Патината на времето привлекува туристи - Канал 5

Патината на времето привлекува туристи

Старата автентична архитектура што е зачувана во одредени маала низ градовите во Македонија ги измамува воздишките на странците кои ја посетуваат земјава. Во секое населено место приказната за градбите кои се своевидни архитектонски и ентериерни ремек дела е особена, а, сепак, со заедничка нишка: земја, камен, дрво и душата на сопственикот што во нив ја има соѕидано градителот. Виртуозно, креативно и уметнички. До тој степен вешто што забот на времето ги вбројува во ризницата непроценливо вредни бисери на македонското културно и историско наследство.

Патината на времето привлекува туристи

Велес е еден од македонските градови што може да е горд на своите сограѓани од минатото и на нивните семејни лози кои со куќите градени во денес типична велешка архитектура ставија печат на столетна уметничка патина на ридовите на двата брега по течението на Вардар кон југ.
Меѓу нив не се само родните спомен куќи на безвремениот поет Коста Солев Рацин, на првиот социјалист Васил Главинов, на преродбеникот и учител Јордан Хаџи Константинов-Џинот што се извишуваат високо над сокаците во месноста Којник, старото јадро на градот. Една од друга поубави и поспецифични. Тука се и домовите на старите велешки семејства еснафи и трговци Шукареви, Матови, Стојанови, Шоптрајанови, Ѓоргови, Апасиеви, комплексот Варналиите, односно трите куќи на Паунови, Прнарови и Тренчови.

Сите се уникатни градби градени во текот на 18 и 19 век, некои и во почетокот на 20 век, впечатливи репрезенти на традиционални архитектонски решенија со едни нови стандарди за домување и работење во домашни услови. Со еден збор авангардни за тоа време.

Специфичен релјеф, статусна градба

Колку видиците од патувањата на велешките еснафи и трговци со карваните низ европските метрополи и специфичната ридско-карпеста релјефна поставеност на Велес го условиле новиот тип на градба што ќе ги постави темелите на традиционалната градска и сакрална архитектура, тешко е да се раздвои. Нема да згрешиме дека и двете имале свој удел, се разбира заедно или можеби пресудно со статусната позиција која што ја имало семејството на таквиот дом. И токму затоа, како што велат познавачите, овие куќи се своевидна историска читанка за духот на времето во кое биле изградени.

Воедно, старите куќи се приказ и на квалитетот на просторното и декоративно обликување со примена на локалните природни градежни материјали во изградбата на стрмниот терен и камената подлога на кои во старото градско јадро се подигала велешката традиционална куќа и на функционалноста и потребите на сопствениците.

Сите се со испуштени стреи, фреско декорации на венците, специфична опшивка на прозорците и вратите и со триаголно прекршување на покривниот венец. Имаат по два влеза, од долната улица се влегува во приземјето, додека од горната се влегува на катот. Обично се со високо приземје и со еден до два ката. Катот е еркерно и асиметрично исфрлен на поширока основа од приземјето, со скриени и малтерисани косници. Поради немање многу простор и тесните улици, куќите се граделе во висина, а за да ја фатат светлината, се правеле многу прозорци.

Таваните се украсени со розети од дрво, поимотните нарачувале длаборез, со сликани делови, со арабески односно украс со орнаментика, што е чисто македонска креација. Покривите ги држеле греди од одлежани дебели дабови дрва, толку добро термички обработени што речиси во ниту една од куќите нема појава на црви или тафтабити кои го напаѓаат дрвото. Ѕидовите се со долапи – мусандри за покуќнина и облека, а по подовите имало миндерлаци за седење. Секоја од куќите имала чардаци од кои отворениот чардак бил обично свртен кон дворот, а просториите за домување кон улицата.

Градските куќи од тоа време во вертикала биле поделени на три дела: подрумски простор, сутерен и кат. Огништето било во централниот дел од домот, како што било некогаш, во пракуќите во нашата историја. Огништето било центарот на животот, сè се вртело околу него. Било наменето да го загрева габаритниот простор, но и место каде што се собирало семејството.

Куќата што лебди



„Каменот има девет лица и дамари свои, само треба да му ги откриеш. И тоа е мајсторијата на каменот“, е изреката на старите мајстори кои граделе со камен. За куќите изградени со обработен камен велат дека немаат душа, затоа што каменот ја загубил неа. Само откинатиот или извадениот од каменоломот има своја патина и своја душа, свој облик и пастелна текстура, него го обликувало времето, па е блиско до природата и топло во чувството. Ете таквиот изѕидан камен, велат градителите, го застанува здивот, како што е застанато или подобро речено со него заробено времето.


Токму вакво здание во Велес е „куќата што лебди“ или куќата на семејството Касапови по презимето на нејзините поранешни сопственици во стариот дел на градот која е наречена така затоа што е изградена на карпа, без темели. Речиси два века е еден од најубавите споменици на велешката староградска архитектура, нејзин препознатлив белег. Се гледа од повеќе страни во Велес, од Долни дуќани, од спротивната страна од местото Црна џамија, од стариот мост или од дворот на црквата „Свети великомаченик Пантелејмон“, но и од малата црква „Света Недела“.

Во неа деновиве се одржува традиционалната Ликовна колонија “Папрадишки мајстори 2015“ на која учествуваат 23 уметници од Полска, Русија, Словенија, Црна Гора, Србија, Бугарија, Унгарија и Македонија. Приказната за неа меѓу своите и сограѓаните секоја година ја пренесуваат и уметниците.

Како што е познато, куќата на Касапови е изградена изградена кон крајот на 19 век, меѓу 1835 и 1840 година. во пишан документ за првпат го забележал словенечкиот архитект, педагог и публицист Душан Габријан. На своите патувања низ Македонија од 1946 до 1950 година тој, заедно со група студенти, ја проучил, скицирал и фотографирал куќата. Професорот Габријан, всушност, ѝ го дал и името на куќата кога под нејзината фотографија запишал „Куќата што лебди”. И ова име е раширено меѓу велешани.

Експонирана е на голема карпа со мало дворно место со приземје и кат коишто биле групирани во форма на Г, со северна и источна ориентација. Ентериерната обработка на просториите била натпросечна, што се должело на материјалната можност на сопственикот. Сите простории биле опремени со вградена покуќнина, раскошно обработени тавани и пластично декорирани врати.

Како што кажува и самото име, семејството било од еснафот касапи. Па, од левата страна, по влезот имало покриена штала каде што се чувала стоката што е купувана за колење. Најмногу работа имало во октомври, кога се подготвувала пастрма и се носеле кози и овци. Долу во приземјето има голема студена соба, која е обложена со два три прста дабово дрво. Во неа имало каци каде што се чувала пастрмата.


Според кажувањата на еден од потомците, Петар Перков, куќата била градена без нацрт, исклучиво по замисла на дедо му Диме, со ист материјал – од камен, како и црквата Свети Пантелејмон, која е во непосредна близина во месноста Долни Дуќани, во 1846-та година. Мајсторите што ја граделе биле од Мелница. Двете се покрени со исти камени плочи кои се донесени од село Попадија, тоа е кај село Извор а ги носеле на биволски две тркалски кола, оти биле многу тешки.Куриозитет, според кажувањето на внукот било што како материјал за куќата биле употребени дури 5 илјади оки црно вино, кое стопанот таа есен не го продал, а не сакал од старата куќа да го пренесува во новоизградената во која дел од просторот бил наменет и за чување стока и за нејзино колење и скаладирање.

Кети Мицковска

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија

Во текот на вчерашниот ден, претседателот Мицкоски го матираше Венко Филипче.

Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија

Вистината излезе на виделина околу случајот со Алта банка, односно претседателот Мицкоски јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записник од 194 седница на владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата бил Димитар Ковачевски и на самата седница на владата се отворила темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии, Фатмир Бесими, излегува со информација во која бара од Владата да му се одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија.

Значи, уште во 2023 година владата на СДС и на ДУИ на владина седница му дале насока на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура.

Денес, ќе ми дозволите да разобличиме уште една лага, а таа е за наводите на Венко Филипче и СДС дека Алта банка и нејзиниот сопственик имале некаква забрана за работа во ЕУ.

Се што кажа СДС за Алта банка е лага.

Не само што Алта банка не била санкционирана од ЕЦБ, туку напротив до самиот чин на нејзино затворање таа имала удел во банка во ЕУ.

Токму ова е извадок од официјалната страна на Адико банка од Виена, од кое се гледа дека токму Алта банка поседува 9,63% од акциите на Адико банка.

Патем, овој удел Алта банка го поседува и ден денес и се уште е во сопственост на Алта банка Србија.

Алта банка влегува во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ.

Осум месеци, откако Алта банка влегла во Македонија, матичната банка од Србија склучува договор со Рајфајзен банка од Виена, која е една од најголемите и најпознатите банки во ЕУ.

Алта банка и Рајфајзен банка прават договор дека по преземањето на Адико банка, од страна на Рајфајзен банка истата ќе и ги продаде филијалите на Адико односно на Алта банка во БиХ, Србија и Црна Гора.

Еве токму ова е извадoк од нивната веб страница односно од соопштение, а е напишано врз база на одлука на бордот на директори на банката, во кое јасно се гледа, стои во соопштението, Рајфајзен банка на две страни.

Оваа одлука е активна се до згаснувањето на Алта банка во Србија, по што истите донесуваат нова одлука по згаснувањето, дека трансакцијата којашто требале да ја направат со Алта банка ја откажуваат, а тоа е токму ова соопштение коешто го изнесуваат, дека Рајфајзен банка ја прекинува соработката со Алта банка.

Почитувани граѓани,

Со ова, директно се докажува дека македонскиот регулатор и институции, немале апсолутно никаква можност да забранат Алта банка да влезе во Македонија, затоа што истата не само што не била забранета во ЕУ, туку била дел од сопственичките структури на банка на токму ЕУ.

Ова се многу сериозни докази, кои водат до заклучок дека СДС и Венко Филипче како нејзин претседател, свесно манипулира и креира хистерија со цел да направи потрес на финансискиот пазар, што патем не им успеа, но не ги пере од одговорност.

Ова се доволно силни основи ЈО да истражи и поведе постапка против Венко Филипче.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Кралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет.

Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина.

Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини.

Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Пред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. 

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“.

„Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан.

Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации.

„Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“.

Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите.

Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер