Патиките на Мајкл Џордан ќе достигнат рекордна цена на аукцијата на Сотби - Канал 5

Патиките на Мајкл Џордан ќе достигнат рекордна цена на аукцијата на Сотби

Пар патики што Мајкл Џордан, колку што е познато, први ги носел како професионален кошаркар во НБА лигата, се ставени на аукција од аукциската куќа Сотбис.

Патиките на Мајкл Џордан ќе достигнат рекордна цена на аукцијата на Сотби

Тој црвено-бел пар патики Nike Air Ships се очекува да стане најскапата обувка досега продадена.

„Сотби“ очекува патиките да се продаваат за сума што ќе се движи помеѓу милион и милион и пол американски долари.

Предметите во сопственост на Мајкл Џордан се најпосакувани меѓу колекционерите, потврди Сотби, со потсетување дека тековниот рекорд меѓу таквите предмети го држи уште еден пар патики Џордан.

Во август 2020 година, патиките Nike Air Jordan 1 High, кои ги носеше, за многумина најдобриот кошаркар на сите времиња, на натпревар во 1985 година, продадени се за 615.000 долари.

Оние што сега се на аукција, Џордан ги носел на 1 ноември 1984 година, во неговиот петти НБА натпревар, кога Чикаго Булс играше против Денвер Нагетс. По натпреварот, Џордан му ги подарил на момчето кое помогнало да се соберат топките на теренот.

Аукцијата ќе се одржи на 24 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд

На маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Њујорк оствари средба министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд.

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд

Во годината кога се одбележуваат 30 години дипломатски односи, соговорниците ја потврдија цврстата основа на македонско-канадското партнерство и заедничкиот интерес за негово натамошно продлабочување.

Беше истакнато и значењето на бројната македонска заедница во Канада, која претставува важен мост и дополнителна вредност во односите меѓу двете земји.

На средбата стана збор и за унапредување на политичката и економската соработка, со посебен фокус на можностите за зголемување и диверзификација на трговската размена.

Двајцата министри ја потврдија блиската соработка и меѓусебната поддршка во рамките на мултилатералните организации, особено во Обединетите нации и НАТО, како и заедничката посветеност на стабилноста и меѓународната безбедност, соопштуваат од МНРиНТ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце

Спречен обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.

Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце

Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни средства во вкупен износ од 65.000 евра. При понатамошниот преглед во ранец кој се наоѓал на задното седиште била пронајдена мала црна торбичка која била покриена со компјутер во која имало 37.650 евра. Во куфер кој исто така се наоѓал на задното седиште, помеѓу гардеробата била пронајдена уште една црна торбичка со 97.350 евра.

Од вкупно пронајдените непријавени парични средства во износ од 200.000 евра на патникот му се вратени 10.000 евра согласно Законот за девизно работење, додека останатите 190.000 евра се задржани со Потврда за задржани средства.

Против сторителот е поднесена соодветна прекршочна пријава, соопшти Царинската управа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Осум лица под истрага

Осум лица се осомничени за шверц на цигари и нелегална трговија со лекови по вчерашната акција на полицијата и ОЈО ГОКК. Меѓу нив има и царински службеник но двајца се во бегство.

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Осум лица под истрага

Од 2024 до 2026 година, првоосомничениот криумчарел непријавени цигари, избегнувајќи царинска контрола. Според ОЈО ГОКК, во тоа му помагал и царински службеник, кој го информирал за смените и засилените контроли, овозможувајќи непречено пренесување на цигарите. На товар им се ставаат повеќе кривични дела како криумчарење, избегнување на плаќање акциза, давање и примање поткуп. Дел од истрагата се однесува и на нелегална трговија со лекови и други производи.

-Првоосомничениот и третоосомничениот се осомничени дека неовластено увезувале, складирале и нуделе на продажба лекови, како и производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата. При претресите биле пронајдени поголеми количини препарати наменети за третман на дијабетес, срцеви и кардиоваскуларни заболувања. Како и антибиотици, кортикостероиди, хормонски препарати, инсулини, антикоагуланси и бензодиазепини. Пронајдени се и други производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата во форма на таблети, гелови, пасти, мед и чоколади.- ОЈО ГОКК

Акцијата произлегла од анализата на мобилниот телефон на првоосомничениот, одземен при претрес во јануари, кога во неговиот дом биле пронајдени цигари и поголема сума пари во различни валути. Сега му се става на товар и перење пари. При вчерашните претреси кај првоосомничениот се пронајдени над 86 илјади евра и 16 златни плочки, скриени во сефови во неговиот дом, а во возилото биле пронајдени уште околу 7 илјади евра.

-Со преземените дејствија е причинета штета на Буџетот на државата по основ на избегнати царински давачки, акциза и данок на додадена вредност во значителен износ. Истовремено, со неовластеното пуштање во промет на лекови и други средства за лекување без потребните одобренија, упатства и лекарски рецепт, била создадена опасност по животот и здравјето на луѓето.- ОЈО ГОКК

За тројца осомничени обвинителството бара притвор, а за тројца други мерки мерки на претпазливост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер