О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
2О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
3Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите
МакедонијаПартиски реакции по проширувањето на истрагата за трагедијата во Кочани Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, се претвори во фарса. Вака од СДСМ го оценија проширувањето на истрагата за трагедијата во Кочани, која викендов доведе до нови приведувања и осомничени. Од СДСМ прашуваат зошто никој од актуелните полициски раководители не е предмет на истрага и зошто се гонат функционери кои тогаш воопшто не биле надлежни. Оттаму посочуваат дека дозволата за пиротехника, што е директна причина за пожарот, е под МВР и сметаат дека пропустите и превенцијата се целосно кај министерството и актуелното раководство од кое, како што велат, нема ниту еден осомничен. -Вечерта на трагедијата, постоеле дежурни началници во ОВР Кочани, СВР Штип и БЈБ. Тие имале директна надлежност. Имало полицајци на лице место – виделе сè: малолетници, пиротехника, хаос и премолчеле, не презеле ништо иако знаеле и за настанот и за тоа што се случувало таму. Трагедија е што денес никој од нив не е ни осомничен за настанот. Ова е селективна правда на ВМРО-ДПМНЕ во која Тошковски ги штити своите и оние кои тој ги поставил на функциите, се вели во писмената реакција од СДСМ. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски смета дека МВР не е амнестирано од одговорност за трагедијата во Кочани и затоа, според него, во моментов е поднесена кривична пријава за 7 полициски службеници, а можно е листата да се прошири со секој еден за кој ќе се најде одговорност за трагедијата, вклучително и за актуелните функционери. - Амнезија имаше во минатото, кога за несреќи каде што загинаа 75 луѓе, МВР не поднесе ниту една кривична пријава против ниту едно осомничено лице. Амнестија тогаш имаше. Сега амнестија не можам да се согласам дека има. Зошто? –МВР има во континуитет поднесено 3 ако не и 4 кривични пријави и се постапува моментално по над 50 осомничени. Досега се поднесени, односно е поднесена кривична пријава против 7 полициски службеници. До сега, заклучно до вчера. Можеби во текот на наредниот период ќе имаме и други полициски службеници којшто ќе бидат предмет на отпочнување на истрага, изјави Тошковски. Левица, пак, утрово поднесе интерпелација за министерот Тошковски, за, како што велат, грубо занемарување и несоодветно вршење на функцијата. Од партијата укажуваат на сериозни институционални пропусти, селективна правда и прикривање на лица кои требало да дејствуваат. Реакција за проширената истрага за Кочани стигна и од ДУИ од каде обвинија дека истрагата за трагедијата е селективна, еднострана и таргетирана кон албанскиот народ. -Во однос на оние обвинувања којшто СДСМ, ДУИ и сега додадени на нив и Левица ги шират во јавноста и манипулациите кои се обидуваат да ги продадат на македонскиот народ, добро е оние којшто 20 години ја уништуваа својата држава на нив ќе се дозалепат овие којшто клинец немаат заковано во животот, добро е македонските граѓани да ги видат од една страна, тогаш знаете дека кога сте од другата страна сте на правилната страна, изјави Тошковски. Државниот јавен обвинител Коцевски вчера ги отфрли партиските прозивки за селективна правда. И тој како и Тошковски уверува дека истрагата се води неселективно и темелно и дека ќе одговара секој еден за кој ќе се утврди било каква поврзаност и непостапување за несреќата во Кочани. Тагови: кочани Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРекордни цени на горивото во САД за Денот на благодарностаАмериканците кои патуваат за утрешната прослава на Денот на благодарноста ќе се соочат не само со лоши временски прогнози, туку и со високи цени на горивото – последица од војната во Иран.Проценките на „GasBuddy“ покажуваат дека во текот на петдневниот празничен период, кој завршува во недела, возачите ќе потрошат приближно 980 милиони долари повеќе за гориво отколку минатата година. Како резултат на тоа, овогодинешниот Ден на благодарноста би можел да го надмине рекордот поставен за време на администрацијата на Бајден, станувајќи најскапиот во историјата во однос на трошоците за гориво, пренесува Си-Ен-Ен. Значително повисоки цени на горивото Во вторникот, националната просечна цена за галон обичен бензин изнесуваше 3,62 долари. Ова е значително повисоко од 3,03 долари, колку што беше забележано минатата година, и малку го надминува претходниот рекорд од 3,59 долари, поставен пред четири години по руската инвазија врз Украина. Сепак, има и добри вести: цените на горивото нагло паднаа во последните недели. Анализата на податоците од ААА, спроведена од Си-Ен-Ен, покажува дека просечната цена на бензинот паднала за 56 центи во текот на првите 24 дена од ноември – што претставува најголем пад некогаш забележан за овој период. „Никој сè уште не треба да отвора шампањ“, изјави Патрик Де Хан, раководител за анализа на нафтениот пазар во „GasBuddy“. „Во секоја поединечна сојузна држава, луѓето сè уште трошат повеќе за гориво отколку минатата година – дури и во државите што привремено ги укинаа даноците на горивото.“ Овие невообичаено високи цени можеби ќе одвратат дел од Американците од патување. „ААА“ предвидува дека 72,9 милиони луѓе ќе патуваат со автомобил, што претставува благ пад во споредба со 73,1 милион луѓе минатата година. Во соопштение, „ААА“ објаснува дека овој пад од 200.000 патници делумно се должи на рекордно високите цени на горивото, при што се напоменува дека во текот на август, септември и октомври на бензинските пумпи биле забележани нови месечни рекорди. It’s that time of year: There’s heavy traffic on the 405 Freeway as Southern Californians head to their Thanksgiving destinations. https://t.co/mGWekhVHle — ABC7 Eyewitness News (@ABC7) November 25, 2026 Неодамнешен пад Иако цените остануваат блиску до историски највисоките нивоа, Белата куќа го истакнува неодамнешниот пад како свој успех. „Токму како што предвиде претседателот Доналд Џ. Трамп, цените на горивата паѓаат, а американските семејства добиваат олеснување токму навреме за Денот на благодарноста“, соопшти Белата куќа во вторникот. Ситуацијата навистина е подобра отколку што беше пред неколку месеци. Според проценките на „GasBuddy“, Американците заштедуваат 1,3 милијарди долари на гориво во споредба со минатиот месец. Постојат неколку клучни причини за овој пад. Цените на нафтата паднаа бидејќи конфликтот поврзан со Иран не ескалираше до степенот од кој се стравуваше. Оперативните проблеми во рафинериите, кои се појавија оваа есен, се главно решени, а побарувачката за бензин бележи сезонски пад како што деновите стануваат пократки. Факторот Иран И покрај падот, цените на горивата остануваат многу високи за овој период од годината. Според проценките на Универзитетот „Браун“, Американците потрошиле дополнителни 165 милијарди долари на бензин и дизел откако кон крајот на февруари започна конфликтот поврзан со Иран – што изнесува речиси 1.300 долари по домаќинство. Главната непозната за понатамошниот развој на ситуацијата останува конфликтот во Иран. Трговците со енергенси очекуваа продолжување на отворените конфликти по изборите на средината на мандатот, но тоа досега не се случи. Сепак, „JPMorgan Chase“ во вторникот ги информираше своите клиенти дека воената ескалација е најголемиот ризик на кој треба да се внимава по изборите. Оваа банка од Волстрит предупредува дека ескалација би можела да се случи уште следниот месец, што би предизвикало остар скок на цените на нафтата. Од „JPMorgan“ проценуваат дека овој скок веројатно би бил од краткотраен карактер, но само под услов ескалацијата да не трае долго и во неа да не бидат вклучени копнени сили. Извор: Индекс.хрТагови: Бензин САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Џуд Белингем по сензационалниот погодок против ПСВ: „Ова е најдобриот гол во мојот живот“Љубителите на фудбалот синоќа на дуелот од 5 коло во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСВ видоа гол каков што ретко се гледа и постигнува на терените низ светот. Асот на европскиот великан, Реал Мадрид, Џуд Белингем, ги воодушеви навивачите со спектакуларен гол против ПСВ, со што ја потврди својата врвна форма. Англичанецот уште еднаш покажа дека е врвен играч. Во победата на неговиот тим од 5:1 против ПСВ, тој беше стрелец на вториот гол – еден од најубавите во неговата кариера, со кој му донесе водство на „кралскиот клуб“ во петтото коло од Лигата на шампионите. Џуд Белингем повторно покажа каков потег може да изведе за само неколку секунди. Играчот на Реал Мадрид се најде на вистинското место во вистинско време, а потоа следеше вистинска мајсторија. Топката стигна до него на околу дваесет метри од голот на противникот. Белингем прво ја смири со левата нога, ја префрли на другата, потоа ја крена во воздух и без двоумење шутираше на неочекуван начин – на момент изгледаше како да шутира со врвот на копачката, но всушност го направи тоа со горниот дел од стапалото, малку кон внатрешната страна. Jude Bellingham 🤯 what a goal 🔥🪄 https://t.co/5QGTsdnTCc — 🧱 (@Ah_3ig) November 24, 2026 По натпреварот, Белингем јасно стави до знаење каде го вбројува овој погодок, изјавувајќи: „Мислам дека ова е најдобриот гол во мојот живот“, рече гордо Белингем и додаде: „Обично моите голови се многу поблиску до голот, нели?“, се пошегува играчот на Реал.Тагови: Белингем Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба ИлинденОпштина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за развој на локалната економија. Во рамки на овие активности, заврши асфалтирањето на индустриската улица „Н10“, која се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден, во должина од над 300 метри со коловоз широк 6 метри и тротоар. „Со асфалтирањето на улицата „Н10“ значително се подобрува инфраструктурната поврзаност во економската зона, што е од особено значење за стопанските субјекти кои функционираат на ова подрачје. Новата улица ќе овозможи полесен пристап до деловните објекти, поефикасно одвивање на транспортот и подобри услови за секојдневно работење.“ – истакна градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во асфалтирањето. Реализацијата на овој проект претставува уште една инвестиција во унапредувањето на локалната патна инфраструктура и создавањето услови за понатамошен развој на локалната економија. Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во модерна и функционална инфраструктура, во насока на подобрување на условите за работа и развој на стопанството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00