Патнички авион за малку ќе паднел на автопат во близина на Белград

Драма за која биле потребни секунди да се претвори во трагедија се случила во авионот на „Флајдубај“ во петокот околу 14 часот на пистата на аеродромот „Никола Тесла“.

Летот FZ1746 од Белград до Дубаи можел да биде прекинат само неколку минути по качувањето на патниците, бидејќи авионот предоцна се „откачил“ од пистата. Имено, „Боингот 737-8 МАКС“ го прелетал прагот на пистата на висина од само неколку метри.

Според добро информиран извор за Објектив, патниците не биле ни свесни дека нивните животи се во опасност, иако авионот почнал да се качува невообичаено бавно, по што прелетал покрај пистата на височина помала од 10 метри.

„Иако пилотите го пресметале полетувањето користејќи ја целата должина на пистата, која е 3.000 метри, поради некоја причина тие не полетале од нејзиниот почеток, туку од место еден километар подолу по пистата, во правец на автопатот. Трагедијата беше избегната во последен момент, бидејќи авионот едвај ја прелета заштитната ограда и требаше да заврши на делници од автопатот во близина на аеродромот“, рекол изворот, пренесув српски Курир.

Девојче починало откако таткото ја дезинфицирал куќата, сопругата и другото дете се во болница

Девојче (11) починало во амбулантно возило, додека мајката и другата ќерка завршиле во болница поради сомневање за труење со инсектицид во Романија.

Трагедијата се случила ноќеска во областа Долж.

Полицијата била известена дека девојчето починало во Брзата помош.

Таткото на децата во полиција изјавил дека ги испрскал дворот и куќата со средство против болви и можно е куќата да не била добро проветрена, по што наводно се отруле сопругата и децата.

Полицијата на лице место констатирала дека малолетничката со возило на брза помош била пренесена во медицинскиот блок во општина Крајова, а на влезот во општина Теашк дошла до кардиореспираторен застој, поради што била констатирана смрт.

Во текот на ноќта мајката (31) и сестрата (9) на починатото девојче се пренесени во здравствените установи, поради сомнение за труење со инсектицид.

Полицијата води истрага за утврдување на околностите под кои се случиле настаните, а ќе бидат изречени законски мерки.

Украл џип, па видел бебе на задното седиште- сите се згрозени од неговиот следен потег (ВИДЕО)

Бизарната сцена се случила на 26 јуни на автопатот во близина на Мајами, а на неа посведочиле двајца возачи на камиони.

Тие зачудено гледале како мажот излегува од белиот џип, го оставил бебето на тротоар и си заминал. Веднаш притрчале и го зеле малиот, без да се посомневаат во приказната зад овој потег.

Надзорната камера снимила сѐ, а дури подоцна било утврдено дека мажот го украл џипот не сфаќајќи дека на задното седиште има бебе.

Нешто порано, сопственикот на џипот и мајката на детето застанале поради сообраќајна несреќа и излегле надвор да видат што се случило.

Крадецот го искористил тој момент, влегол во возилото и со голема брзина се оддалечил, јавува РТЛ.

Вознемирената жена се обидела да го спречи, а крадецот ја влечел по асфалтот. На крајот, таа морала да се откаже.

Откако го оставил бебето под надвозникот, полицијата успеала да му влезе во трага. 35-годишен маж кој го препознал мажот од видеото завршил зад решетки.

Надлежните најавуваат дека тој и претходно бил познат на законот и дека по него имало потерница поради поседување кокаин. Сега на списокот се додадени и обвиненијата за киднапирање и кражба.

Крвава свадба во САД: Вооружени разбојници пукале во младоженецот и побегнале без плен

Младоженецот Мануел Гонзалес (32) бил застрелан во главата кога вооружени напаѓачи упаднале на неговата свадбена прослава во Мисури.

Свадбената прослава се одржа во домот на Мануел и неговата сопруга Дулса.

Грабежот се случил во саботата околу 1 часот по полноќ кога двајца маскирани вооружени напаѓачи влегле на забавата.

Тие им се заканувале на гостите со пиштоли, барале пари, а потоа го застрелале младоженецот во глава.

Потоа побегнале од куќата и не ги зеле парите со себе.

Мануел итно бил префрлен во болница, каде и понатаму е во критична состојба.

„Ништо не ни зедоа, но всушност ни зедоа сè. Тој е добар татко на нивните деца и добар сопруг на сестра ми. Беше многу добра личност, не го заслужи ова“, рече сестрата на невестата.

Полицијата интензивно трага по напаѓачите.

„Ова требаше да биде еден од најсреќните денови во нивниот живот“, рекол еден од нивните роднини.

притисни ентер