Патиштата влажни, се препорачува прилагодена брзина на движење - Канал 5

Патиштата влажни, се препорачува прилагодена брзина на движење

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, a на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Патиштата влажни, се препорачува прилагодена брзина на движење

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

МВР: Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

МВР: Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

На 26.04.2025 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје. На 25.04.2025 во 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Костурски Херои“, тој со патничко возило „фоксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

СДСМ: Нема напредок со раскарана и неспособна Влада

Коалицијата на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е во постојани кавги и целосно нефункционална.

СДСМ: Нема напредок со раскарана и неспособна Влада

Наместо да работат за интересите на граѓаните, тие се занимаваат со меѓусебни пресметки, блокади и партиски калкулации.

Додека владата на ДПМНЕ тоне во расправии и нема капацитет за реализација на проекти и политики од интерес на граѓаните, државата стои!

Економијата е закочена и во постојан пад, институциите се нефункционални, Владата на ДПМНЕ не може ниту да исплати плати на време, ништо не функционира како што треба.

Очигледно е – на партиите од власта не им е гајле за стандардот, за животот, за иднината на граѓаните. Единствено што им е важно се државните фотелји, личните интереси и тендерите.

Со оваа неспособна, незаинтересирана и раскарана влада на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, Македонија нема напредок.

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Голиот популизам и празните демагогии на Апасиев и Левица паднаа во вода

Голиот популизам и празните демагогии на Апасиев и Левица паднаа во вода пред доказите за луксузирање низ Грција, џиповите, имотот во строг Центар и кафе барот „Павилјон 36“.

ВМРО-ДПМНЕ: Голиот популизам и празните демагогии на Апасиев и Левица паднаа во вода

Паднаа маските на Димитар Апасиев и Левица.

Додека Апасиев глуми загрижен и продава скромност, пред очите на јавноста излегоа докази и документи за тоа како преку ноќ Левица купила имот од 409 м2 во строг Центар во Скопје по багателна цена за 700 евра квадрат, но Град Скопје им пресмета дека тој простор вреди многу повеќе, односно 1.150 евра за метар квадратен.

Додека Апасиев на своите членови од Левица и граѓаните им продава демагогии и гол популизам стана очигледно неговото луксузирање по грчките плажи, нов џип, кафе бар и нов имот на партијата.

Апасиев и Левица го манипулираат и лажат своето членство дека купиле подрум, но на виделина излегоа документи каде, всушност, освен подрум таму има и приземје и локал.

На тоа место, кое е над земја три-четири метри исто така е регистриран и локал, односно друштво за угостителство и услуги „Павилјон 36“ ДООЕЛ Скопје. Сопственикот на истиот е член на Централниот комитет на Левица, Зоран Ивановски кој истовремено е и член на УО на ЈП Водовод и канализација.

Падна во вода приказната која Апасиев сакаше да ја продаде на народот како дете на стечајци и одење на работа со велосипед, до скап џип паркиран на тревник пред Собрание и луксузирање на грчките плажи, додека во исто време партијата купува имоти во строг Центар на Градот и отвoра кафе барови.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер