Сиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во Турција
2Сиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во Турција
КошаркаПау Гасол заминува од НБА , се враќа ли во Барселона ? Пау Гасол веќе не е играч на Портланд Треј Блејзерс. Денеска беше објавено дека дошло до пријателско раскинување на договорот на НБА клубот со еден од најдобрите европски кошаркари."Од денес, јас веќе не сум член на Портланд Трејл Блејзерс. Повредата со која се мачам и имав операција во мај трае од шест до 12 месеци за да заздрави. Се надевав дека закрепнувањето ќе биде побрзо, но за жал трае подолго. Знаевме дека ова е можно, па се договоривме дека клубот може да ме отпушти за да има место да доведат друг играч кој би можел веднаш да помогне.„изјави Гасол, истакнувајќи дека тој исто така се подготвува за тренерска улога и покрај тоа што сè уште сака да игра. Сега каталонскиот портал ЕСпорт соопшти дека Барселона е подготвена да му понуди на Гасол место во екипата. Како 20-годишник, Гасол брилираше во тој клуб пред да замине во НБА лигата каде со Лос Анџелес Лејкерс освои две титули. Барселона изгради фантастичен состав оваа сезона и има за цел да ја нападне титулата во Евролигата. Гасол ќе ги добие потребните минути таму, според ЕСпорт, за да му помогне на кошаркарот да се подготви за Олимпијадата следната година и настапот во дресот на шпанската репрезентација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФаталната русокоса и девојка на кошаркарот на Монако го покажа своето извајано телоПоранешната навивачка на литванскиот Жалгирис Габија Карабинаита повторно успеа да привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Атрактивната русокоса објави нова серија фотографии од плажа на кои позира во минијатурно бикини и со одбојкарска топка, а нејзините следбеници не останаа рамнодушни. Со години, убавицата од Литванија важеше за едно од најпрепознатливите лица меѓу навивачките на Жалгирис. Нејзините настапи во познатата „Жалгирио Арена“ честопати привлекуваа речиси исто толку внимание како и настаните на паркетот, поради што таа доби голем број следбеници на социјалните мрежи. Сепак, во последните месеци нејзиниот живот целосно се промени. Откако започна врска со кошаркарот на Монако, Џерун Блосомгејм, таа се пресели во Кнежевството, каде што максимално ужива. Во едно интервју откри дека нивната љубовна приказна започнала сосема спонтано – со порака на Инстаграм. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаStreet View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата„Google Street View“ се враќа во Македонија за обемно обновување на сликите од Street View со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на Google Maps. Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, Street View повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на Македонија и ќе го направи подостапен за луѓето насекаде. Македонија е место каде што богатото културно наследство се среќава со секојдневната урбана трансформација. Историските знаменитости, природните богатства, растечките населби и променливата патна инфраструктура се дел од динамичниот карактер на земјата. Редовното освежување на сликите од Street View помага да се осигури дека Google Maps продолжува да ги одразува овие промени со поголема точност, релевантност и детали. Со ова најново освежување се опфатени околу 13 000 километри низ целата земја, вклучувајќи ги Скопје, Охрид, Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Струга, Струмица и други градови. Ажурираните слики ќе ги направат „Google Maps“ уште покорисни за жителите, бизнисите и посетителите кои секојдневно се потпираат на нив за навигација, планирање патувања и откривање нови места. Новите слики ќе понудат и свеж поглед на контрастите што ја прават Македонија толку препознатлива, од современите урбани простори и прометни патишта, историските места како што се Скопската тврдина и Аквадуктот, препознатливите градски знаменитости, вклучувајќи го Камениот мост и Мостот на уметноста, како и природните и културни пејзажи, а меѓу нив и Охридското Езеро што зазема посебно место, како дел светското наследство на УНЕСКО. Street View им овозможува на луѓето виртуелно да истражуваат улици, населби и дестинации пред да ги посетат лично. Без разлика дали однапред проверуваат рута, бараат локален бизнис, планираат патување или откриваат обележје, обновените слики ќе помогнат во полесна навигација, посигурно планирање патувања и побогато разбирање на местата низ целата земја. Google е посветен на заштита на приватноста на корисниците. Пред објавувањето на собраните слики, се користи напредна технологија за автоматско замаглување на лицата и регистарските таблички на возилата. Street View вклучува функција за барање за замаглување на одредени слики (како што се лица, возила, куќи итн.) со кликнување на опцијата „Report a problem“ што се наоѓа во долниот десен агол на објавените слики на Google Maps. Повеќе информации за Политиката за приватност на Google можете да најдете на: https://policies.google.com/privacy. За да ја истражите Македонија во Street View, отворете Google Maps на вашиот компјутер или мобилен уред, пронајдете место што сакате да го посетите и повлечете ја жолтата икона Pegman на сина линија за да влезете во Street View.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд10:27Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
МакедонијаСиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во ТурцијаДенеска би сакала да кажам дека мотото „Посилна Европа – е посилно НАТО“, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Ова утринава го порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара. Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара,учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на самитот на алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, јашар ѓулер.Тагови: Силјановска Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд10:27Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43