3Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
ЗабаваПартнерот на Хали Бери ја побарал за жена- уште чека одговор (ФОТО)Актерката Хали Бери очигледно не брза да се омажи за своето момче Ван Хант, со кого е во врска пет години.Тој откри дека ѝ предложил брак, но дека веќе некое време чека одговор на важното прашање. 55-годишниот музички продуцент ѝ се придружи на Бери во емисијата „Денес со Џена и пријателите“ на 4 јуни и изјави: „Јас го поставив прашањето и сè уште е во тек, како што можете да видите“. Додаде: „Можеби би можеле да ја охрабрите да одговори“. View this post on Instagram A post shared by Halle Berry (@halleberry) Таа не брза бидејќи и двајцата веќе имаат бракови зад себе Но, Бери, која никогаш не се срамела да ги сподели своите приватни (дури и малку несоодветни) моменти со својот партнер, вели дека има добра причина за своето двоумење. „Па, јас бев во брак три пати, Ван беше во брак еднаш. Значи, не чувствуваме дека мора да се венчаме за да ја докажеме нашата љубов“. И покрај ова, таа откри дека сè уште планира да се омажи. „Мислам дека ќе се венчаме бидејќи, од сите мажи со кои сум била во брак, тој е оној со кого требаше да се омажам“, рече актерката. Кога ја прашаа кога би можело тоа да биде, таа беше криптична и само кратко рече: „Наскоро“. View this post on Instagram A post shared by Halle Berry (@halleberry) „Сакам да го запознаев порано“ Тие се во врска од септември 2020 година. Бери го откри идентитетот на Хант објавувајќи фотографија на која носи маица со неговото име на предната страна со натпис: „Сега знаеш...“ Во интервју за Мари Клер, Бери рече дека тоа бил прв пат да биде лудо заљубена пред да спијат заедно, опишувајќи ја нивната врска како „магична“. „Жалам што не го запознав порано за да можев да го сакам подолго. Се чувствувам исполнета. Среќна сум во мојот живот - заљубена, како мајка и како уметница“, изјави Бери за Women's Health во ноември 2021 година. Таа беше мажена три пати, тој има едно дете Добитничката на Оскар, сега 58-годишна, првпат се омажи за бејзбол играчот Дејвид Џастис во 1993 година и се разведе во 1997 година. После тоа, се омажи за Ерик Бенет во 2001 година, но се разделија по четири години. Истата година, таа почна да се забавува со француско-канадскиот модел Габриел Обри, со кого ја доби ќерката, Нала Ариела Обри, во 2008 година. Во 2012 година, таа ја потврди својата свршувачка со францускиот актер Оливие Мартинез, кого го запозна на снимањето на филмот „Темна плима“. Бери и Мартинез добија син, Масео-Робер, во 2013 година, но се разделија во 2015 година. Хант има син, Дрејк, од претходна врска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд пракса до вработување-кои се очекувањата на студентите а кои на компаниите? Како полесно до реализација на професионалната кариера?Од факултетските клупи до првото работно искуство. Студенти, дипломирани инженери и претставници на 18 компании денеска на едно место, во потрага по нови професионални можности. На Машинскиот факултет во Скопје започна дводневниот Саем за пракса и вработување, на кој младите имаат можност директно да разговараат со работодавците, да се информираат за слободните позиции и да го направат првиот чекор кон својата кариера. Дали лесно се наоѓа пракса или работа по завршувањето на студиите? Што очекуваат од компаниите? Покрај можностите за вработување, фокусот е ставен и на практичната работа, преку која младите можат стекнатото теоретско знаење да го применат во реална работна средина. Токму ваквата соработа меѓу факултетите и компаниите треба да им помогне на студентите полесно да преминат од образованието кон пазарот на трудот. -Целта е да се обезбеди лесно наоѓање на пракса, изработка на семинарски работи и дипломски работи во овие но и во други компании/ Интересот на вработување инженери е голем , ние сакаме со ваквите настани да овозможиме студентите својата пракса и вработување да ја дадат во домашни услови а не да ни избегаат во странство“. Од другата страна, за студентите ваквите саеми се можност одблиску да се запознаат со барањата на компаниите, но и да дознаат какви услови и можности за професионален развој им се нудат. -Од гледна точка на студентите ние сме навистина среќни што факултетите организираат саеми за пракса и вработување затоашто на нас студентите кога на факултет имаме задолжителби предмети и пракса навистина ни е потребно да дојдат компаниите, да ни се претстават и ние да можеме да си го пронајдеме нашиот кариерен пат, - Ана Шоповска заменик правобранител на Машински. Од факултетот најавуваат дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, но очекувањата и на студентите се овие првични средби да прераснат во конкретни можности за пракса но и вработување на младите инженери. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСистемот вакцинација.мк профункционира, Клековски вели вакцините пристигнале Проработе порталот „вакцинација.мк“ преку кој граѓаните електронски можат да се пријават за имунизација против грип. Министерот за здравство Сашо Клековски се извини поради техничките проблеми и појасни дека регистрација за вакцинација против сезонски грип на порталот кој е поврзан со националниот систем „Мој Термин“. Граѓаните по пријавувањето добиваа СМС-известување со датумот, часот и местото за вакцинација, а според здравствените власти први за вакцина ќе бидат најранливите групи. -Се завршуваат последните технички проблеми, знаете дека 18 месеци „мој термин“ нема договор за одржување. Се разрешуваат тие, ќе биде активна. Им се извинувам на граѓаните дека доцниме еден ден во однос на најавеното, меѓутоа, вакцините се пристигнати, а пријавувањето ќе започне час поскоро.... - Сашо Клековски – министер за здравство. Додека се чекаат првите 30.000 вакцини и физички да пристигнат до поликлиниките, од вакциналните пунктови велат дека граѓаните доаѓаат да прашаат и први да дознаат детали, бидејќи од година во година интересот за вакцината против грип расте. Дека интересот е на високо ниво потврдуваат и дел од граѓаните што ги пресретнавме пред болниците. Според здравствените власти вакцинацијата против грип глобално задоцнила поради доцното прецизирање на доминантните соеви на инфлуенца за сезонава, но уверуваат дека како и секоја година кај нас ќе почне на време, од 16-ти до 25 октомври. Засега има 30.000 вакцини, најавено е дека ќе пристигнат уште 26.000, а се прават напори за обезбедување на точно 80.000 вакцини што се очекува да бидат доволни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаЗападен Нил ја зема единаесетата жртва – почина 66 годишна жена од Росоман Западно нилската треска ја зема и единаесетта жртва. Почина 66 годишна жена од Росоман, која подолго време била хоспитализарана и имала и други заболуавња.Епидемијата со Западен Нил стивнува и веќе трете недела нема нови хоспитализирани пациенти, посочи директорот на инфективна Фадил Цана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00