МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот
2МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот
ЖивотПатник закачил камера на коферот за да покаже што сѐ се случува со багажот во авионите (ВИДЕО)Креаторот на содржината и редовен патник Томас Милер, кој живее во Британија, откри што всушност се случува со вашиот багаж откако ќе го предадете преку обезбедувањето на аеродромот.Видеото што го објави на TikTok стана апсолутен хит со повеќе од 16,1 милиони прегледи, а Томас го сними откако ја стави камерата на чантата и пред да се пријави на аеродромот. Гледачите можат да видат како неговиот куфер поминува низ подвижната лента, се врти неколку пати и потоа поминува покрај член на екипажот. Конечно, куферот се става до другиот багаж и е подготвен да се качи во авионот и да го однесат до дестинацијата. Дејли мејл пишува дека повеќе од 100.000 куфери секојдневно минуваат низ аеродромите. Alternative Airlines, веб-страница која им помага на патниците да резервираат летови од каде било во светот, ја потврди точноста на снимката на Томас со детали за тоа што се случува откако ќе го чекирате вашиот багаж на аеродромот. - По пријавувањето, вашиот куфер се става на подвижна лента. Во зависност од аеродромот од кој поаѓате, тој потоа ќе пристигне во канцеларијата за сортирање, каде што „роботите или персоналот“ ќе ги организираат во соодветниот авион. За време на патувањето, вашата торба ќе биде прегледана и на безбедносен контролен пункт, слично на процесот кога вашиот рачен багаж се скенира со рендген апарат за да се утврди дали има сомнителни предмети внатре. Багажот потоа се преместува во авионот и задача на агентите на рампата на аеродромот е да се погрижат вашата торба да се качи на вистинскиот авион. Откако ќе слетате на вашата дестинација, вашиот куфер ќе се истовари од авионот и ќе се префрли на терминалот, а потоа на транспортната лента за подигање на багажот, од каде што можете да ги подигнете – објаснија од Alternative Airlines. @thomasmiller719 #foryou #foryoupageofficiall #foryoupage #fypシ゚viral ♬ Daylight - David Kushner - Не знам што очекував, но знам дека очекував повеќе. Сакав повеќе драма! Толку шокантно и откривачко! Ова мора да беше многу забавна авантура! – велат во коментарите под видеото на Томас, а некои корисници на TikTok дури се прашуваа дали е воопшто легално да се стави камера на торба и да се снима процесот на ракување со багажот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНУ Народен театар Битола со уште една хуманитарна акција, овојпат за СОС Детско село МакедонијаНародниот театар Битола се приклучува на хуманитарната кампања на СОС Детско село Македонија.Публиката на Битолскиот театар знае што значи да се биде хуман. А сега повторно има можност, заедно со НТБ да направи нешто добро за децата на кои им е потребна нашата поддршка. Имено сите средства од продадените билети за 100.изведба на претставата „Кокошка“, која ќе биде изведена на 24.октомври од 20 часот, ќе бидат донирани за децата од СОС Детско село. Една од најбараните комедии на НТБ, претстава која ја сака публиката и овојпат ќе има уште едно посебно значење. Комедијата на Николај Кољада, во режија на Марјан Георгиевски, ве води низ свет каде што амбициите, љубовта, суетата и желбата за успех се судираат на најнеочекувани и најкомични начини. Претставата со брилијантен хумор, живи дијалози и препознатливи ситуации, ја освојува публиката затоа што сите се пронаоѓаме во неа. Смеата доаѓа природно, искрено и – до солзи. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ. Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Николче Пројчевски. „Дојдете да се смееме, да го прославиме 100-тиот пат на „Кокошка“ и, со еден едноставен билет, да бидеме дел од нешто поголемо од самата претстава. Еден град. Еден театар. 100 пати „Кокошка“. И многу детски насмевки што можеме да ги помогнеме“, велат од НТБ. 🎟️ Влезници на билетарницата на НТБ и онлајн на https://narodenteatarbitola.com/events/kokoshka-28/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16
МакедонијаДокторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултетДокторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук.Докторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук , укажал на неправдата со која се соочуваат дел од медицинските лица. Василевски посочува дека се надева оти неговиот случај ќе биде поттик во иднина повеќе и погласно да се зборува за ваквите ситуации. „Денес, по краткиот разговор со деканот на Медицинскиот факултет, сфатив дека како Дон Кихот, се борам со ветерници и имам преголеми очекувања од институциите“, напиша Василевски, додавајќи дека во текот на речиси една недела очекувал некој да го праша како е, да побара решение или да му понуди конкретен разговор.Тој се осврна и на реакциите од дел од своите колеги, од кои, како што наведува, очекувал барем збор на охрабрување. Според него, бил претставуван како неработник, а негови лични податоци биле јавно објавувани со цел да биде дискредитиран. Василевски вели дека не жали што го кренал гласот и што сам се обидел да се избори за себе и да укаже на неправдите.„ наведува тој. Василевски додава дека фер и транспарентната постапка ќе биде предмет на проверка пред надлежните инспекциски и судски органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајотДо 11 овој месец, министерството за внатрешни работи ќе спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди од учесниците во сообраќајот.Од МВР велат дека акцијата е дел од меѓународната кампања на Roadpol, „Focus on the road“, и ќе се спроведува истовремено во 34 европски држави. Целта, како што велат, е намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. „Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира“,се вели во соопштението од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook