3Поранешна руска шпионка откри како функционира „медената стапица“- бројот 7 игра клучна улога (ВИДЕО)
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
3Ник Кенон се обидел да направи групен разговор со шесте жени, кои му родија 12 деца- настанал хаос (ВИДЕО)
МакедонијаПаунов: Карбинци се развива со инвестиции во образованието, инфраструктурата, спортот и младитеЗапочнавме и реализиравме проекти во повеќе населени места во општината.Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани на општина Карбинци, Денес како градоначалник на Општина Карбинци, стојам пред вас за да дадам отчет за сработеното. За мене, отчетноста и транспарентноста не се само зборови. Тие се обврска кон граѓаните. Обврска секој кој ја добил вашата доверба да покаже што ветил, што реализирал и што останува да се направи. Пред скоро една година ја добивме вашата доверба да продолжиме да ја развиваме Општина Карбинци. Денес сакам искрено да ви се заблагодарам за таа доверба. Но, уште повеќе да ви се заблагодарам за секоја сугестија, за секоја критика и за секој разговор со вас, затоа што токму од нив произлегуваат дел од решенијата за проблемите со кои секојдневно се соочуваме. Во изминатиот период работевме одговорно, посветено и со јасна цел – Општина Карбинци да се движи напред. И денес можеме да кажеме дека Карбинци се развива. Не само на хартија, не само преку планови и ветувања, туку преку конкретни проекти кои се гледаат на терен и кои остануваат зад нас. Започнавме и реализиравме проекти во повеќе населени места во општината. Инвестираме во образование,инвестираме во инфраструктура, инвестираме во канализација и водна инфраструктура, инвестираме во спортот, културата и младите. И, пред сè, инвестиравме во подобри услови за живот на нашите граѓани. Еден од најзначајните проекти е изградбата на новата училишна зграда во селото Радање.Ова не е само нов објект. Ова е инвестиција во нашите деца, во нивното образование и во иднината на нашата општина.Продолживме и со инвестиции во предучилишното образование. Ја доградуваме детската градинка „Кокичиња“, со што обезбедицме дополнителен капацитет за околу 100 деца. Тоа значи повеќе места за најмалите, подобри услови за згрижување и директна поддршка за младите семејства. А кога зборуваме за младите, нашата политика е јасна – сакаме младите да имаат причина да останат тука, да создаваат семејства и својата иднина да ја градат во Карбинци. Затоа воведовме конкретни мерки. 5000 денари поддршка за секое дете кое започнува во прво одделение. 5000 денари поддршка за секој ученик кој ја започнува првата година од средното образование. 5000 денари поддршка за студентите кои ја започнуваат првата година на државните универзитети. И 10.000 денари финансиска поддршка за секое новороденче. Ова можеби се финансиски средства кои на прв поглед не изгледаат големи, но за едно семејство значат поддршка во вистински момент. Тоа е нашата порака – Општина Карбинци е тука за своите семејства, за своите деца и за своите млади. Но, развој нема без добра инфраструктура. Затоа во изминатиот период реализиравме и започнавме изградба на нови улици во Карбинци и Таринци. Со поддршка од Светска банка, започнавме со изградба на уште две нови улици во село Таринци, со што продолжуваме да ја подобруваме патната инфраструктура и условите за живот во населените места. Еден од проектите на кој особено се гордееме е новата пешачка патека Таринци – Карбинци, во должина од 1,5 километри. Ова е проект кој поврзува две населени места, но пред сè создава побезбедни услови за движење на пешаците и нов простор за рекреација и физичка активност на граѓаните. Инвестиравме и во спортската инфраструктура. Ја реконструиравме училишната спортска сала, со поставување модерен спортски под и создавање нови, современи услови кои исполнуваат потребни стандарди. Затоа што сакаме нашите деца да растат здраво, да спортуваат и да имаат услови за развој на своите таленти. А спортот во Карбинци не е само инфраструктура.Тоа се и луѓето кои секојдневно работат со нашите деца. Продолживме со поддршка на ФК Карбинци, БК „Киро Ристов“, БК Карбинци и Карате клубот „Синсеј“, затоа што веруваме дека секое дете кое ќе избере спорт е дете кое избира здрава иднина. Но, една од најголемите инвестиции во овој период е и изградбата на каналот Герен во Долни Балван. Станува збор за огромен капитален проект кој решава долгогодишен проблем и ќе има значење за, заштита на животната средина како и дополнително урбан лик во ова населено место. Паралелно работиме и на регулација на реката Брегалница, со изградба на габионските прагови, со што преземаме конкретни чекори за заштита и уредување на речниот тек и подобрување на безбедноста на просторот околу самата река. Го подобруваме и секојдневниот живот во населените места. Работиме на подобрување на уличното осветлување, затоа што безбедноста и квалитетот на животот на граѓаните се создаваат и преку вакви, навидум мали, но исклучително важни работи. Посветуваме внимание и на животната средина и на енергетската ефикасност. Продолжуваме со субвенции за набавка на клима-уреди и субвенции за пелети за домаќинствата, со што им помагаме на граѓаните да ги намалат трошоците и да создадат подобри услови за живеење. Но, една општина не се гради само со улици, објекти и инфраструктура. Општината ја прават и луѓето. Затоа во изминатиот период посветивме внимание и на културата, традицијата и заедничкиот живот.Организиравме и поддржавме културни настани, одбележување на празници и манифестации кои ја негуваат нашата традиција и културно наследство. Посебно место има и нашето Играорно друштво „ЕуроАрт“, кое со својата работа ја претставува Општина Карбинци и ја чува традицијата на нашите простори. Затоа што Карбинци треба да биде општина во која не само што се гради, туку и се живее, се создава и се негува заедништвото. Почитувани граѓани, Една година можеби и не е долг период. Но, една година е доволна за да се покаже дали постои волја, работа и сериозна динамика. А денес зад нас имаме конкретни резултати. Нова училишна зграда. Доградба на градинката „Кокичиња“. Нова пешачка патека од Таринци до Карбинци. Нови улици во овие населени места. Две нови улици со поддршка од Светска банка. Реконструирана спортска училишна сала. Капитален проект – канал Герен во Долни Балван. Регулација на Брегалница. Подобрено улично осветлување. Поддршка за учениците, студентите, младите семејства и новороденчињата. Поддршка за спортот, културата и традицијата. Тоа е само дел од она што го направивме. Но, ова не е крајот. Напротив. Ова е само една година од мандатот и пред нас е уште многу работа. Ќе продолжиме со изградба и реконструкција на инфраструктурата. Ќе продолжиме да инвестираме во образованието и детската заштита. Ќе продолжиме да ги поддржуваме младите и семејствата. Ќе продолжиме да инвестираме во спортот и културата. Решавајќи нормално и проблеми кои со години ги оптоваруваат нашите населени места. И ќе продолжиме да работиме за секое едно населено место во Општина Карбинци. Нашата цел е јасна – модерна, развиена и функционална Општина Карбинци. Општина во која младите ќе имаат услови да останат. Општина во која семејствата ќе имаат поддршка. Општина во која децата ќе имаат подобри услови за образование и спорт. Општина во која секое едно населено место ќе добива внимание и ќе се инвестира. Знам дека има уште многу проблеми. Знам дека има уште многу барања од граѓаните. И знам дека не може сè да се реши преку ноќ. Но, најважно е што Карбинци се движи напред. Ќе продолжиме да се движи напред. Со работа. Со инвестиции. Со одговорност. Со чесен однос кон јавните средства. И со директна комуникација со граѓаните. Затоа што довербата ја добив од вас и ја сметам за обврска. Обврска секој ден да работам за нашата општина Карбинци. За нашите населени места. За нашите деца. За нашите млади. За нашите семејства. И за иднината на целата нашата Општина Карбинци. Ви благодарам за довербата.Ви благодарам за поддршката. Продолжуваме да работиме.Заедно да ја градиме Карбинци каква што ја заслужуваат нејзините сограѓани. Виктор Паунов, градоначалник на Општина КарбинциТагови: Виктор Паунов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУпад на маскиран разбојник во продавница- пукал три пати кон маж, а тогаш настанал пресврт (ВИДЕО)Мустафа Болат (29) извадил пиштол од 9 мм и отворил оган врз Али Унлу во продавница во Вуд Грин, северен Лондон, по расправија со семејството на жртвата.Еден од истрелите бил испукан само неколку сантиметри од главата на Унлу, но неверојатно, сите три куршуми ја промашиле жртвата. Инцидентот е снимен со безбедносните камери на продавницата. Снимката го покажува Унлу како се врти непосредно пред разбојникот да отвори оган. Потоа жртвата возвраќа и почнува да се бори со напаѓачот. Двајцата се туркаат и влечат еден со друг сè додека не паднат врз фрижидер со пијалоци, испраќајќи корпи со овошје што летаат во сите правци, објавува Дејли Меил. Болат бил уапсен и обвинет за обид за убиство, но поротата го ослободила од обвинението откако тврдел дека „само се обидувал да ја исплаши“ жртвата. Тој бил ослободен и од обвинението за поседување огнено оружје и муниција со намера да се загрози животот. Болат му рекол на судот дека не сфатил дека оружјето што го држел е „вистинска смртоносна машина за убивање“. Тој исто така тврдеше дека снимките од безбедносните камери покажуваат дека претходно имал можност да го убие Унлу и дека тоа не му била намера. Тој се изјасни за виновен за поседување огнено оружје со намера да предизвика страв од насилство и беше осуден на затворска казна во Олд Бејли во Лондон во петок, 6 ноември. Снимките од безбедносните камери, прикажани за време на судењето, го покажуваат Болат како влегува во продавницата во март и испука три истрели, пред Унлу да го фати и да го турне кон полиците на фрижидерот. Here's gunman Mustafa Bolat firing three shots in a corner shop to terrorise Ali Unlu at the WG Express convenience store in Wood Green. Mr Unlu fought back as the two men sprawled in the fruit section, sending apples spilling to the floor.https://t.co/0fpjMx9HnU https://t.co/DVTzcYcEe2 — CourtNewsUK (@CourtNewsUK) November 9, 2026 „Болат станува и го насочува пиштолот кон Унлу, кој инстинктивно ја подава десната рака и ја крева левата рака на Болат, која го држи пиштолот. Двајцата продолжуваат да се борат, паѓаат на ладилник, а потоа се движат кон дното на екранот“, рече обвинителот Николас Александар. Потоа напаѓачот е виден како мирно ја напушта продавницата, додека жртвата фрла шише во негов правец. Александар додаде: „Како што можете да замислите, имало голем број повици на 999 од луѓе кои пријавиле пукање во продавницата WG Express“. Болат, кој живее во Тотенхем, ѝ рече на поротата: „Не сум чудовиште, не сум ангел. Правам грешки како и сите други. Бев глупав што извршив сериозно кривично дело. Не се обидувам да го минимизирам кривичното дело што го извршив, само сакам да бидам сигурен дека поротата знае дека не сум убиец.“ Напаѓачот имал претходна пресуда за тешка телесна повреда во врска со напад со нож на 14 јули 2017 година. За време на вкрстеното испрашување на Болат, обвинителот рече: „Ова беше инцидент каде што возевте автомобил, а пред вас имаше друго возило. Во таа пригода имавте кујнски нож со вас.“ „Излеговте од вашиот автомобил, ја ставивте раката низ отворениот прозорец на автомобилот пред вас и замавнавте со ножот кон возачот на тој автомобил.“ „Возачот во таа пригода претрпе две повреди, на ногата и зглобот. Значи, вие сте лице способно да користи оружје.“ Болат беше уапсен додека возел автомобил, иако претходно му беше забрането да вози. Со тоа, тој ги прекрши условите на 12-месечна условна казна изречена во период од две години за опасно возење и одбивање да даде примерок за тестирање за алкохол и дрога. Во писмо до судијата, осудениот изрази каење и рече дека сега сака да води „законски живот“. Судијата Сајмон Мајо го отфрли тврдењето на Болат дека не знаел дека пиштолот всушност е функционален. „Уверен сум дека знаевте дека е вистинско огнено оружје“, рече судијата. „Влеговте во продавницата, го репетиравте пиштолот и го насочивте кон г-дин Унлу. Следеше жестока борба за време на која од пиштолот беше испукано неколку пати. Последиците лесно можеа да бидат катастрофални. Фактот дека никој не беше убиен или сериозно повреден беше во голема мера прашање на случајност.“ „Намерно внесовте наполнето огнено оружје и беше очигледно дека некој може да биде убиен или сериозно повреден. Целта на внесувањето на тоа оружје во продавницата беше да се заплаши и да се предизвика страв.“Тагови: продавница разбојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаИнфлуенсер понижувал сиромашен работник за да добие кликови- наместо да го понижи, добил 800.000 долари (ВИДЕО)Типичен работен ден во американската држава Мичиген се претвори во непријатно искуство за татко на четири деца, кој се обидуваше да ја заврши работата и да се врати кај своето семејство. Додека редеше замрзнати пици во супермаркет, еден млад човек му се приближи со телефон и реши да се пошегува на социјалните мрежи. Меѓутоа, она што требаше да биде уште едно вирално видео заврши на сосема неочекуван начин. Наместо да му се смеат на работникот, луѓето од целиот интернет застанаа на негова страна и започнаа кампања за собирање средства што надмина 760.000 долари. Според „Американ Форчун“, работникот познат како Волт З. немал поим дека еден од најнепријатните моменти на работа ќе му донесе толку многу поддршка од странци. „Мојот живот е веќе доволно тежок“ Сè започна кога младиот човек што го снимаше побара да му каже колку е часот. Кога Волт го извади телефонот, непознатиот инфлуенсер го приближи својот уред до него и пушти звук што имитираше успешно плаќање преку системот Apple Pay. Потоа рече дека штотуку зел десет долари од него. Всушност, не беа префрлени пари. Целта беше да се предизвика реакција од работникот и да се сними неговата збунетост или лутина. На почетокот, Волт се обиде да ја прекине непријатната ситуација и да продолжи да работи. Сепак, младиот човек повторно му се приближи и овој пат рече дека му зел дваесет долари. Во тој момент, работникот го изгуби трпението. - Мојот живот е доволно тежок. Немам време за вакви работи - рече тој, видливо вознемирен. Објасни дека неговите деца веќе си легнале, дека требало да биде дома еден час порано и дека следниот ден има нов работен ден. Морал да стане во пет часот наутро за да посети уште десет продавници. И потоа изговорил реченица што особено ги погодила луѓето кои подоцна го гледале видеото. - Веројатно заработувате пари од ова, а јас не можам ниту да ја платам хипотеката. Имам четири деца дома. Ова не е смешно! - рече работникот. View this post on Instagram A post shared by cmnewz (@coremedianewz) Интернетот одлучи да му помогне Видеото брзо почна да се шири на социјалните мрежи, но јавната реакција не беше она што веројатно го очекувал шегаџијата. Наместо да се исмева работникот, имаше гнев поради неговото понижување и излив на поддршка за човек кој отворено зборуваше за финансиските тешкотии на неговото семејство. Еден од луѓето кои беа особено погодени од видеото беше Лук Оукеншилд, воен ветеран кого Волт никогаш порано не го запознал. Тој одлучи да започне кампања GoFundMe на 27 октомври за да собере пари. Реакцијата беше релативно скромен првиот ден, но ситуацијата се промени многу брзо. До следниот ден беа собрани околу 5.500 долари, потоа износот надмина 100.000 долари, а до 30 октомври достигна половина милион долари. Според податоците објавени од Fortune на 2 ноември, кампањата собра 761.514 долари преку донации и ветувања. Меѓу донаторите беше и американскиот претприемач и политичар Вивек Рамасвами, кој придонесе 38.000 долари. Човекот кој ја започна кампањата живее во својот автомобил Постои уште еден необичен детаљ во целата приказна. Имено, човекот кој ја започна кампањата за помош на Волт, самиот се соочува со сериозни животни тешкотии. Оукеншилд изјави дека нема постојан дом и живее во својот автомобил. И покрај ова, тој одлучил да му помогне на еден потполно непознат човек чија ситуација длабоко го погодила. Тој објасни дека ја започнал кампањата затоа што добро знае што значи да се бориш со животните проблеми и дека не очекувал поддршката да достигне такви размери. Откако дознал за неговите околности, еден пријател започнал посебна кампања за да му помогне и него. Организаторот истакнал дека платформата GoFundMe го следи собирањето средства наменети за Волт, за да можат парите да стигнат до него. Компанијата стои зад вработениот За време на непријатната средба, Волт се плашел дека инцидентот може да му предизвика проблеми на работа. Сепак, Schwan's, кој е сопственик на брендот за замрзната пица Red Baron, јавно го поддржал својот вработен. Компанијата соопшти дека го контактирала за да провери како е и дека продолжува да го поддржува. На социјалните мрежи беше објавена и порака, во која се наведува дека Волт сè уште работи за компанијата и има база на обожаватели, вклучувајќи ги и неговите работодавци. Во меѓувреме, Инстаграм профилот од кој првично беше објавено видеото со шегата е избришан. Приказна што допре до милиони Fortune истакнува дека силната јавна реакција не е поврзана само со несоодветното однесување на авторот на видеото. Ситуацијата на Волт им потсети на многу Американци на нивните сопствени финансиски проблеми. Според анкетата на CNBC и SurveyMonkey од јули 2026 година, 63 проценти од Американците рекле дека живеат од плата до плата. Во такви околности, приказната за човек кој работи со полно работно време, издржува четири деца и се бори да го отплати хипотеката предизвика големо сочувство. Самиот Волт им се заблагодари на донаторите и рече дека поддршката што ја добиле тој и неговото семејство значи повеќе отколку што можат да изразат зборовите. Тој исто така нагласи дека сака да ја зачува приватноста на своето семејство, поради што засега најчесто се држи подалеку од јавноста. Приказната што започна со обид за понижување на еден работник, така, имаше сосема поинаков крај. Наместо да стане предмет на потсмев на интернет, таткото на четири деца ја доби поддршката од илјадници странци, кои решија да му помогнат да ги надмине финансиските тешкотии.Тагови: инфлуенсер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран ги отфрли обвинувањата за хакерски напади на фрижидери во 700 француски маркетиТехеран ги отфрли обвинувањата од Париз дека стои зад неодамнешната серија сајбер напади врз фрижидерите на француските супермаркети. Иранското Министерство за надворешни работи ги нарече таквите тврдења неосновани и пристрасни и објави дека најостро ја осудува „истрошената политика на Франција за обвинување против Иран“, пишува Politico. Францускиот министер за дигитална транзиција Жан-Ноел Баро вчера изјави дека Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран е одговорен за невидени сајбер напади врз неколку трговски ланци минатиот месец. Баро додаде дека Париз не исклучува никакви опции како одговор на нападите што погодија 700 локации за дистрибуција на храна. „Ќе ги преземеме сите мерки што сметаме дека се соодветни и неопходни за да ги одвратиме идните напади и да ги казниме одговорните за оваа неприфатлива агресија, вклучително и оние што нема да ги објавиме во јавноста“, рече министерот. وزارت امور خارجه اتهامهای بیاساس و مغرضانه دولت فرانسه علیه ایران مبنی بر مشارکت در اقدامات ادعایی سایبری در فرانسه را کاملا مردود دانسته و سیاست نخنمای اتهامزنی علیه ایران را شدیداً محکوم میکند.. https://t.co/B8idaglHxB — وزارت امور خارجه (@IRIMFA) November 10, 2026 Истрагата се фокусираше на Револуционерната гарда Амбасадорот на Иран во Франција е повикан во Министерството за надворешни работи откако француските обвинители објавија дека отвораат истрага за хакирање. Според француските истражители, нападите ги извршила иранската сајбер единица Шахид Каве, која е поврзана со Револуционерната гарда. Париското обвинителство соопшти дека истрагата ќе се фокусира на шефот на тоа одделение. Наведоа и дека поради сајбер нападот избувнале дваесетина пожари. „Напаѓачите од далечина ја презедоа контролата врз опремата преку веб-интерфејсот и започнаа ненормални циклуси на одмрзнување со неограничено времетраење. Тие, исто така, ги исклучија безбедносните предупредувања на сензорите кои требаше да се активираат откако температурата ќе надмине одредена граница“, се вели во соопштението. Дискусија на ниво на ЕУ Претседателката на Европскиот совет Каја Калас вчера најави дека наводните ирански хакерски напади ќе бидат разгледани на состанокот на Советот за надворешни работи следната недела. Таа рече дека одговорот на Европа треба да биде силен доколку се потврди кој стои зад нападот. Европската комисија исто така ги истражува овие напади. Европскиот комесар за земјоделство и храна Кристоф Хансен ги опиша како „намерен обид да се наруши нашиот синџир на снабдување со храна“.Тагови: маркети фрижидери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter