Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест
1Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест
БалканПатиштата и граничните премини во Грција остануваат отворени до понеделникВо пресрет на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, закажана за понеделник, земјоделците нема да ги блокираат патиштата и граничните премини, но тракторите ќе останат паркирани на блоковите.Во пресрет на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, закажана за понеделник, земјоделците нема да ги блокираат патиштата и граничните премини, но тракторите ќе останат паркирани на блоковите, онаму каде што се веќе речиси 50 дена, јави дописничката на МИА од Атина. Да останат отворени патиштата и автопатиштата е и еден од предусловите поставени од Владата за средба со земјоделците, а портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите посочи дека освен тргање на блокадите, предуслов е и на состанокот да не учествуваат земјоделци кои покажале деликвентно однесување. - Мислам дека предусловите не се страшни, туку се подразбираат. Целта не е некој да излезе како победник од ова, она што има вредност е луѓето да добијат нешто повеќе за нивниот сектор, во конкретниот случај, земјоделците и сточарите. Ние се стремиме кон средби и како што гледате покажуваме добри намери, под предуслов да се почитуваат условите, особено условот да останат отворени патиштата за да се реализира следната средба, посочи Маринакис. Состанокот на земјоделците со Мицотакис ќе се одржи в понеделник во 13 часот во Премиерската палата во Атина, ќе учествуваат 25 претставници на земјоделците, сточарите, рибарите и пчеларите, како и петмина набљудувачи. Земјоделците информираа дека на состанокот ќе покренат 14 барања. По средбата, во вторник попладне земјоделците ќе одржат состанок за да го разгледаат исходот од разговорите со грчкиот премиер. Мнозинството од грчките земјоделци, кои протестираат од 30 ноември, во вторникот одбија да се сретнат со Мицотакис, бидејќи, како што рекоа тогаш, не беа исполнети нивните предуслови за состанокот, но по интерниот состанок во средата одговорија позитивно на поканата за дијалог. Според најавите, се очекува сè до средбата в понеделник да нема затворање на автопатиштата и граничните премини, а тракторите, како и досега да останат паркирани на блокадите. Грчкиот премиер во вторникот се сретна со претставници на околу 18 земјоделски блокови од целата земја, односно со оние кои уште од минатиот месец се одвоија од останатите земјоделци и побараа дијалог со владата. Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотестТој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. На 09.09.2026 во 03:10 часот на магистрален пат Охрид - Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: сообраќајна незгода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
АвтомобилизамТатра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.Чешкиот специјализиран производител на возила Татра ја претставува новата генерација на моделот „Force“ во воената конфигурација 8x8 на саемот „MSPO“ во полскиот град Киелце. Ова е тежок тактички и логистички камион со рамна платформа и целосно нова продолжена кабина за до шест члена на екипажот. Кабината има 4 врати, подобрени безбедносни системи и дигитализирана контролна табла. Погонскиот склоп привлекува најголемо внимание. Камионот користи нов електронски контролиран, воздушно ладен мотор Татра „T3D-930 V12“ со работна зафатнина од дури 19 литри. Развива 450 kW, или околу 612 КС, и е поврзан со автоматски менувач од „Allison“. „Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони. Новиот модел е наменет за тешки воени и логистички задачи, каде што големата носивост и можноста за движење по тежок терен се од клучно значење, пишува Ревија ХАК.Тагови: Татра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ја поддржуваме идејата на ЛДП - СДСМ веќе даде предлог закон за двојно државјанствоСДСМ веќе даде предлог-закон за двојно државјанство. Да важи и за пратениците од овој состав, да важи за министрите, владините функционери, директорите на јавните претпријатија. Законот да важи за сите. Нека се врати законот во Собранието. Додека траеја прославите за 35 години независност, Законот за ограничување на двојното државјанство на функционерите остана заглавен во фиока. СДСМ уште претходно предложи јасно и доследно решение: • Да важи за пратениците од актуелниот состав. • Да важи за министрите и сите владини функционери. • Да важи за директорите на јавните претпријатија. • Да важи за сите носители на јавни функции – без исклучоци и без „половични“ решенија. Нема место за двојни стандарди. Нема место за молчење на оние што сами го предложија законот, а сега го избегнуваат. Нема место за функционери кои земаат плата од државата, а лојалноста им е поделена. СДСМ ја поддржува иницијативата на ЛДП. Бараме законот веднаш да се врати на дневен ред во Собранието и да се донесе без одложувања и без компромиси. Вистинската независност и вистинскиот патриотизам се докажуваат со лојалност кон една држава - Македонија. Само не може да важи за Стоилковиќ, неговите колеги од БИА што го слават Ратко Младиќ и началникот на медиумите Латас. За големите српски националисти, агенти на службата за безбедност на Србија - не може да важи. Тие мораат да имаат две државјанства. Треба да ја спроведуваат српската и руската агенда и да се чувствуваат како дома и овде и таму. За сите останати - мора да важи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter