Пауновски: Лимони има, граѓаните да не паничат, а трговците на големо и мало да не манипулираат со цените

Граѓаните да не креваат паника, зашто лимони и друго јужно овојше има, а трговците на големо и на мало да не се обидуваат да прават манипулации со цените. 

Да ја почитуваат договорената маржа од 10, односно 15 проценти, порача денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Тој напомена дека цената на лимоните треба да изнесува 70 до 110 денари, како што била до 11 март. Граѓаните, пак, кога пријавуваат, треба да бидат конкретни, да кажат точно за кој продажен објект се работи, на која улица и број. За тоа, потенцира Пауновски, служи бројот 191.

-Цената на лимоните е намалена кај сите малопродажни обејтки по контролите до петокот. Проблем имаме со увозниците, со трговците на големо. Контролите се во тек, двајца се веќе казнети. Имаме зголемување на увознта цена. Големотрговците кои се, за жал, само четворица, да знаат дека секое непочитување на владината одлука ќе значи нови, поригорозни мерки. Затоа, апел до нив да ја почитуваат одлуката и највисоката маржа да биде единствена, 10 отсто, како што е утврдено. Да не прават манипулации. Пиљарите, пак, да не се обидуваат да стават цена поголема од онаа со маржа 15 проценти, истакна Пауновски.

Во таков случај, нагласи, инспекторите ќе мора да почнат да казнуваат, а тоа никому не оди во прилог, ниту на граѓаните, ниту на државата.

-И досега има преку 100 пријави до судот, но граѓаните од тоа немаат корист. Затоа апелот е да се почитуваат одлуките за безболно да ја поминеме кризата, напомена директорот на Инспекторатот. /МИА

За Велигден претежно сончево и потопло време

Во недела и понеделник времето во земјава за најголемиот хртистикански празник Велигден ќе биде претежно сончево и потопло, соопшти Управата за хидро - метеоролошки работи.

Во вторник локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран во среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Утре времето ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температурата ќе се движи од 1 до 11 степени Целзиусови, а максималната дневна од 9 до 21 степени. Во Скопје слично време со температура до 19 степени.

Марио Гомез за изгледот на Озил: Не знам која му е целта

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил (35) се повлече од играњето на почетокот на 2023 година и оттогаш работи на трансформирање на своето тело.

Озил низ кариерата беше слаб, лесен напаѓачки играч за врска, но во последно време тренира со тегови во теретана. Резултатите се видливи, а снимките и фотографиите ги објавува на Инстаграм.

Озил ја помина својата кариера играјќи на врвно ниво. Започна во Германија, играше за Шалке и Вердер, а потоа се пресели во Реал Мадрид и Арсенал. Кариерата ја заврши во Турција. Освои десет клупски трофеи, а со германската репрезентација беше светски првак во 2014 година.

Сонародникот на Озил и пензиониран напаѓач на Баерн, Марио Гомез (38) зборуваше за физичката промена на Озил во подкастот на Билд: „Се восхитувам како се справува со тоа. Но, јас сум поддржувач на средината бидејќи доживеав осцилации во двете насоки и знам дека екстремите не водат кон ништо добро не знам која му е целта.

Не е за мене, но не е тоа поентата. Кога ќе ја завршите кариера во која сте фалени и охрабрувани со години, природно е да го барате она што ве исполнува. Месут изгледа го нашол во теретана. Играше со Роналдо и можеби помислил: „Сега имам време да станам мал Кристијано“.

Гомез зборуваше и за Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кој освои сѐ што можеше и кој е познат по својата неверојатна индивидуална работа, поради што и на 39 години се уште игра за Саудиска Ал Наср.

„Можете да мислите што сакате за Роналдо, но кога зборуваме за инфлуенсери, тој имаше позитивно влијание на цела генерација. Секој ден покажува колку труд треба да се вложите за да имате такво тело, а младите играчи го следат Веќе не пијат алкохол, во слободно време се во теретана, имаат приватен физиотерапевт и сите пијат филтрирана вода.

Посветеноста и професионалноста се многу повисоки денес и тоа има многу врска со Кристијано. Дури и Лионел Меси е на пат да стане Роналдо. Одеднаш и тој виси во теретана затоа што знае дека треба да удри гас. Тоа е моќта што социјалните мрежи можат да ја имаат“, рече Гомез.

Гомез во текот на својата професионална кариера играше за Штутгарт, Баерн, Фиорентина, Бешикташ и Волфсбург. Шест пати беше најдобар стрелец во различни натпреварувања, освои осум клупски трофеи и ја заврши својата играчка кариера во 2020 година. Денес работи како технички директор на РБ Лајпциг.

Трудница е убиена во својот дом во Лос Анџелес, требало да роди близнаци

Во Лос Анџелес е во тек истрага откако бремена жена била пронајдена избодена до смрт во нејзиниот дом, соопштија локалните власти.

Замениците на шерифот на округот Лос Анџелес одговорија на повикот во Палмдејл пред два дена.

„По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците насилно влегле во домот каде забележале крв на подот од дневната соба“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот.

Жртвата била пронајдена со убодни рани и била констатирана смрт на местото на настанот, известија од кабинетот на шерифот.

Според информациите кои за ABC News ги потврди шерифот Мајк Гомез, жртвата била бремена околу шест до седми месец и носела близнаци. За убиството се уште нема уапсен.

"Светот е суров. Не можам да го разберам ова. Таа беше добра личност", изјави за KABC Лос Анџелес Алексис Армстронг, пријателка на несреќната трудница.

притисни ентер