Трамп и Рубио размислуваат за смена на амбасадорката на САД во Грција по низа извештаи за недолично однесување
1Трамп и Рубио размислуваат за смена на амбасадорката на САД во Грција по низа извештаи за недолично однесување
3СДСМ: Арамијата Мицкоски повторно зборува бајки за платите а не даде поддршка за минимална плата од 600 евра
Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
КошаркаПартизан и Макаби со гостински победи го отворија четвртфиналето во ЕвролигатаГостинските екипи беа поуспешни на првите натпреварите од четвртфиналните плејоф пресметки во кошаркарската Евролига одиграни синоќа.Партизан со тројката на Кевин Пантер во последната секунда го победи Реал со 89:87. Ова е историска, прва победа за „црно-белите“ на гостински терен кај „кралскиот клуб“. Предност од 1:0 има и Макаби. Израелскиот шампион со 79:67 славеше триумф на гостувањето кај Монако. Вторите натпревари во серијата прв до три победи, ќе се играат утре, исто така на теренот на Реал и на Монако. За вечер се закажани натпреварите: Барселона – Жалгирис и Олимпијакос – Фенербахче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп и Рубио размислуваат за смена на амбасадорката на САД во Грција по низа извештаи за недолично однесувањеПретседателот Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат да ја разрешат американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по низата извештаи за несоодветно и можно незаконско однесување .Претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат да ја разрешат американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по низата извештаи за несоодветно и можно незаконско однесување пред и за време на нејзиниот мандат во Атина. Висок американски функционер изјави дека Трамп и Рубио биле многу лути поради наводите за однесувањето на Гилфојл и дека веројатно оваа недела ќе одлучат какви чекори ќе преземат. Во серија написи, „Вол стрит џурнал“ извести за проблематичното однесување на Гилфојл, што вклучувло наводна закана кон грчки функционер, прифаќање несоодветни подароци и услуги и понуда да го искористи своето влијание во администрацијата во замена за плаќање висока сметка од кредитна картичка. Гилфојл не се осврна директно на извештаите, но нејзините адвокати негираа дека таа сторила нешто недозволено и тврдеа дека парите што ги побарала од донатор на Трамп претставувале исплата за ангажмани кои претходно не ѝ биле платени. Друг американски функционер изјави дека генералниот инспектор на Стејт департментот ги истражува наводите, кои првпат се појавија во „Вол стрит џурнал“ кон крајот на минатиот месец и оттогаш се намножија. Додека Рубио беше во Атина минатата недела, „Вол стрит џурнал“ објави дека Гилфојл побарала од донатор и поддржувач на Трамп да плати сметка од кредитна картичка од 100.000 долари, ветувајќи му пристап до претставници на американската влада. Самото назначување на Гилфојл за амбасадорка беше проследено со контроверзи, бидејќи таа е поранешна свршеница на синот на Трамп, Доналд Јуниор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд утре парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезонаДва дена пред официјалниот почеток на грејната сезона, односно утре, корисниците приклучени на системите за греење со кои управува ЕСМ, ќе добијат парно греење. Причината, велат од ЕСМ, е најавената средна надворешна температура од 12 целзиусови степени, со што се исполнуваат условите за испорака на топлинска енергија. - Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за 13 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 12 °c, со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на РКЕ. До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации за тоа дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден – информира денеска АД ЕСМ. Оттаму посочуваат дека според правилата, во месец октомври и првата половина од ноември, кога временските услови често се менуваат, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот и атмосферските услови во различни периоди од денот, односно кога температурите се пониски, испораката на топлинска енергија се зголемува, а кога се повисоки, се намалува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски повторно зборува бајки за платите а не даде поддршка за минимална плата од 600 евра Нова бројка. Нова бајка на арамијата Мицкоски. Најавува 1.000 евра плата. Во Собрание не прифаќа 600 евра минимална плата ама надвор сака да раскажува бајки. Додека работниците едвај врзвуваат крај со крај има ново прзно ветување ама нема решение. Просечната плата не се зголемува со говор. Животниот стандард не се подобрува со бајки. На работникот му треба повисока плата на сметка денеска. Му требаат пари за храна, за сметки, за своите деца. СДСМ поднесе предлог за минимална плата од 600 евра. ВМРО-ОКГ не го поддржа. Руската Левица не беше во салата. ЗНАМ не даде глас. Кога требаше да се застане зад работникот, поддршката изостана од Мицкоски, ВМРО, и нивните сателити како ЗНАМ и Левица. Толку од бајките на Мицкоски и неговите сателити на далечинско. Граѓаните живеат тешко. Работниците едвај го поминуваат месецот. Две минимални плати не ја покриваат ниту скратената владината кошница. Синдикалната кошничка со кирија надминува 90.000 денари. Храната е прескапа. Горивата до плафон. Платите не стигнуваат ниту до средина на месецот. Ребалансот е потврда за целиот дебакл на економските политики на Мицкоски. Втор ребаланс за само две месеци како признание за промашувањата. Нема пари за плати, нема за пензии, нема за работниците, дупката е 900 милиони евра, за пензиите фалат 1 милијарда евра. Целосен дебакл. Затоа се трупаат нов и долгови врз грбот на народот. За само 2 години Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра. Не за поголеми плати и пензии, туку за криминални тендери. На бајките на арамијата нема крај. Сметката ја плаќа народот. Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Скопје, 12.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00