3Катастрофални пожари во југозападна Европа: Франција, Шпанија и Италија во борба со огнената стихија
Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
1Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
ЖивотПатник помионал цел лет заглавен во тоалет во авионот: Седете на школката и не паничите Необичен инцидент е снимен на релација Мумбај-Бенгалуру, кога патник на SpiceJet отишол во тоалет и се заглавил.Од компанијата сметаат дека за сѐ е виновна „скршената брава на вратата“, а веруваме дека луѓето долго ќе го паметат ова патување. Несреќниот човек во еден момент отишол во тоалет, но повеќе не можел да излезе. Екипажот и другите патници залудно се обидувале да го ослободат, пренесува New York Post. Летот траел час и 45 минути, а веруваме дека на заглавениот не му било грижа. Конечно добил белешка, од под вратата: „Господине, се обидовме да ја отвориме вратата, но не можевме. Не паничете. Слетуваме за неколку минути, затоа ве молиме затворете го тоалетното седиште, седнете на него и прицврстете се. Штом се отвори главната врата, ќе дојде мајсторот“. Кога авионот слетал, бравата била отворена и патникот бил пуштен. За секој случај му била укажана лекарска помош. Авиокомпанијата издаде соопштение по инцидентот: „SpiceJet жали и се извинува за непријатностите. Сите пари ќе му бидат вратени на патникот“. Инцидентот се случил во време кога индискиот министер за авијација најавил отворање на „работни соби“ на шест главни аеродроми за да се справи со непријатностите на патниците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна ЈапонијаГолемиот земјотрес што ја погоди префектурата Кумамото во јужна Јапонија предизвика уривање на голем број објекти, пожари, а најмалку 50 луѓе побарале лекарска помош.По земјотресот во трговски центар во Кумамото се слушнала експлозија, се претпоставува дека има повеќе жртви. Повеќе луѓе се заглавени во трговскиот центар, а сè уште е непозната причината за експлозијата. 🇯🇵 An explosion occurred at the Aeon Mall Kumamoto shopping center on the Japanese island of Kyushu, damaging the walls and roof, NHK reported. People may have been trapped under the rubble. At least 200 people were evacuated to the parking lot. pic.twitter.com/r1PLpbWf29 — Маrina Wolf (@volkova_ma57183) July 28, 2026 На снимките на НХК се гледаат оштетени мостови, товарен воз излетан од шини и испукани патишта на островот Кјушу и најмалку 12 урнати куќи. Регионалната електроенергетска компанија „Кјушу Електрик Пауер“ соопшти дека не открила никакви неправилности во работењето на нуклеарните централи сендај и генкај, но земјотресот предизвикал прекин во електроснабдувањето поради што околу 45.000 домаќинства се без струја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаВлада: Обезбедени се над 10 милиони евра за откуп на оризова арпа и грозје вранецВладата донесе Одлуката со која се менуваат и дополнуваат условите за користење на средствата од компензационите фондови. Постојната кредитна линија што се реализира преку Развојната банка добива конкретна намена за финансирање на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец. Одлуката ја носиме пред главниот период на откуп, кога на компаниите им се потребни значителни средства за преземање на производите, а приходите од нивната продажба или преработка се остваруваат подоцна. Со овој инструмент создаваме финансиска основа откупот да се одвива навремено, а предадениот род да биде исплатен во утврден рок. Се активираат расположливи средства од постојната кредитна линија и слободни средства со кои управува Развојната банка. Вкупниот расположлив износ, изнесува 793.481.723 денари или околу 10,1 милиони евра. Од нив, 240 милиони денари се наменети за откуп на оризова арпа, а 553.481.723 денари за откуп на винско грозје од сортата вранец. Барањата во рамките на секој од двата износи ќе се разгледуваат според редоследот на пристигнување. Максималниот износ на кредитот за откуп на вранец ќе изнесува до 130 милиони денари, а за оризова арпа до 30 милиони денари. За оризовата арпа е предвиден рок на отплата до шест месеци, а за грозјето до девет месеци. За двете намени се предвидени грејс-период до три месеци и квартална отплата. Каматната стапка ќе биде фиксна и ќе изнесува еден процент годишно, без еднократна провизија за управување со кредитот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКатастрофални пожари во југозападна Европа: Франција, Шпанија и Италија во борба со огнената стихијаОгнената стихија продолжува да пустоши низ југозападна Европа. Франција, Шпанија и Италија со денови се борат со едни од најголемите шумски пожари во последните години, а високите температури и силниот ветер ја отежнуваат битката со пламените јазици. Во Франција ситуацијата останува најкритична. Само во регионот околу Бордо изгореа повеќе од 42 илјади хектари шума, додека од почетокот на годината во земјата се уништени над 116 илјади хектари шумски површини. Евакуирани се околу 220 илјади жители и туристи. Во Шпанија, пожарите досега зафатиле повеќе од 150 илјади хектари, а над 100 илјади луѓе биле евакуирани или добиле наредба да ги напуштат своите домови. Италија, пак, се соочува со десетици активни пожари, особено на Сицилија и југот на земјата, каде што дел од населението беше евакуирано и по морски пат. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека државата ги мобилизирала сите расположливи ресурси во борбата со пожарите а земјата се бори со најтешката ситуација од Втората светска војна. -Пожарникарите од цела Франција се на терен. Со околу 20 специјализирани противпожарни единици, досега невидени воздушни ресурси и повеќе од 1.5000 припадници на армијата ангажирани во гаснењето. Борбата со огнената стихија продолжува, изјави– Емануел Макрон – Претседател на Франција. Метеролозите велат дека надежите за дожд засега се мали и стравуваат дека топлотни бранови и високи температури допрва доаѓаат на европскиот континент. -Западна Европа во мометов и е потребна комбинација од ладен воздух и врнежи од дожд. За жал нема ништо да видиме од тоа оваа недела. Зошто? Бидејќи ни претстои уште еден топлотен бран. Можеме да видиме што точно се случува. Веќе препознатлива слика од територија со висок воздушен притисок, кој се протега низ континентот. Ќе ни донесе денови со сонце, растечки температури и недостаток на дождови. И на врв од тоа, на средина од неделата на јужните и северни делови на Европа ќе биде многу топло. Температурите ќе достигнат и до 30 и плуст степени а некаде и до 40 степени. Тоа е она она не сакате да го слушнете кога се борите со шумски пожари,- изјави –Лиам Тутон – Метеолог . Според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари (ЕФФИС), во Шпанија веќе сега е изгорена повеќе од двојно поголема површина од просекот за цела година, а во Франција дури повеќе од петпати поголема површина Шумите полесно горат бидејќи европската вегетација и почва се екстремно суви со месеци, а сушата е влошена од климатските промени и неодамнешните исклучителни топлотни бранови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter