За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
2За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
МакедонијаПартиските карвани активни – се ветуваат многу проекти за граѓаните и општинитеКандидатите за градоначалник на „метрополата“ го финализираат претставувањето на програмата во обид да го придобијат гласот на скопјани.Субвенции и финансиска помош за највозрасните граѓани, како и подобрено домување и можности за активен живот, најави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Фокус вели ќе бидат и лицата со попреченост на кои ќе се стори се да им се овозможи соодветен живот во Скопје, од финансиски до инфраструктурен. -Со проектот 2500 денари за пензионерите со најниски примања ќе обезбедиме финансиска поддршка за оние кои живеат со најмалку средства. Оваа мерка која веќе ја воведов во К. Вода, ќе ја прошириме во целиот град како јасна порака дека Скопје не ги заборава своите највозрасни граѓани. Позитивните практики од мерките во К. Вода, како што се итно копче, транспорт на стари лица како и нега на возрасни лица во нивниот дом ќе бидат применети и во ниво на целиот град,- Орце Ѓорѓиевски – Кандидат за градоначалник на Скопје – ВМРО-ДПМНЕ. Скопје изгледа запуштено, нечисто и хаотично, вели кандидатката на СДСМ – Каја Шукова, според која претпријатијата се заробени од партиски интереси, долгови и неспособни кадри. Приоритет вели дека ќе и биде реформа на јавните претпријатија. -ЈСП се модернизира со нови еко автобуси, електронски систем за наплата и брз автобуски транзит, за да се воспостави јавен превоз што функционира. Комунална хигиена се ревитализира со современ центар за селекција и рециклажа, редовоно собирање отпад и конечно решавање на вардариште. Во паркови и зеленило се отвора нова ера, 10.000 дрва и 15 нови паркови за 15 месеци,- Каја Шукова – Кандидат за градоначалник на Скопје – СДСМ. На местото на децениски запуштената касарна во Бардовци, кандидатот на „Искуство за Успех“- Александар Трајановски најавува голем ЕКСПО центар кој вели дека би го издигнал Скопје на регионалната и европска бизнис мапа. -Ја предлагаме за новиот скопски ЕКСПО центар или новото скопско сајмиште, каде што според неговата стратешка положба која во нејзина близина се наоѓа скопска обиколница е лесна за пристап на сите капацитети кои би доаѓале овде да ги изложуват на настаните своите производи и продукти, како и индустриската зона визбегово, така што ова би добило една целина,- Александар Трајановски – Кандидат за градоначалник на Скопје – „Искуство за Успех“. Наместо да се рушат старите индустриски капацитети и нивно место да се градат колосални згради, да ги зачуваме и обновиме за развивање на алтернативната културна сцена и креативната индустрија, посочи независниот кандидат – професорот Горан Марковски од пред магацините на некогашна „Славија“ во Кисела Вода. -Да го сочуваме и искористиме како градителско наследство кое може да добие поинаква функција. Наместо да ги уриваме и преку нив да градиме колосални станбени објекти, да ги пренамениме во простор за алтернативна културна сцена, креативна индустрија и функции наменети за младите, а на тој начин ќе зачуваме и што повеќе зелени површини за градот,- Горан Марковски Кандидат за градоначалник на Скопје – „Независни заедно“. Инаку, остануваат само уште 4 дена од кампањата по што граѓаните во изборниот молк ќе треба да одлучат дали и на кому в недела ќе го дадат гласот на локалните избори.. Тагови: локални избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗа шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачитеЗа сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци. Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност. Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци. Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид. За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.Тагови: прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook