Патрик Демпси се смири со сопругата - еве што мораше да жртвува

Актерот Патрик Демпси и мејк - ап артистката Џилијан се во брак 15 години. Имаат 14 годишна ќерка Талула и 9 годишни синови близнаци - Саливан Патрик и Дарби Гејлен. Минатата година Џилијан побара развод од Патрик, а тој се преиспита и реши да му се посвети повеќе на семејството. Во интервју за „ES Magazine“ тој откри што морал да жртвува за да ја врати Џилијан.

- Се смиривме. Човек мора да работи на се. Но не може се да се стигне. нешто мора и да се жртвува - вели патрик и признава дека решил да ја смири својата страст за трки со автомобили.

Тој има и свој тим кој во трките постигнувал високи резултати. Но...

- Некако застанав. Имам свој тим, но времето поминува толку бргу што не сакам да пропуштам да бидам со моите деца - вели Патрик.




ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес

Регионалниот ЦУК - Битола информира дека од страна на Армијата - единици од Прилеп, денеска од 08:30 до 15 часот, на стрелиштето „Леково“ ќе се реализира бојно гаѓање. 

За таа цел се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

- Се предупредуваат сите лица кои доколку по завршувањето на гаѓањето, пронајдат неексплодирани зрна, односно проектили, да не ги фаќаат и за истото да се јават на 112 во ЦУК или МВР и командата на касарна Прилеп, појаснуваат оттаму.

Од ЦУК апелираат и на голема внимателност поради локални нагли метео-промени, особено при грмежи и молњи, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Изминатото деноноќие, како што е соопштено, евидентирани биле пожари на отворено во Кавадарци и во Велес.

- Велешките пожарникари гаснеле запалена ниска вегетација во градскиот парк во Велес, а пожарникарите од Кавадарци гаснеле неколку дрвја во близина на патот за село Ресава, додаваат оттаму.

Бројот на внатрешно раселени луѓе ширум светот се зголеми на рекордни 76 милиони

Конфликтот во Судан и Газа го зголеми бројот на внатрешно раселените луѓе во светот на рекордни 75,9 милиони на крајот на 2023 година, објави денеска невладина организација.

Центарот за следење на внатрешно раселување (ИДМЦ) соопшти дека бројката е ново највисоко ниво на крајот на годината, поттикната од „алармантно ново ниво на луѓе кои мораат да ги напуштат своите домови“.

Според нив, бројот на раселени лица во гранците на државите каде живеат е зголемен за повеќе од 50 проценти во изминатите пет години.

Шолц:Не треба да се претерува со очекувањата за мировната конференција за Украина во Швајцарија

Германскиот канцелар, Олаф Шолц во интервју за магазинот „Штерн“ изјави дека „никој не треба да претерува со очекувањата“ за мировната конференција за Украина, која во јуни треба да се одржи во Швајцарија, јави ДПА.

-Нема да преговараме таму за да ставиме крај на војната. Во најдобар случај, ова е почеток на процес кој може да доведе до директни преговори меѓу Украина и Русија. Во Швајцарија тие ќе бидат за безбедноста на нуклеарните централи, извозот на жито, прашањето за размена на воени заробеници, рече Шолц.

Шолц исто така изрази разочарување од посветеноста на европските земји во војната во Украина. Тој истакна дека ова „искрено кажано се уште не е доволно“.

-На Украина итно и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана. Путин очигледно сака да ја уништи инфраструктурата на Украина, нагласи германскиот канцелар.

притисни ентер