ЖивотПатник се шокирал кога видел дека во бизнис класата патуваат- соколи: Беа многу мирни (ВИДЕО)Рајан (35) патувал со бизнис класа од Доха до Казабланка, а кога стигнал на својата дестинација го чекало големо изненадување.Имено, тој забележал „невообичаени патници“ како летаат во авионот заедно со луѓе во текот на осумте часа лет. „Кога почнавме да се симнуваме, ги видов соколите и помислив дека сонувам. „Никогаш не сум видел нешто слично, особено за време на летовите за САД“, рече тој. На социјалните мрежи кружи видео на соколи и нивните сопственици, а Рајан истакнува дека не забележал ништо необично за време на летот, пренесува New York Post. „Не ги слушнав, ниту ги почувствував. Соколите имаа капи на главите и беа многу мирни. Фасцинантно искуство“, додаде тој. Очигледно, Рајан не знаел дека овие птици се многу ценети во арапските земји, каде што соколарството е популарен спорт и симбол на престиж. „Луѓето коментираа на мојата објава на социјалните мрежи и ми објаснија дека соколите често летаат во бизнис или прва класа, особено за натпревари или патувања за лов“, заклучил Рајан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија46. Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината Родитeлите и блиски на загинатите во пожарот во квазидискотеката „Пулс“ во Кочани вчера го одржаа 46. по ред марш кој почна во Паркот на револуцијата.Носеа транспаренти на кои пишуваше „Корумпираната држава ни ги украде децата“, како и „Ние родителите, скапо го плативме данокот на корупцијата“... Маршираа низ трговскиот центар со кратки запирања пред зградите на УЈП и полициската станица. Обраќање за јавност имаше пред Основниот суд, во кое реагираа на привременото отстранување од постапката на обвинителката Наташа Сарамандова, што се случи на последното рочиште на барање на адвокати на обвинетите. Тие побараа нејзино изземање, поради, како што наведоа, пристрасно постапување при презентација на доказите со исклучување на елементи од доказите кои се од суштинско значење, а за барањето треба да одлучува државниот јавен обвинител Ненад Савески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУжас во Струга: Мајка си ги оставила двете деца да спијат во автомобилот, додека била на работа ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга ги затекнале децата како спијат, соопштуваат од СВР Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
МакедонијаВозеле камиони во спротивна насока на патот Гостивар- Тетово, двајцата се уапсени Лишени од слобода двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово, следуваат кривични пријави.На 27.06.2026 во 11:30 часот на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на движење. Исто така, на 27.06.2026 во 12:30 часот, на патот Гостивар– Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници го лишија од слобода и М.Д. (55) од с. Фалише, затоа што со товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец за движење. Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter