Павличевиќ не е повеќе играч на МЗТ Скопје Аеродром - Канал 5

Павличевиќ не е повеќе играч на МЗТ Скопје Аеродром

- Кошаркарскиот шампион на Македонија МЗТ Скопје Аеродром спогодбено го раскина договорот со црногорскиот интернационалец Никола Павличевиќ.

Павличевиќ не е повеќе играч на МЗТ Скопје Аеродром
Инцидентот што се случи во петокот по дуелот од АБА лигата со ФМП, во кој Павличевиќ нервозен по поразот во речиси добиен натпревар влезе во конфликт со навивачите, е причината поради која клубот и кошаркарот заеднички решија дека вакво решение е најдобро во моментов за двете страни.

Навивачите се составен дел од МЗТ Скопје Аеродром и сите во клубот мораат да знаат дека ваков начин на однесување кон нив е апсолутно недозволив и дека секој израз на непочитување во иднина ќе биде санкциониран според одредбите на Дисциплинскиот правилник.

Павличевиќ одигра шест натпревари во АБА лигата за „металците“ и имаше просек од 8,7 поени по натпревар./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не ја злоупотребува Европската агенда за дневно политички поени

Европската иднина се гради со реформи и достоинство а не со национални отстапки.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не ја злоупотребува Европската агенда за дневно политички поени

СДС нема кредибилитет да зборува за Европа, по 7 години неисполнети ветувања, национални отстапки и понижувања. СДС зборува за Европа, а го кочи носењето на Изборниот законик.

СДС е партија која што бланко потпишуваше се што им беше побарано само за да се на власт, СДС ги излажа граѓаните и покрај сите понижувања не успеаја да го испорачаат тоа што ветиле и се договарале.

СДС е партијата која седум години ја убедуваше јавноста дека сите отстапки ќе донесат брз влез во Европската Унија.

Наместо тоа, државата не ги започна преговорите, а граѓаните добија разочарување, економска стагнација и масовно иселување.

СДС во недостаток на визија наместо да понуди идеи и решенија, продолжува со навреди, етикетирања и неосновани обвинувања.

Тврдењата на Богданка Кузеска дека ВМРО-ДПМНЕ е против европската иднина на Македонија се целосно неточни.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена за членство во Европската Унија, но врз основа на достоинство, заемно почитување и заштита на националните интереси, а не преку прифаќање на нови понижувања и условувања.

Денес, кога Владата на ВМРО ДПМНЕ работи на реформи, економски развој и враќање на довербата во институциите, СДС повторно се обидува да ја злоупотреби европската агенда за теснопартиски цели.

Европската интеграција не смее да биде алиби за политички манипулации, туку процес заснован на реформи, владеење на правото и заштита на државните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за европска Македонија со силни институции, развиена економија и подобар животен стандард за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Викендов „Соседски патроли“ низ општина Кисела Вода: Заедно за поголема безбедност на младите

Целта на овие активности не беше санкционирање, туку пред сè разговор, советување и превенција.

Викендов „Соседски патроли“ низ општина Кисела Вода: Заедно за поголема безбедност на младите

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од МВР - Одделението за превенција, полициските станици Кисела Вода и Драчево, претседателот на Советот, советниците, директорите на основните училишта, претставниците на советите на родители и наставници, како и општинската администрација, викендов, во вечерните часови, реализираше заеднички превентивни активности преку проектот „Соседска патрола“. Во петокот и саботата, заеднички беа посетени локациите во непосредна близина на училиштата, парковите, спортските игралишта и местата за кои граѓаните имаат потенцирано дека навечер најчесто се собираат младите.

Целта на овие активности не беше санкционирање, туку пред сè разговор, советување и превенција. Преку директни и непосредни разговори со младите, им беше укажано на важноста од одговорно однесување во јавниот простор, меѓусебното почитување и зачувувањето на јавниот ред и мир. Посебен акцент беше ставен на ризиците од меѓуврсничкото насилство, злоупотребата на алкохол и другите штетни навики кои водат кон девијантни појави.

- Безбедна општина се гради со партнерство, доверба и постојана комуникација меѓу институциите, училиштата, родителите и граѓаните. Сите сме насочени кон унапредување на јавната безбедност, а нашата цел преку овие средби е превентивно да делуваме и да разговараме со младите. Ќе продолжиме и понатаму со вакви активности, затоа што наш апсолутен приоритет се безбедноста, сигурноста и здравото растење на нашите деца и млади. Заедно градиме побезбедна, похумана и поодговорна Кисела Вода- изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Бројките не полнат фрижидери

Не можете да кажете дека СДСМ шири невистини, кога граѓаните сами гледаат.

СДСМ: Бројките не полнат фрижидери

Не треба никој да ги убедува. За ова нема лаги - само вистина.

Oрганизираната криминална група ВМРО повторно се обидува со суви бројки и пропаганда да го убеди народот дека живее подобро.

Тврдат дека имаме најниска инфлација во регионот и дека СДСМ шири паника.

Но народот не живее од статистички извештаи.

Народот живее од тоа што го гледа во продавницата, што го плаќа на каса и што му останува во паричникот.

Не можете да го убедите народот дека има пари кога паричниците им се празни.

Не можете да наполните стомак со бројки.

Не можете да наполните фрижидери со зборови.

Не можете да убедите сиромашен народ преку лаги дека е богат.

Кога потрошувачката кошничка за само две години поскапе за околу 10.000 денари, кога горивото е поскапено, кога на први во месецот граѓаните ги гледаат своите сметки и кога одат во продавница и ги гледаат цените - тогаш не помагаат никакви статистички споредби со соседите.

Минималната плата не е зголемена. Не можете да имате 600 евра, кога имате 400.

Не можете да кажете дека сме „трета економија во Европа“ и дека водечките земји од ЕУ ќе банкротираат, додека нашите граѓани стојат со часови на граница за да излезат од земјата.

Одморите и летувањата ги плаќаат на рати и на кредити.

Мицкоски и неговата криминална група не знаат кои се цените.

Кога носите часовник од 60.000 евра, гардероба од 10.000 евра, чевли од 2.000 евра и се возите со приватен (државен) авион на море, не чекате на граница затоа што имате бугарско државјанство и европски пасош - вие не ги знаете основните потреби на граѓаните и не знаете колку тешко се живее во Македонија.

Народот ја чувствува кризата секој ден. И никаква пропаганда, никакви бројки и никакви спинови не можат да ја сокријат таа реалност од луѓето кои ја живеат.

Народот го мачи сиромаштијата, а Мицкоски го мачи тоа што бројките не можат да ја сокријат маката што ја живее народот.

Народот ќе победи. Европска, а не изолирана Македонија.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер