Пасхално послание од Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан - Канал 5

Пасхално послание од Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан

Пасхално послание

Пасхално послание од Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан

† СТЕФАН,

ПО МИЛОСТА БОЖЈА,

АРХИЕПИСКОП

ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,

ЗАЕДНО СО

СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,

ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА

ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,

ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА

МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,

ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ –

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

„Денес секое создание се весели и се радува,

зашто Христос воскресна“.[1]

Возљубени празникољупци,

Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме Празникот над празниците – Велигден! Исполнети со веселие, коешто извира од серадосниот восклик „Христос воскресе!“, ја исповедаме целата суштина и смислата на нашата вера, која, како што вели апостолот, ќе беше празна ако Христос не воскреснеше.[2] По тагата од Неговите страдања на Голгота, еве, ја примаме спасителната благодат од Неговото воскресение и од љубовта со којашто нè исполнува Неговата порака: Радувајте се![3]

Оваа победа на Животот над смртта, овој разгорен оган кој го проголта гревот и оваа светлина која темнината на адот не може да ја опфати, не ни се дарувани само нам, кои сме крстени во името на воскреснатиот Господ – Koj e коренот на нашата вера, туку за целото човештво и за сиот свет.[4] Во оваа свештена велигденска радост, ние христијаните имаме голема одговорност бидејќи сме должни да ја сведочиме победоносната вест за Воскресението, за и другитe да ја чујат, видат и познаат, па да поверуваат и да влезат во радоста на Христа воскреснатиот. Па така и тие, заедно со нас и со сите созданија, да ги прослават радоста и правдата на Царството Божјо, кое, во воскреснатиот Спасител, не ќе има крај.

Возљубени чеда во Христа воскреснатиот,

Одново и одново се поздравуваме, воскликнувајќи: Христос воскресна! – Навистина воскресна! Ова е поздрав на животот кој Бог ни го подари, не само преку тајната на Неговото воскресение и преку победата над гревот и смртта, туку и преку радоста на овој настан, којашто ни ја дарува со неизмерливото смирение, со примерот на Своето снисходење, простување и пожртвуваност за секој човек и за секое создание. Со Неговото доброволно вкусување на смртта, пак, ни ја покажа Неговата неизмерна љубов, со која чинот на скончанието во овој свет стана врата низ која сите минуваме, за да преминеме и да влеземе во бесконечната радост на воскресението и животот во идниот век.

Возљубени во Господа,

Дојдете и видете[5] ја оваа живоносна велигденска радост во Христа Богочовекот, Кој доаѓа и ни се дава во Неговото славно и победоносно присуство. Тој доаѓа и ни се дарува во светите тајни и во молитвите, за и ние, растејќи во Него, да достигнеме воскресенска вера, та, пазејќи ги Неговите заповеди, да се удостоиме да влеземе во Неговата радост. Живеејќи таков живот, пак, можеме да го посведочиме она коешто повеќе од два милениума се потврдува: дека Христос е жив и дека и ние сме живи во Него. Затоа, Велигден е серадосно сретение со Оној во Кого нашето срце се успокојува.

Возљубени црквољупци и родољупци,

Нашиот богољубив народ отсекогаш живеел со воскресенската надеж. Маките и неправдите од овој свет секогаш ги поднесувал утешувајќи се со споменот за Велигден, а во победата Христова ја гледал Божјата правда на Царството небесно, кое ќе дојде во слава. Како христоносен народ, по сета македонска земја, секогаш сме ја љубеле воскресенската убава вера, која го прославува Велигден не само еднаш годишно, туку постојано – секоја недела. Повикот на псалмопејачот: Ова е денот што го создаде Господ; да се зарадуваме и да се развеселиме во него,[6] бил повик и за нашиот верен народ да се црквува и, во секојнеделното Воскресение, да празнува, примајќи Го Христа и поучувајќи се да живее богољубиво и човекољубиво.

И не само оние наши црквољубиви и родољубиви предци, за коишто имаме жив спомен од фреските, иконите и житијата, туку и оние за коишто дознаваме од песните и преданијата на нашиот македонски народ, ни се доказ дека нашите претходници од воскресенската вера не се откажувале ни по цена на страдања, бидејќи биле утврдени во вистината за Воскресението Христово. Нивниот крстоносен начин на живеење, исполнет со воскресенска радост во живиот Бог – нам, на нивното потомство – ни остана светол пример како се исповеда и како се брани темелот на православната вера – Христовото воскресение.

Возљубени чеда на Македонската Црква,

Ова лето Господово, во кое повторно преку благодатта Божја ни е даден вечноживиот дар за прославување на Велигден, ќе одбележиме и годишнини од нашето минато, кои, како во Татковината, така и насекаде до каде што нè има како народ, ќе ни овозможат повторно да го оживееме споменот за тие светли настани од нашата црковна и национална историја. Така, во оваа година се навршуваат 1140 години од враќањето во Македонија на светите Климент и Наум од Моравската мисија, со што се организирал црковно-литургискиот живот на Охридската Црква и се поставиле темелите на Охридската книжевна школа. Годинава се навршуваат и 1110 години од блаженото упокојување на свети Климент Охридски, патронот на нашата Света Црква, кој, во радоста на вечниот живот, е наш постојан молитвеник и закрилник. Се навршуваат и 150 години од Разловечкото востание, како и 80 години од донесувањето на првиот Устав на НР Македонија, со кој се потврди возобновената македонска државност. Еве, овие незаборавни настани, врежани во нашата црковно-национална самосвест, нека ни бидат поттик за да го чуваме споменот за нашите достојни претшественици, кои се вградиле во основата и во обновата на нашата Татковина Македонија и на нашата Македонска Црква. Но тие нека ни бидат и порака да ги сочуваме придобивките коишто ни ги оставиле, а потоа и да ги надградуваме, давајќи нови плодови.

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик:

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

† СТЕФАН,

АРХИЕПИСКОП

ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

заедно со членовите на Светиот архијерејски синод

на Македонската Православна Црква

– Охридска Архиепископија

† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски

† НАУМ, Митрополит Струмички

† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски

† ЈОВАН, Митрополит Крушевско-демирхисарски

† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски

† ПИМЕН, Митрополит Европски

† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички

† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски

† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски

† ГЕОРГИЈ, Митрополит Дебарско-кичевски

† НИКОЛА, Митрополит Австралиско-новозеландски

† ЈОАКИМ, Епископ Дељадровско-илинденски

† МАРКО, Епископ Делчевско-каменички

Велигден, 2026.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ со кој до рани утрински часови седеа на пијанки, а заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Падот почна од СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, па продолжи со Вучиќ.

Венко Филипче не може да избега од сопственото политичко минато и тоа нема да успее да го направи ни со 1000 прес-конференции.

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови.

Имено, Филипче, Заев, Вучиќ и соработниците имаат и заеднички омилен пејач, кој им пее на приватни журки.

Постојат видеа познати на јавноста, на кои јасно се гледа како Зоран Заев и Венко Филипче се веселат на журка во Дубаи додека им пее Харис Џиновиќ, а ги има и такви на кои, на приватна журка, исто така, со Џиновиќ се гледа Ана Брнабиќ заедно со други министри на Вучиќ.

Исто така, постои и видео од самиот Вучиќ, на кое се гледа како ужива во песните на Џиновиќ.

Така што, кога Филипче зборува против Вучиќ, граѓаните се присетуваат токму на сцените кога до рани зори седеа на пијанки, како со највисоки почести го пречекуваше на граница, за тоа како марихуаната, која во негов и период на власт со Заев цветаше, одеше за Србија.

Но, конекции и врските на СДС, Филипче и Заев со Вучиќ не завршуваа тука, туку се надоградуваа и понатаму, така што заедно со Заев за директор на ЕСМ поставија човек на Вучиќ, додека за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум, Башановиќ.

И ова не е се, нивната поврзаност е уште поголема и таа допрва ќе се открива.

Едноставно кажано, Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно исто. Прво паднаа СДС, кои сега е едвај трета партија, додека во Скопје петта, а во Куманово и последните избори во Брвеница четврта, заедно со Заев и Филипче, а по нив сега падна и Вучиќ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Примирје во украинскиот град Олешки заради достава на хуманитарна помош и евакуација

Во украинскиот град Олешки,кој е под руска окупација, започна примирје за хуманитарна помош.Прекинот на огнот треба да овозможи снабдување со залихи и евакуација на цивилите.

Примирје во украинскиот град Олешки заради достава на хуманитарна помош и евакуација

Примирјето беше најавено минатата недела од првата дама на САД, Меланија Трамп.

Руското министерство за одбрана соопшти дека престанало да пука кон Херсон.Украинскиот комесар за човекови права, потврди дека примирјето започнало.Тој нагласи дека украинската страна ги почитува преземените обврски.олешки беше заземен од руските сили во февруари 2022 година, на почетокот на инвазијата.пред војната, градот имал околу 24.000 жители.

Според украинските проценки, во градот и околината сè уште живеат околу 6.000 луѓе.меѓу нив има и околу 200 деца, кои се соочуваат со тешки хуманитарни услови.жителите имаат сериозен недостиг од храна и други основни потреби.белата куќа соопшти дека Меланија Трамп посредувала за примирјето со цел да им се помогне на цивилите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година

Израелските граѓани денеска гласаат на парламентарни избори, први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година

На изборите ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Анкетите покажуваат неизвесна трка меѓу блокот на Нетанјаху и опозицијата.опозицискиот блок Јашар го предводи поранешниот началник на генералштабот, Гади Ајзенкот.

Ниту еден од двата табора, според анкетите, нема сигурно мнозинство од 61 пратеничко место.Тоа би можело да доведе до долги преговори за формирање нова влада.

Изборите се одржуваат во услови на меѓународни критики за војната во Газа. Критики има и поради насилството и проширувањето на еврејските населби на западниот брег. Резултатите се следат и во странство, во време на зголемени тензии меѓу Израел и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер