Се преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност! – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу
1Се преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност! – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“
2ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу
2Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
ТенисПатот до завршниот меч на финалистите на Македонија Опен 2025 Џеј Кларк од Велика Британија и Нермин Фатиќ денес (10 часот) треба да го одиграат финалето на годинашното издание на АТП Челинџер турнирот Macedonian Open 2025. За двајцата тенисери ова е второ учество во Скопје, а заедничко им е тоа што и двајцата во претходните две години беа елиминирани од ист тенисер Жерар Кампана Ли од Кореја (Фатиќ во 2023 година со 2-1 во сетови, а Кларк во 2024 година со 2-1 во сетови). Британецот Кларк на турнирот настапува како трет носител, има 26 години во моментив неговиот ранг е 250. место, а најдобриот ранг му е 153. место (22.07.2019 година). На патот до финалето мина помалку време на терените на ТК Југ бидејќи сите четири меча ги доби во два сета и воглавно неговите мечеви имаа траење од 90 до 120 минути. Во тие мечеви го елиминираше и првиот носител Хуго Делиен од Боливија во полуфиналето, а успеа во четвртфиналето до го победи и ланскиот шампион Жоел Шварцлер Кларк во моментов е шести Британец на АТП ранг листата. Славеше и против Педро Качин од Аргентина и Јеле Селс од Холандија. Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина на „главниот турнир“ стигна преку квалификациите односно имаше два меча повеќе и притоа од тие шест победи само две беа во два сета, а другите четири во три сета. Еден од мечевите – финалето од квалификациите против Кампана Ли траеше 190 минути, воедно тоа беше и „слатка одмазда“ за поразот во 2023 година. Фатиќ има 30 години, во моментов е на 339. место, а најдобриот ранг во имаше кога беше 191. место (07.08.2023 година). Победи забележа и на мечевите со Амар Хусеиновиќ (Македонија), Николас Варона (Шпанија), Виктор Дурасовиќ (Норвешка), Кристоф Негритиу (Германија) и Мили Пољичак (Хрватска). Фатиќ во моментов е втор од Босна и Херцеговина на АТП ранг листата. Инаку, Фатиќ не е првиот тенисер кој од квалификациите стигнал до финалето. Пред него тоа им успеа Гркот Василис Мазаракис во 1999 година и на Унгарецот Мате Валкуз во 2023 година, двајцата на крајот се радуваа на турнирска победа. Во конкуренција на двојки во финалето ќе играат првите носители Срирам Балаџи од Индија и Мигуел Рејес – Варела од Мексико против чешката комбинација Ендрју Полсон и Михаел Врбански. Полсон во 2023 година беше победник заедно со сонародникот Петр Ноуза, додека лани играше во финалето со сонародникот Патрик Рикл. Индиецот Балаџи со сонародникот Јеван Недунчезијан настапи во финалето. Победникот во синг финалето ќе освои 75 поени и 12.980 евра, а финалистот 44 поени и 7.620 евра. За победниците во двојки има по 75 поени, а за финалистите по 50 поени. Паричната награда изнесува 4.540 евра, а за финалистите 2.630 евра. Тагови: тенис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСе преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност! – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“Камион што превезувал азотна киселина се превртел во текот на ноќта на автопатот А57, во близина на градот Крефелд во западна Германија. Притоа дошло до истекување на опасната материја, поради што властите издадоа предупредување за екстремна опасност и наложија затворање на одредени училишта и градинки за тој ден. Возачот на камионот е повреден во несреќата и пренесен е во болница, изјави портпаролот на противпожарната служба, пренесува „Шпигел“. Надлежните служби го предупредија населението за сериозни здравствени ризици поради ослободувањето на азотна киселина, која има исклучително корозивни својства. Преку системот за итно предупредување „Нино“ (Nino), граѓаните беа известени за највисокото ниво на опасност, со совет веднаш да побараат засолниште во затворени простории, да ги затворат прозорците и вратите, како и да ги исклучат уредите за вентилација и климатизација. Поради инцидентот, железничкиот сообраќај во тој дел од покраината Северна Рајна-Вестфалија беше делумно во прекин. Во интервенцијата учествуваат околу 150 припадници на противпожарната служба, кои работат на запирање на истекувањето и преточување на киселината од камионот. Ангажирани се и специјализирани единици за интервенции во случаи на опасни материи. Просторот околу местото на несреќата е обезбеден во радиус од еден километар. Азотната киселина е една од важните индустриски хемикалии и, меѓу другото, се користи во производството на вештачки ѓубрива и експлозиви. Во случај на неконтролирано истекување, таа може да претставува сериозна опасност за здравјето на луѓето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на МуслиуСлучајот со изградбата на објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу заслужува конкретни одговори.Стево Пендаровски треба јавно да објасни што точно знае за овој објект, каква е неговата поврзаност со Муслиу и зошто овој случај отвора сомнежи за можен судир на интереси. Прашањето е од каде потекнуваат средствата за ваква инвестиција? Дали имотната состојба и пријавените приходи на Муслиу соодветствуваат со вредноста на инвестицијата? Дали се пријавени сите деловни интереси и дали постојат евентуални недозволени поврзаности од времето кога ја извршувал јавната функција? Муслиу да каже дали може да го објасни потеклото на средствата за изградбата. Да се провери имотна состојба и пријавените приходи. Неопходно е да се испита дали постои судир на интереси или поврзаност со неговото претходно службено работење. Надлежните институции да извршат проверка на документацијата, финансирањето и законитоста на инвестицијата. Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата не смеат да останат неми набљудувачи. Граѓаните имаат право да знаат дали луѓето кои извршувале високи јавни функции можат да го оправдаат своето богатство со законски стекнати приходи. Нема недопирливи. Нема привилегирани. Законите мора да важат подеднакво за сите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАГолден Стејт подготвува максимален договор за Никола ЈокиќПоранешниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс би можеле значително да го променат тимот за следната сезона, бидејќи планираат да доведат многу кошаркари, а еден од нив би можел да биде Никола Јокиќ.Голден Стејт ја следи ситуацијата околу најдобриот светски центар, Никола Јокиќ и се надева дека српскиот ас би можел да биде достапен следното лето, тврди НБА новинарот Џејк Фишер. „Вориорси се меѓу тимовите што прашуваат: ’Дали сме сигурни дека Никола Јокиќ нема да биде достапен следното лето?‘. Тие се надеваат дека ќе имаат доволно простор во буџетот за максимален договор, а го имаат и Стеф Кари“, изјави Фишер. Тој се повика на лице запознаено со ситуацијата во клубот, според кое „Вориорс“ сè уште веруваат дека можат да доведат голема ѕвезда. Како пример го наведе Џими Батлер, чие доаѓање – според него – било на добар пат пред тој да се повреди. „Не успеаја да го доведат Јанис Адетокунмбо, а Кевин Дурант не сакаше да се врати кога се разговараше за тоа кон крајот на еден од претходните преодни рокови. Сепак, тие сè уште веруваат дека следното лето можат да доведат големо име, било преку размена или на пазарот на слободни играчи“, додаде Фишер. Фишер не спомна никаква понуда или преговори во врска со Јокиќ. Засега, станува збор само за тоа дека „Голден Стејт“ ја следи можноста за отворање на таква прилика. „Голден Стејт Вориорс“ сериозно сметаат на можноста трикратниот МВП да го напушти Денвер, а во Сан Франциско веруваат дека присуството на Стеф Кари би можело да биде одлучувачки адут во нивниот обид да го доведат најдобриот центар на денешницата. Србинот во повеќе наврати изјави дека сака да остане во Колорадо, но прашање е колку долго ќе има трпение доколку „Нагетс“ не состават тим способен да се бори за титулата!Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook