Пазарен инспекторат: Не е констатирано криење на залихите на гориво, продолжува инспекцискиот надзор - Канал 5

Пазарен инспекторат: Не е констатирано криење на залихите на гориво, продолжува инспекцискиот надзор

Не е констатирано криење на залихите на гориво, покажале контролите на Пазарниот инспекторат спроведени во изминатите три до четири дена.

Пазарен инспекторат: Не е констатирано криење на залихите на гориво, продолжува инспекцискиот надзор

Директорот на Пазарниот инспекторат Влатко Стојкоски денеска изјави дека се извршени над 300 инспекциски надзори, а кај дел до бензинските станици продолжен е инспекцискиот надзор.

- Не е констатирано дека имало криење на залихите на гориво, меѓутоа е увидено дека 30-тина бензински станици ги истрошиле залихите, престанале со точење, меѓутоа по час-два можеби и четири часа, по ново танкирање на резервоарите продолжуваат со точење на гориво. Таква беше ситуацијата во овие три четири дена, изјави Стојкоски кој денеска заедно со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова присуствува на настанот „Усогласеноста и фер конкуренцијата одат заедно“.

Во однос на најавите за намалување на ДДВ за увоз на енергенси доколку кризата потрае подолго и колку тоа би ја чинело државата, директорката на Управата за јавни приходи вели дека таквите проценки ги прави Владата во соработка со ресорните министерства.

- Управата за јавни приходи е оперативно-извршен орган. Тоа се проценки што ги прави Владата со ресорните министерства. На крајот какви ќе бидат мерките изразени преку законски решенија или други акти, ние ќе треба да ги спроведеме. Значи прашањето не може да се адресира кон УЈП во тој дел, изјави Петрова.

Од Пазарниот инспекторат најавуваат контроли и кај трговците поради можноста за зголемување на цените на прехранбените производи. Директорот на Пазарниот инспекторат очекува трговците да покажат општествена одговорност.

- Уште од денеска ќе биде формиран тим, изготвуваме Оперативен план и ќе има инспекциски надзори по маркетите, дистрибутерите, увозниците и производителите на храна така што наредниот период ќе се посветиме стрикно на тоа. Се надевам на разум кај трговците имајќи превдид дека и светот се соочува со светска економска криза и очекувам и нивна општествена одговорност. Оваа Влада во многу наврати покажала дека е партнер со трговците во смисла на обезбедување евтини кредити, овозможување фер и лојална конкуренција така што како Испекторат ќе бидеме на терен и ќе ги следиме бруто профитните маржи, рече Стојкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски за скандалот во „Македониумот“ : Ќе побарам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со Управниот одбор

Така што уште денеска ќе побарам да бидат, и членовите на управниот одбор и директорот на таа културна институција, разрешени.“

Мицкоски за скандалот во „Македониумот“ : Ќе побарам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со Управниот одбор

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случките во Македониумот, изјави:

„Ги следев тие реакции, навистина тоа коешто таму се случило, претставува нешто коешто не требало да се случи. Јас ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со управниот одбор, бидејќи таков тип на институции не треба бидат изнајмувани и користени за такви намени. Јас им се извинувам на граѓаните поради тоа што тој пропуст е направен и се случил и ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори. Така што уште денеска ќе побарам да бидат, и членовите на управниот одбор и директорот на таа културна институција, разрешени.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање

Јас немам што да додадам од она што претходните говорници веќе го кажаа. 

Мицкоски: Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање

„Добар ден и од мене, почитувани претставници на медиумите,

Јас немам што да додадам од она што претходните говорници веќе го кажаа.

Можам само да кажам дека проблеми има, наследивме илјадници би рекол проблеми, секој ден решаваме по некој проблем; еве денеска сме тука да присуствуваме на ова навистина прекрасно издание, студентскиот дом „Стив Наумов“., 1150 студенти овде ќе ја градат својата студентска иднина.

Практично, условите кои што денеска ги имаат се на навистина како што некои од претходните говорници кажаа најдобри во регионот, можеби и пошироко.

Навистина имаме европски услови, тоа кое што тие треба да го прават само да се посветат на учењето, да ги завршат студиите, се разбира и понатаму да го управуваат својот живот.

Она кое што ние како Влада го правиме додека некои седат и од страна само критикуваат без аргументи, нема поголем аргумент од испораката на проекти и исправање на пропустите и грешките од минатото. За жал се илјадници.

Работиме по приоритети, работиме врз основа на можностите кои што ги имаме на располагање. Голема благодарност до нашите партнери, Германската развојна банка, Европската Унија, голема благодарност до колегите од Владата, до вработените во студентскиот центар, во студентскиот дом тука, за трпението. Наеднаш ќе имаме 1.150 нови легла, капацитет што досега го немавме.

На крајот на овој месец, следниот месец очекуваме да се пушти и вториот студентски дом, така што во еден момент ќе имаме и повеќе од 1.500тини легла на располагање за студентите кои што до сега ги немавме, коишто ќе бидат со европски услови како што и Н.Е. амбасадорот на ЕУ, господинот Рокас кажа- state of art.

Така што еве уште еднаш нека ни е со среќа, нека ни е честито, многу научни тези, дипломски, магистерски, докторски тези да се изработуваат во овие простории, во овие студентски домови.“- изјави премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје

На 3 октомври, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, главниот град ќе живее во ритамот на „Бела ноќ“, со концерти, изложби, диџејски настапи и програма за најмладите.

Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје

Плоштадот „Мајка Тереза“ (на платото пред МОБ), на 3 октомври ќе обедини повеќе генерации публика со програма што започнува со детска песна и театар, а продолжува со концерти и музика по полноќ. Настанот е дел од „Бела ноќ 2026“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, која и годинава ќе ги поврзе градските плоштади, улици, музеи и галерии во заедничка ноќ на културата.

Програмата на плоштадот „Мајка Тереза“ започнува во 18:00 часот со детскиот фестивал „Поточиња“, а во 18:45 часот следува „Театар за тебе“, интерактивен театар за деца. Од 19:30 часот публиката ќе ја раздвижи DJ Bono, по што во 20:30 часот настапува „Допамин бенд“. Во 22:00 часот, сцената им припаѓа на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, додека од 00:00 часот музичката програма продолжува со DJ Tammy и DJ Toshevv.

Кај фонтаната „Лотус“, „Бела ноќ“ ќе донесе вечер посветена на електронската музика. Програмата започнува во 20:30 часот со Flooder & Vaso, продолжува во 22:00 часот со DJ Vecky – Fluere, а од 00:00 часот настапува Invictoz – Sempre.

На платото пред Музејот на современата уметност, од 20:00 часот, ќе се одржи „IN BETWEEN 04“, со DJ AYŪ од Берлин, DJ Peneva, DJ Stefan Strange, DJ Bole и DJ Luka, дополнувајќи ја музичката понуда на манифестацијата.

На „Боемска улица“ ќе се одржи „Боемска бела ноќ“ на која ќе настапи младиот Владмир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов.

Покрај концертните и диџејските настапи, „Бела ноќ“ ќе понуди и средби со современата ликовна и мултимедијална уметност. Во Домот на градежниците ќе бидат претставени самостојната изложба на Марија Рашковиќ и групната изложба „Вортекс“. Во Чифте амам публиката ќе може да ја посети изложбата „Пресек“ на Ирена Паскали, а во „Мала станица“ мултимедијалната изложба „Меѓу светови“ на Воскресија Андреевска.

Дел од содржините ќе започнат уште во текот на денот. Во Детскиот културен центар „Карпош“, во 09:00 часот, е најавена изложба на детски ликовни творби. Во Паркот на поезијата при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, во 12:00 часот, ќе се одржи

„Нацртај песна“, а во 19:00 часот следува изложбата „Види ја поезијата“, поврзувајќи ги литературата, имагинацијата и визуелното изразување.

Археолошкиот музеј ќе ги пречека посетителите со бесплатен влез и содржината „35 предмети, 35 приказни“, отворајќи простор за откривање на културното наследство и приказните што ги чуваат музејските предмети.

На мапата на „Бела ноќ 2026“ се и Младинскиот културен центар, Мостот на уметноста, Боемска улица, Старата скопска чаршија, Музејот на град Скопје, „Аудио култура“ и улица „Македонија“. Заедно, овие локации ќе понудат можност за поинаква прошетка низ Скопје, исполнета со уметност, музика и средби.

Вечерната програма на манифестацијата ќе се одвива од 19:00 до 03:00 часот, со одделни дневни содржини и детска програма што започнуваат порано. ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје ги покануваат граѓаните и посетителите да бидат дел од „Бела ноќ“ и да го доживеат градот преку неговата креативност и културна разновидност.

На 3 октомври – Скопје не спие!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер