евра/м²; 1.558 евра/м² и 1.419 евра/м².

Пазарот на недвижности во 2025: Скопје најатрактивно за инвестирање, најскапиот стан продаден за 166.500 евра, а најскапата куќа за 1.500.000 евра

Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови - покажува годишниот извештај од регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижностите на Агенцијата за катастар на недвижностите.

Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваат со 33 % во вкупниот број купопродажби и дури 48 % од вкупната вредност на пазарот. Иако бројот на продадени станови е намален за 3,9 %, нивната вредност пораснала за 10,8 %.

Најактивни општини се Центар, Аеродром и Карпош, кои исто така имаат и највисоки просечни цени на становите, од 1.692 евра/м²; 1.558 евра/м² и 1.419 евра/м².

Најскапиот стан е продаден во Аеродром за 166.500 евра, а најскапата куќа е продадена во општина Центар за 1.500.000 евра.

Најскап деловен простор е продаден во општина Центар за 6.800.000 евра.

Во 2026 година се прогнозира умерен раст со зголемен интерес за инвестиции и продолжен раст на закупи.

Пазарот на недвижности во 2025 година бележи значителна активност со вкупно 33.381 реализирана трансакција, што претставува раст од 7,6 % во споредба со 2024 година.

Регистрирани се 23.470 трансакции (купопродажби), што претставува раст раст од 4 %, како и 9.911 закупи, што е зголемување за 17 % во однос на претходната година

Вкупната остварена финансиска вредност на пазарот изнесува 1,14 милијарда евра, што е раст од 12,9 % во споредба со 2024 година. Најголем дел од оваа вредност е остварен во четвртиот квартал (314 милиони евра).

Земјоделското земјиште и шумите учествуваат со 31 % во вкупни от број купопродажби, а градежното земјиште со 14 % бележи значителен раст на купопродажната вредност од 36 % во споредба со претходната година.

Куќите учествуваат со 13 % во вкупниот број купопродажби, со забележан раст на купопродажната вредност во споредба со претходната година од 37 %.

Анализата покажува дека пазарот е најразвиен во поголемите урбани центри. Најмногу трансакции се реализирани во Центар - 2.414 трансакции, Аеродром - 1.963 трансакциии, Карпош - 1.791 трансакции.

Највисоката цена за стан од квадратен метар е постигната во Аеродром (3.784 евра/м²).

Пазарот на новоградби е најдинамичен во скопските општини, а највисок скок на просечната цена на станови од инвеститор е забележан во Центар - 31 %, а во Охрид има пад од 4 %.

Пазарот на закупи во 2025 година бележи вкупна месечна закупнина со вредност од 4 милиони евра.

Во вкупниот број закупи (9.911) најголемо учество имаат становите со 35 % и бележат раст на вкупната месечна закупнина од 15 % во споредба со претходната година, потоа следуваат деловни простори со 34 % и бележат раст на вкупната месечна закупнина од 24 % во споредба со претходната година. Анализата покажува дека постои зголемена побарувачка за изнајмување.

Извештајот претставува сеопфатна анализа на состојбите и трендовите на пазарот на недвижности базирана на официјални податоци за реализирани купопродажни договори и договори за закуп. Годишниот извештај за пазарот на недвижности за 2025 година е аналитички преглед на состојбите и трендовите на пазарот на недвижности во Република Македонија за 2025 година, а анализата е базирана на официјални податоци од регистарот на цени и закупнини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска променливо облачно со дожд претпладне и сончево попладне

Времето денеска ќе биде претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност, информираат од УХМР.

Денеска променливо облачно со дожд претпладне и сончево попладне

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

3 Попова Шапка, 5 Лазарополе, 6 Маврови Анови, Битола, Крушево, 7 Крива Паланка, 8 Берово, Претор, 9 Охрид, Виница, Прилеп, 10 Куманово, Тетово, Штип, Струмица, 11 Скопје-Зајчев Рид, 12 Велес, Кавадарци, Демир Капија, Скопје-Петровец, 14 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

21 Крива Паланка, 9 Виница, 8 Берово, 4 Куманово, 1 Штип, Лазарополе.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно, во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев: 23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија

23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија, на храброста на оние што се бореа за неа и на одговорноста што ја носиме денес кон идните генерации.

Минчев: 23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија

Идеалите на македонските револуционери се трајна обврска да ја чуваме слободата, да го градиме единството и да создаваме општество во кое правдата, достоинството и еднаквите можности се темел на заедничката иднина.

Нека нивната борба биде поттик да продолжиме со верба, одлучност и посветеност кон силна, просперитетна и демократска држава, во која секој граѓанин ќе може да ја препознае својата иднина.

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Срдечно,

Горан Минчев

Министер за јавна администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија

На 23 октомври 1893 година, во тешки и неизвесни времиња, се роди Македонската револуционерна организација, која низ годините дејствувала под различни имиња, но со еден единствен код – ВМРО. 

ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија

Таа е сопатник и главен организатор на македонската револуционерна борба, обединувајќи ги стремежите на македонскиот народ за слобода, автономија и национално достоинство. Преку својата дејност, Организацијата е длабок белег во македонската историја и симбол на непокорот, пожртвуваноста и вековниот стремеж за сопствена држава.

Македонските револуционери ги поставија темелите на борбата за слобода, национално достоинство и право македонскиот народ сам да ја гради својата иднина, слободно да ги чува и негува своите традиции, јазик, култура и национална посебност, достоинствено и рамо до рамо со европските народи.

Овој ден е сведоштво за непокорот на еден народ, за силата на една идеја и за вековниот стремеж на Македонците да живеат слободни, свои на своето, во сопствена држава.

Денес, со гордост и почит, се сеќаваме на македонските револуционери, на нивната храброст, самопрегор и непоколеблива верба во правдата. Нивната жртва не смее да биде заборавена.

Денешната слобода и македонската државност се обврска што ја носиме пред сите генерации што се бореле, страдале и верувале во Македонија. Наше е да ја градиме државата со чесност, знаење, труд и одговорност, да се стремиме кон правда, демократија и просперитет, да создаваме општество во кое младите ќе имаат причина да останат, да учат, да работат и да ја остваруваат својата иднина во сопствената татковина.

Нека 23 Октомври биде потсетник дека единството не значи сите да размислуваме исто, туку да знаеме дека љубовта кон татковината, почитта кон нашата историја и грижата за идните поколенија се вредности што нè обединуваат. Ова е наследството што треба достоинствено да им го предадеме на идните генерации.

Да го чуваме она за што се бореле нашите предци, да го почитуваме она што сме и да ја градиме Македонија каква што ја посакувале генерациите пред нас, слободна, достоинствена, просперитетна.

Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!,се наведува во честитката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер