Патувала 5.000 километри, па стигнала на погрешна свадба: Ми беше чудно што никого не познавам - Канал 5

Патувала 5.000 километри, па стигнала на погрешна свадба: Ми беше чудно што никого не познавам

Американката Арти полетала од САД во Шкотска за да присуствува на свадбата на нејзина пријателка, но кога пристигнала, сфатила дека е на погрешна свадба.

Патувала 5.000 километри, па стигнала на погрешна свадба: Ми беше чудно што никого не познавам

На видеото кое е прегледано повеќе од половина милион пати, Арти покажува табла на која пишува дека се одржува свадба на непознати лица.

За среќа, младенците не ја обвинија, а братот на младоженецот се пошегува: „Патувавте од Америка во Шкотска и стигнавте на погрешна свадба“, на што младоженецот додал: „Мојата и нејзината свадба“, притоа покажувајќи кон сопругата.

@firstseedfoods congratulations Caitlin and Stephen🤗 thanks for being such good sports and inviting me in for a drink #weddingtiktok #scotland #ohno ♬ original sound - Arti

Арти откри како сепак успеала да стигне на свадбата на својата пријателка иако малку доцнела, а во следното видео објаснила што се случило.

„Штом пристигнав, не познавав никого, што е во ред бидејќи доаѓам од друг град“, рече таа.

@firstseedfoods Replying to @Kate the story gets crazier! #storytime #glasgow #scotland #punjabiwedding ♬ original sound - Arti

„Не познавав многу од гостите, но кога ја видов таблата со имињата на младенците, помислив дека сум на погрешен влез и дека во зградата има уште свадби“, објаснила таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењето

Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето.

Промотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењето

По повод Светската недела на доењето (1–7 август), Институтот за јавно здравје, во согласност со Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата на Министерството за здравство, реализираше промотивно-едукативна теренска активност во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

За време на посетата, на идните и новите мајки им беа поделени информативни флаери за поддршка на доењето, како и едукативната брошура „Безбедно низ првата година“, која содржи практични препораки за превенција на повреди кај деца на возраст од 0 до 1 година.

Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето, правилните практики при доење и важноста од безбедната грижа за новороденчето во првата година од животот.

Со оваа активност се заокружува одбележувањето на Светската недела на доењето, но Институтот за јавно здравје ќе продолжи со своите континуирани заложби за промоција, заштита и поддршка на доењето, како и за унапредување на здравјето на мајките и децата преку навремена едукација и достапни здравствени информации.

Институтот за јавно здравје упатува искрена благодарност до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје за укажаната поддршка, топлиот прием и успешната соработка во реализацијата на оваа активност. Заедничките активности и партнерскиот пристап се од особено значење за унапредување на здравјето и благосостојбата на мајките и новороденчињата

ИЈЗ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

Градот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарци

Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Македонија и Словачка

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова.

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Македонија и Словачка

На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Македонија и Словачка, со посебен акцент на континуираниот политички дијалог и словачката поддршка за европските интеграции на нашата земја.

Претседателот Гаши изрази благодарност за принципиелната поддршка од Словачка во процесот на пристапување кон Европската Унија, како и за поддршката преку Вишеградската група во промовирањето на политиката на проширување и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Амбасадорката Хрицова на средбата разговараше за унапредување на парламентарната соработка, особено преку пратеничките групи за соработка и размената на искуства меѓу парламентарните институти на двете земји.

Соговорниците ја истакнаа и важноста од понатамошно продлабочување на економската, образовната и културната соработка.

Во тој контекст, беше потврдена заедничката заложба за продолжување на интензивниот институционален дијалог и користење на парламентарната дипломатија како значаен инструмент за натамошно унапредување на билатералните односи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер