3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
ЖивотПатник во авион беснее и пцуе поради расплакано бебе (ВИДЕО)Патник на летот на Southwest Airlines за Флорида снимил друг патник како пцуе кон стјуардот и стјуардесите поради расплаканото бебе со кое морал да лета во авионот.Лутиот маж пцуе повеќе од три минути, изнервиран од плачот на детето. „Викате“, му вели во еден момент стјуардот на патникот, на што овој му одговара: „Исто како и бебето! Видеото беше објавено на TikTok, но и на Facebook, Instagram и Twitter, каде стана предмет на дискусии. @mjgrabowski ♬ original sound - bad_ideas_galore "Секогаш се прашувам дали луѓето мислат дека родителите сакаат нивното дете да плаче? Секако дека не. Знаеме дека детето плаче, не ни отежнувајте", коментирало едно лице. "Ако не можете да поднесете бебе или мало дете да плаче, можеби патувањето со авион не е за вас. Би ми било непријатно да не знам како да се справам со такви ситуации како овој човек. Очигледно е дисфункционален возрасен“, вели друг. Иако однесувањето на мажот налути многумина, има и такви кои сочувствуваат со него. "Зошто треба да бидеме жртви на деца кои се однесуваат лошо? Искрено, ако детето не знае како да се однесува, не му е местото на летот", вели трет. „Очигледно детето најчесто плаче. Тоа е неподносливо“, вели четвртиот. Претставник на Southwest Airlines изјави за Today за видеото, велејќи: „Немаме детали, но го пофалуваме нашиот екипаж за нивната професионалност и им се извинуваме на другите патници во авионот“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКомо без првата ѕвезда,Кен ги пропушта дуелите со ПСЖ и Барселона?!Фудбалерот на Комо, Моиз Кен, ќе отсуствува од терените најмалку два месеца поради повреда, потврди тренерот на најпријатното изненадување во европскиот фудбал , Сеск Фабрегас.26-годишниот италијански репрезентативец ја повредил десната нога за време на натпреварот против Белгија во Лигата на нации, но најновиот проблем се појавил на левата нога, објасни Фабрегас. Од Комо претходно соопштија дека по враќањето од репрезентативните обврски, Кен морал да побара медицинска помош поради повреда заработена на тренинг. Поради оваа принудна пауза, напаѓачот би можел да ги пропушти и важните натпревари во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен и Барселона, кои се на програмата во јануари. Италијанскиот клуб моментално се наоѓа на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите, во која учествуваат 36 екипи, а во вторник ќе биде домаќин на АЕК. До крајот на лигашката фаза, тимот го очекуваат уште дуели со Реал Бетис, како и два големи предизвици против ПСЖ и Барселона. Кен пристигна во Комо на почетокот на сезоната од Фиорентина, како позајмен играч на една година, а неговото отсуство претставува голем проблем за Фабрегас, кој до јануарскиот преоден рок на располагање го има само Тасос Дувикас како класичен напаѓач. Комо моментално е на петтото место во Серија А, а во сабота на домашен терен ќе го пречека Каљари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Силен земјотрес во Перу, граѓаните истрчаа на улицитеЗемјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Перу, соопшти денеска Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).Според податоците на Перуанскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот, кој се почувствува и во главниот град Лима, бил во андскиот регион Хунин, на длабочина од 129 километри, пренесе Ројтерс. 🚨 🇵🇪 EARTHQUAKE TRIGGERS LANDSLIDE ALONG LIMA’S COSTA VERDE! Footage shows rocks and earth crashing down from the coastal cliffs onto the road following the powerful magnitude 6.7 earthquake that struck central Peru. A huge dust cloud rose as drivers were forced to avoid the affected lane. — WorldScope24 (@WorldScope_24) November 21, 2026 Голем број жители на Лима излегоа на улиците по земјотресот, додека телевизиските снимки прикажаа пратеници како ја напуштаат зградата на Конгресот. Powerful 6.7-Magnitude Earthquake Shakes Peru’s Capital Lima A powerful earthquake measuring 6.7 on the Richter scale struck Peru’s capital, Lima, prompting panicked residents to rush out of their homes and buildings into the streets as strong tremors shook the city. https://t.co/2VtXZa4Pcl — Kurdistan 24 English (@K24English) November 21, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Кримскиот мост нема да остане на своето местоПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи Кримскиот мост за префрлање голема количина воена опрема на тој полуостров и додаде дека мостот „нема да остане на своето место“.Во интервју за „Ен-Би-Си њуз“ (NBC News), одговарајќи на констатацијата дека Путин го изградил мостот како доказ оти Крим засекогаш ќе остане дел од Русија, Зеленски изјави дека „не треба да им се придава значење на изјавите на рускиот лидер“. „Не е важно што вели Путин за нашата земја и за Крим. Ова е наша земја. Таа е привремено окупирана. Тоа покажува целосно непочитување кон територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. Токму вака тој почна да се однесува по 2014 година“, рече Зеленски. Тој нагласи дека Украина ќе продолжи да одговара на руските напади врз украинските објекти, додавајќи дека Москва мора да разбере оти Кримскиот мост нема да опстане. Зеленски изрази надеж дека ќе се најде дипломатски начин за ставање крај на војната, но порача дека Украина ќе ја оствари таа цел „дипломатски или воено“. Тој повтори дека Киев никогаш нема да ги прифати окупираните украински територии како дел од Русија, ниту пак ќе се согласи на натамошна милитаризација на својата земја. Кримскиот мост повторно беше нападнат во текот на ноќта на 19 ноември, по што железничкиот сообраќај преку него беше прекинат.Тагови: Володимир Зеленски Крим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter